Една година необично учење

Промените на подобро во оваа пандемична учебна година ги забележаа учениците и наставниците што од 1 септември лани одат на училиште со физичко присуство. Паралелките се поделени, се работи во мали групи. Тоа повлекува поголема дисциплина на часовите, поголема активност, како и поголемо внимание што наставникот му го дава на секое дете. Она што е поразлично од порано е што сега хигиената во училиштата е на повисоко ниво, а ако поразговарате со наставниците, ќе ви кажат дека драстично е помало ширењето на бактериски и вирусни инфекции и меѓу децата и меѓу вработените што одат на работа во училиштето, затоа што сите носат маски и сите редовно си ги мијат и дезинфицираат рацете

Точно пред една година, Комисијата за заразни болести предложи Владата да ги затвори градинките, училиштата и факултетите поради регистрирани неколку ковид-случаи во државата. Откако првично не се планираше онлајн настава, по кратко време, надлежните одлучија да се учи на далечина, за децата да не пропуштаат од наставните содржини. Речиси прекуноќ, учениците и наставниците беа принудени да преминат во еден нов, дотогаш непознат терен, наречен онлајн образование, нешто за што системот не беше подготвен, како што не беа подготвени и други системи во светот. Стресно беше за сите што се дел од образовниот систем, а најголем беше товарот што го понесоа родителите, кои мораа дома да им обезбедат услови на децата за учење, а во исто време да се грижат да обезбедат егзистенција, но и да се грижат за домот. Наместо во училница, часовите започнуваа и завршуваа на Вибер и на Месинџер, а домашни се праќаа кај наставничките по мејл.
Клучот на врата за училиштата и онлајн наставата ги извадија на виделина слабостите на системот, кој и онака беше проблематичен во многу свои сегменти. Ги извади на виделина разликите меѓу наставниците во однос на ИКТ-подготвеноста и нивните вештини, но и разликите меѓу учениците во однос на пристапот до ресурси. Според анкетата што ја направи Министерството за образование и наука, излезе дека дури 40 илјади ученици не се во можност да следат настава од дома, а како причина за тоа беше наведено немањето пристап до Интернет или немањето соодветен уред што ќе им служи на семејствата за учење, особено во оние семејства во кои има повеќе деца што одат на училиште. Имаше и сѐ уште има ученици што живеат во планински мали села, а се речиси отсечени од образовниот процес затоа што имаат слаб пристап или воопшто немаат пристап до мрежата.

Што беше она што изминатава година се покажа како предност, а што како слабост? Речиси и да нема наставник што би кажал дека учењето од дома дава ист ефект, квалитет и резултат како она што се одвива во училницата. Предизвиците на онлајн учењето се големи. Има ученици што наеднаш почнаа да покажуваат подобри резултати во постигнувањата, но има и ученици што „попуштија“. Искуствата се индивидуални и се различни. Часовите се пократки, па се брза да се предаде и повтори сѐ што е предвидено. Исто така, тежината на прашањата на тестовите и на наставните ливчиња што им се даваат на учениците не е иста како онаа што би ја имале кога тестот би се одвивал во училница. Ако поразговарате со наставниците, ќе ви кажат дека не можат да имаат увид во тоа дали за време на тест некој дома му поткажува на детето, но во принцип, според одговореното, можат да увидат дали имало мамење или не. Изминатава година секојдневно се присутни и техничките проблеми со кои се соочуваат и наставниците и учениците, во однос на тонот, видеопреносот, прекините, „снемувањето“ интернет и слично.
Промените на подобро во оваа пандемична учебна година ги забележаа учениците и наставниците што од 1 септември лани одат на училиште со физичко присуство. Паралелките се поделени, се работи во мали групи.

Речиси прекуноќ, учениците и наставниците беа принудени да преминат во еден нов, дотогаш непознат терен, наречен онлајн образование, нешто за што системот не беше подготвен, како што не беа подготвени и други системи во светот. Стресно беше за сите што се дел од образовниот систем. Најголем беше товарот што го понесоа родителите, кои мораа дома да им обезбедат услови на децата за учење, а во исто време да се грижат да обезбедат егзистенција, но и да се грижат за домот. Наместо во училница, часовите започнуваа и завршуваа на Вибер и на Месинџер, а домашни се праќаа кај наставничките по мејл

Тоа повлекува поголема дисциплина, поголема активност на часовите, како и поголемо внимание од наставникот за секое дете. Она што е поразлично од порано е што сега хигиената во училиштата е на повисоко ниво, а ако поразговарате со наставниците, ќе ви кажат дека драстично е помало ширењето на бактериски и вирусни инфекции и меѓу децата и меѓу вработените што одат на работа во училиштето, затоа што сите носат маски и сите редовно си ги мијат и дезинфицираат рацете. „Ние, замислете, имаме интернет во училница. Фискултурната сала ни е секогаш достапна, а училиштето не било никогаш почисто. Сево ова, пред пандемијата, беше нешто што било незамисливо да биде вистина“, вели една наставничка во едно скопско основно училиште. Хигиената на училниците е на повисоко ниво (а за тоа придонесуваат и самите ученици што се посвесни за важноста на чистотата), постојано има течен сапун во тоалетите, средства за дезинфекција има на влезовите. Интернет во училниците немаат многу училишта низ државата, но пандемијата значително ја подобри ситуацијата. Со тоа се овозможува наставниците поквалитетно да им ги пренесат наставните содржини на учениците, кои патем се посконцентрирани бидејќи се помалку на број во одделението, а наставникот има време да ги следи сите.
Ова образование во услови на пандемија повлече и крупни реформи што ги најавија надлежните, а кои е планирано да започнат да се применуваат од септември годинава, започнувајќи во прво и во четврто одделение.

Токму тие промени, кои се дел од концепцијата за основно образование што се најавува, наидоа на бурни реакции од практичарите, од универзитетски професори, од познавачи на образовните околности, кои за многу нешта реагираа и предупредија дека не се исправни. Затоа, во процесот на носење одлуки поврзани со овие промени, неопходно е да се чујат сите конструктивни предлози на експертите од фелата и истите тие да станат дел од новите правила. Само така надлежните ќе покажат дека се залагаат за стабилно образование што ни беше потребно уште пред пандемијата.