За новото образование треба да се дискутира, не да се политизира

Разбирлива е загриженоста на наставниците од најавата за новата концепција на основно образование. Низ годиниве, премногу беше експериментирано со нив и со системот. Поради премногу неуспешни реформи и експерименти, практичарите со право се пречувствителни за сѐ ново што ќе се стави на маса за разговор. Затоа и разбирливи им се реакциите и стравот. Кембриџ-програма, екстерно тестирање, деветолетка… сѐ се турка преку наставниците. Наместо да се опуштени во работата, тие цело време имаат гард поради целата папирологија што ја водат. Од извештаи, е-дневник, записници од родителски средби и што уште не, немаат време да си ја работат вистинската работа и вистински да се посветат на часот. Поради многубројните експериментирања низ годините, сосема е разбирлива нивната недоверба

Уште непрезентирана и необјаснета како што треба, концепцијата за основно образование беше буквално раскината во јавноста. Некои сфатија дека комплетно ќе се копира финскиот модел, други дека ќе се укинува предметот Историја, трети дека наставници ќе бидат бркани од работа поради најавеното спојување на предметите. Новиот концепт беше „разнесен“ уште на почеток, без да се чуе што точно и како ќе се учи. Видовме политички поделби, видовме многу про и контраставови. Видовме многу нови „експерти“ за образовни процеси и системи. Впрочем, исто како што беа пречекани на нож и Кембриџ-програмата и деветгодишното образование.
Но да одиме со ред, да ја согледаме реалноста.
Низ годиниве, сите што се дел од системот бараат промени. Тоа се најчесто практичарите, бидејќи во училница најдобро се согледува што е добро, а што недостига. Предупредуваат дека не можат без ресурси и наставни материјали да истражуваат на часовите, како што наложува наставната програма. Реагираат дека има информации и теми што не се соодветни за возраста на учениците. Наставникот нема време и не може да биде креативен и да се фокусира на часовите, поради купиштата административни обврски што мора да ги исполни. Од друга страна, секој слаб успех на некој меѓународен натпревар на нашите ученици, спореден со рангот на нивни врсници во светот, е потсетник дека нешто не чини во системот на учење. Се бара, наместо политичарите, компетентни луѓе од фелата да ги прават промените, луѓе што виделе различни образовни системи во светот и луѓе што знаат што е она што би одговарало како модел соодветно на нашиот општeствен контекст.

И сега, конечно имаме нешто што навестува менување на сево ова погоре. Нешто што треба да го смени пристапот на учење, нешто што ќе го испрати во историјата бубањето/учењето на памет и нешто што ќе ја прекине практиката на учење исклучиво од учебник. Ова што се најавува се очекува првпат да даде можност за избор на предмети во согласност со афинитетите на детето, а предмети што се во чекор со современите текови и потреби. Се најавува учење на животни вештини и спојување премети (како што е тоа веќе практика со Природни науки во одделенска настава). Но сево ова нема да вреди ако се „изгради“ набрзина, со по една обука за секој наставник и со пар нови. Ова е концепт што бара ресурси, пари, посветеност, енергија и време.

Оние што се дел од системот бараат промени. Тоа се најчесто практичарите, бидејќи во училница најдобро се согледува што е добро, а што недостига. Предупредуваат дека не можат без ресурси и наставни материјали да истражуваат на часовите, како што наложува наставната програма. Реагираат дека има информации и теми што не се соодветни за возраста на учениците. Наставникот нема време и не може да биде креативен и да се фокусира на часовите, поради купиштата административни обврски што мора да ги исполни. Од друга страна, секој слаб успех на некој меѓународен натпревар на нашите ученици, спореден со рангот на нивни врсници во светот, е потсетник дека нешто не чини во системот на учење. Се бара компетентни луѓе од фелата да ги прават промените, луѓе што виделе различни образовни системи во светот и луѓе што знаат што е она што би одговарало како модел соодветно на нашиот општeствен контекст

Кога се најавуваше деветгодишното образование, исто како сега имаше многу големи реакции и противења на тогашната нова концепција. Се коментираше дека е прерано поаѓањето на училиште за пет и полгодишните деца, дека е рано е да учат, дека тоалетите не се соодветни за нив, дека клупите и столчињата ќе им бидат големи… за да се покаже подоцна дека одлуката и не била толку лоша, со оглед на фактот дека наставната програма беше соодветна – во прво одделение децата се адаптираат, стекнуваат работни навики, навики на однесување и не се описменуваат, туку само учат да ги распознаваат буквите. Кембриџ-програмата, пак, од друга страна, се покажа дека има недостатоци, а како еден од примерите што ги наведуваат некои наставници е тоа што кај предметот Природни науки се нафрлени примери во состав на лекциите што се несоодветни на возраста на учениците. Наставниците објаснуваат и покажуваат опити со материјали што ги купуваат со свои пари, зашто училиштата немаат буџет за да овозможат услови за истражувања.

Разбирлива е загриженоста на наставниците од најавата за новата концепција на основно образование. Низ годиниве, премногу беше експериментирано со нив и со системот. Поради премногу неуспешни реформи и експерименти, практичарите со право се пречувствителни за сѐ ново што ќе се стави на маса за разговор. Затоа и разбирливи им се реакциите и стравот. Кембриџ-програма, екстерно тестирање, деветолетка… сѐ се турка преку наставниците. Наместо да се опуштени во работата, тие цело време имаат гард поради целата папирологија што ја водат. Од извештаи, е-дневник, записници од родителски средби и што уште не, немаат време да си ја работат вистинската работа и вистински да се посветат на часот. Поради многубројните експериментирања низ годините, сосема е разбирлива нивната недоверба.

Идејата со новиот концепт мора внимателно да се изведе. Во тимот се луѓе што се добри познавачи на нашите услови и сигурно намерите им се искрени. Одамна ни е потребен добар воспитно-образовен систем што правилно ќе учи и ќе насочува и ќе дава солидни резултати во меѓународни рамки. Но добар систем не се гради прекуноќ, туку полека и постепено, со сослушување предлози и забелешки од сите што се дел од него.