Замаглените перспективи

Поразителна пресметка денеска, на 15-годишнината од добивањето на кандидатскиот статус, кој во случајот на Македонија се претвори во ноќна мора не само за, во таа насока, некогаш ентузијастички настроените политичари и граѓани туку и за оние што константно или во одредени моменти изразуваа големи сомневања како во однос на иднината на процесот, така и во оправданоста на самата определба. Цел еден систем граден врз, вистина во не малку случаи, лошо поставените евроинтеграциски темели и врз повеќе генерации, секако со одредени поголеми или помали пропусти, едуцирани во насока на прифаќањето на вредностите на европското заедништво, остана заглавен во меѓупросторот од кој нема враќање назад или одење во некоја друга насока, а повеќе од очигледно е оти патот кон напред е тешко прооден. И оти станува се понепрооден

Без оглед на неиздржаноста и издржливоста на бугарската блокада на одлуката за почнување на процесот на преговори за зачленување на Македонија во Европската Унија, веќе сосема е извесно оти ниту оние родени во 2005 година, во која еуфорично беше прославено добивањето на кандидатскиот статус, своето полнолетство нема да го дочекаат како полноправни граѓани на Унијата. Поразителна пресметка денеска, на 15-годишнината од добивањето на кандидатскиот статус, кој во случајот на Македонија се претвори во ноќна мора не само за, во таа насока, некогаш ентузијастички настроените политичари и граѓани туку и за оние што константно или во одредени моменти изразуваа големи сомневања како во однос на иднината на процесот, така и во оправданоста на самата определба. Цел еден систем граден врз, вистина во не малку случаи, лошо поставените евроинтеграциски темели и врз повеќе генерации, секако со одредени поголеми или помали пропусти, едуцирани во насока на прифаќањето на вредностите на европското заедништво, остана заглавен во меѓупросторот од кој нема враќање назад или одење во некоја друга насока, а повеќе од очигледно е оти патот кон напред е тешко прооден. И оти станува сѐ понепрооден.
Колку и да сакаме и, повеќе или помалку оправдано, наоѓаме простор за самокритика во однос на евроинтегрирањето, годинава што изминува покажа оти, сепак, многу е поголем просторот за критика на самата Европска Унија и оти доколку самата таа не успее да го согледа и да го стесни, тој простор ќе се претвори во црна дупка што ќе ја голтне самата унија понемилосрдно одошто им ги голтна изминативе 15 години, не само на помладите туку и на повозрасните граѓани на Македонија.
Тоа е она на што, не секогаш најпосветените и највешти македонски политичари и дипломати, можеби би требало, барем повремено и суптилно, да ги потсетуваат челниците во Брисел наместо да глумат навредени детишта и крајно неуверливо да се закануваат со некакви втори и трети опции.

Корона-кризата, со сите нејзини стравотии, ги исфрли на површината не само повремените слабости туку и хроничните болести на системот врз основа на кој функционира денешната Европска Унија, а кој и претходно, со почнувањето на брегзит и со мигрантската криза, манифестираше сериозни симптоми. Затоа, веројатно, теоретичарите ги сакаат кризите многу повеќе од практичарите на политиката, кои длабоко залулани во сопствената благосостојба стануваат нечувствителни за страдањата околу нив и најчесто не чувствуваат ниту потреба, ниту желба за некакви промени.
А Унијата, навистина, е зрела за промени, и тоа не за козметички, кои францускиот претседател Емануел Макрон лани ги искористи за одложувањето на почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија, туку за суштински, како на пример, за решавање на проблемот со правото на вето. А за тоа дури и не треба да биде повод однесувањето на Бугарија со нејзиното налудничаво блокирање на Македонија. Има во Унијата и други поводи, кои, како што се покажа, многу повеќе штета можат да им нанесат на самите членки отколку на тие што сакаат да бидат дел од неа.
Да ги прескокнеме постарите примери и да го земеме најновиот, со Унгарија и со Полска, чии лидери, како што видовме, пред извесно време, се заканува со блокирањето на новиот седумгодишен буџет на ЕУ и на фондот за заздравување од корона-кризата, бидејќи се противеа на идејата за врзување на користењето на парите од европските фондови со почитувањето на владеењето на правото. Поедноставно речено, не избираа средства за да го одбранат неодбранливото, некакво си право на злоупотреба на заедничките пари. Вистина, пред својата јавност, поточно, во Полска тоа го претставуваа како обид на Брисел да им ја наметне легализацијата на абортусот, а во Унгарија како намера за „увоз“ на огромен број мигранти.

Дали тоа значи дека правото на вето може да се искористи не само во доменот на таканаречените и, како што веќе неколкупати се потврди, крајно растегливи меѓусоседски односи туку и кога станува збор за критериумот како што е владеењето на правото, за кој и тие од Брисел и ние тука на Балканот очите им ги извадивме на сите оние што владееја во изминативе неколку мандати? Дали и тоа може да биде предмет на пазарење во Европската Унија? Тоа се некои од прашањата што македонските лидери би требало да им ги постават на своите соговорници од Брисел

Жално е тоа што многумина во двете земји им поверуваа на своите лидери, но уште пожално е тоа што владеењето на правото стана предмет на пазарење во Европската Унија, така што првичната амбиција да се создаде механизам за суспензија на парите од ЕУ-фондовите за државите во кои ќе се регистрира кршењето на принципот на владеењето на правото во кој било сегмент, беше сведена на некакво полурешение, кое веројатно никогаш и кон никого нема ниту да биде применето. И толку од принципот на владеењето на правото, на пример.
Дали тоа значи дека правото на вето може да се искористи не само во доменот на таканаречените и, како што веќе неколкупати се потврди, крајно растегливи меѓусоседски односи туку и кога станува збор за критериумот како што е владеењето на правото, за кој и тие од Брисел и ние тука на Балканот очите им ги извадивме на сите оние што владееја во изминативе неколку мандати? Дали и тоа може да биде предмет на пазарење во Европската Унија?
Тоа се некои од прашањата што македонските лидери би требало да им ги постават на своите соговорници од Брисел. А ако одговорите се потврдни, тогаш со тешко срце на евроскептиците треба да им се признае оти биле во право и дека европерспективите, во најдобар случај, се замаглени.

[email protected]