Зошто станови во Скопје, платете им апартмани на Марс

Едната дупка, онаа што голташе илјадници евра само за превоз, не ја затворија, а отворија нова, која, по сѐ изгледа, ќе голта многу повеќе од 500 евра по пратеник месечно. И како сега да му се објасни на граѓанинот на држава во која просечна месечна плата не е ниту 400 евра дека за сместување пратеник се потребни 500 евра, додека другите треба и да се сместат и да преживеат со значително помал износ. Но настрана бројките. Времето ќе покаже колку сегашните калкулации се издржани и издржливи. И за кого. Така е кога самите си ги утврдуваат правилата и кога никој во Министерството за финансии, на пример, не се осмелува да им направи пресметка

И наместо конечно да се расчистуваат, сѐ подлабоко навлегуваат во зоната на самракот сите дилеми за оправданоста на трошењето на народните пари за потребите на државните функционери, пред сѐ на пратениците, кои дури и на оваа предреферендумска жештина успеаја да седнат и заеднички, со ладни глави, да осмислат нова стратегија за извлекување пари од буџетот со не баш убедливо објаснување дека сакаат да ги запрат злоупотребите на правото на надоместокот за патните трошоци од страна на „некои“ нивни колеги.

Имено, собраниската комисија за прашања на избори и именувања пред некој ден, онака претпразнично и предреферендумски, усвои нов начин на покривање на трошоците на пратениците. Со тоа, како што е најавено, веќе од први септември пратениците од внатрешноста на државата што не поседуваат живеалиште во Скопје ќе можат да одберат дали ќе патуваат секој ден на работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за патарина и за гориво во висина од 20 отсто, наместо досегашните 30 отсто, или ќе закупат стан за кој Собранието ќе издвои средства од најмногу 400 евра за кирија и уште сто за комуналиите, а трошоците за гориво ќе им бидат покриени, замислете, само за викенди.

Едната дупка, онаа што голташе илјадници евра само за превоз, не ја затворија, а отворија нова, која, по сѐ изгледа, ќе голта многу повеќе од 500 евра по пратеник месечно. И како сега да му се објасни на граѓанинот на држава во која просечна месечна плата не е ниту 400 евра дека само за сместување пратеник се потребни 500 евра, додека другите треба и да се сместат и да преживеат со значително помал износ.

Но настрана бројките. Времето ќе покаже колку сегашните калкулации се издржани и издржливи. И за кого. Така е кога самите си ги утврдуваат правилата и кога никој во Министерството за финансии, на пример, не се осмелува да им направи пресметка.
Она што сега е битно да се постави како прашање е дали тоа конечно ќе ги засити пратеничките апетити и ќе ги оспособи барем за коректно вршење на нивната функција или ќе ги втурне во уште подлабок сон, од кој може да ги разбуди само некоја од личните потреби или партиска директива.

Само во таквите случаи, како што се покажа, се подготвени да одговорат на предизвиците. За сите други прашања се неподготвени, дезориентирани како да паднале од Марс. Освен за она што им се дава како задолжително четиво од партиските централи, тие не се информирани ниту за проблемите од локалните средини од кои се избрани ниту за тие на државно ниво. Уште помалку за она што се случува во поблиското или во подалечното опкружување и, генерално, на планетава. Во спротивно, освен за партиски пропагандни теми и за навреди и кавги со политичките противници, јавноста, барем повремено, би можела да слушне како некој од пратениците, на пример, лоцирал одреден проблем во средината од која е избран или системска аномалија, го образложил и предложил решение.

Освен за партиски пропагандни теми и за навреди и кавги со политичките противници, јавноста, барем повремено, би можела да слушне како некој од пратениците, на пример, лоцирал одреден проблем во средината од која е избран или системска аномалија, го образложил и предложил решение. Или како аргументирано се спротивставил на некој владин предлог или мерка за да го заштити општиот интерес. Или како отстапил од некој партиски став и јавно го изнел своето издвоено мислење… Накратко, народните избраници додека ги трошат народните пари, би требало, барем понекогаш, да ги изразуваат и интересите на народот. Како и во која мера, тешко е да се каже, бидејќи, за разлика од голем број демократски земји, во кои точно се знае колку еден пратеник ги чини даночните обврзници, во Македонија таква пресметка не е направена

Или како аргументирано се спротивставил на некој владин предлог или мерка за да го заштити општиот интерес. Или како отстапил од некој партиски став и јавно го изнел своето издвоено мислење… Накратко, народните избраници додека ги трошат народните пари би требало, барем понекогаш, да ги изразуваат и интересите на народот. Како и во која мера, тешко е да се каже, бидејќи за разлика од голем број демократски земји, во кои точно се знае колку еден пратеник ги чини даночните обврзници, во Македонија таква пресметка не е направена.

Во меѓувреме, во таа сива зона, растат и се развиваат генерации пратеници што не оставија никаков белег во парламентот, на кои во голем број случаи дури не им е ни јасно што е всушност нивната работа, иако пратеничката функција одамна е професионализирана. Но тоа воопшто не е чудно кога се знае дека единствениот услов за да се стане пратеник е да се добие благослов од партиското раководство и добра позиција на кандидатската листа. Сѐ друго, лични и професионални квалитети, како што се ниво на образование, стручност, професионализам, работни навики, контакти со избирачите, чувство за општ интерес, одговорност…, е неважно.

Затоа повеќето од нив во целиот свој мандат успеваат да ги лоцираат само влезот и излезот од Собранието, просториите на службата за финансии и собранискиот ресторан. За сѐ друго се дезориентирани, така што, можеби и за нив и за нас би било подобро, наместо во Скопје, да им се платат апартмани на Марс, па таму нека дремат и нека чекаат повици од нивните партиски шефови, кои, ако сакаат, можат и шатлови да им праќаат кога треба да им завршат некоја работа. За даночните обврзници, и без станови во Скопје, тие веќе се прескапи.