Европа за по дома

Јасно е и дека на крајот од годината што коронавирусот ја изеде, секому му е потребен барем малку оптимизам, но оптимизам темелен на реални очекувања, за што веќе требаше да бидат создадени услови, а не се – и тоа е поразителната вистина. Да не го бркаме сега Мицкоски и да го тепаме зашто, ете, ги осуетил сите обиди на власта да ги спроведе одамна испланираните реформи и да се запрашаме уште колку пати анестезираната јавност може да ги игнорира навредите на сопствената интелигенција со образложението дека сите политичари се исти? И дека некој мора да се избере. Дури и по цена да не понуди ништо повеќе од вообичаените флоскули
за реформи

По планот за итни реформски приоритети наречен „3 – 6 – 9“ што претходната влада на Зоран Заев го донесе на почетокот од нејзиниот мандат, во 2017 година, за потоа самата да оцени оти се реализирани над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина, и со истиот ентузијазам да продолжи сѐ до планот 18, сега, во нешто видоизменет состав, Владата се одважи на акција. Барем таков впечаток се обидуваше да остави премиерот Заев презентирајќи ги пред некој ден проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!“, како што ја нарече.
За тие што пропуштиле, во „Акција 21“ Владата вклучи десет приоритети, а прв на листата е прочистувањето на правосудството. Следуваат, онака како што се наброени, отчетна власт во борба против корупцијата, храбри чекори за заштита на природата, маска, дистанца и вакцина против ковид-19, канабисот – лек и огромен економски потенцијал, нова македонска енергетика, градиме и се поврзуваме, попис во 2021 г. – најважна статистичка операција, стоп за дезинформациите и нови економски потенцијали. А за тие што имаат кратко паметење, најдобро е да направат една прошетка по архивите на владините веб-страници за да се уверат оти сево ова, со исклучок на приоритетот поврзан со ковид-19, чија реализација и така е условена, пред сѐ, од глобалните случувања, веќе, можеби со поинакви зборови, беше најавувано и во предизборните програми и во сите планови на владејачката гарнитура.

Јасно е дека некои теми по својата природа се константни, но има и такви, како што се прочистувањето на правосудството и пописот, кои одамна можеа и требаше да бидат затворени или во однос на кои, како на пример заштитата на животната средина, барем требаше и можеше да се почувствува некаков напредок. А дека не е така, не може да се каже оти е само впечаток, бидејќи со последните најави и самата влада го признава тоа. Па тогаш, што е правено во изминативе години? И до кога Владата ќе може да ги рециклира ветувањата?
Јасно е и дека на крајот од годината што коронавирусот ја изеде, секому му е потребен барем малку оптимизам, но оптимизам темелен на реални очекувања, за што веќе требаше да бидат создадени услови, а не се – и тоа е поразителната вистина. Да не го бркаме сега Мицкоски и да го тепаме зашто, ете, ги осуетил сите обиди на власта да ги спроведе одамна испланираните реформи и да се запрашаме уште колку пати анестезираната јавност може да ги игнорира навредите на сопствената интелигенција со образложението дека сите политичари се исти?

И дека некој мора да се избере. Дури и по цена да не понуди ништо повеќе од вообичаените флоскули за реформи, кои вистина, не се автохтон производ ниту на сегашниот, ниту на овдешниот политички простор. Тие се постари и од актуелниве политички структури и од повеќепартизмот во земјава. Дури и во едноумието, или во социјализмот, како што некои нагалено сакаат да го нарекуваат тој за некои веќе подзаборавен, а за некои никогаш непреболен период, секогаш кога нешто ќе зачкрипеше, се посегнуваше по приказната за неопходните реформи.

Јасно е дека некои теми по својата природа се константни, но има и такви, како што се прочистувањето на правосудството и пописот, кои одамна можеа и требаше да бидат затворени или во однос на кои, како на пример заштитата на животната средина, барем требаше и можеше да се почувствува некаков напредок. А дека не е така, не може да се каже оти е само впечаток, бидејќи со последните најави и самата влада го признава тоа. Па тогаш, што е правено во изминативе години? И до кога Владата ќе може да ги рециклира ветувањата?

А тој моќен збор на крајот секогаш се сведуваше на некакви козметички промени, полурешенија, кадровски ротации и конечно, на одржување на постојната состојба. Затоа и стопанството и државниот апарат и сите општествени функции се длабоко заплеткани во партиско-клиентелистички врски што сопираат каков било развој.
Ниту актуелнава власт, за жал, не е успеа да го смени амбиентот, а имаше време, досега барем да започне со промените. И тоа дека европските стандарди, како вреќи од пазар, сега откога процесот на евроинтегрирање, вистина не по нејзина вина, повторно е блокиран, Владата ќе ги донесе дома, не охрабрува. Таквите нешта треба да произлезат од уверувањата, самодисциплината, самокритичноста, системот изграден врз принципи и конечно од подготвеноста да се игра според правилата, а не тие да се одбегнуваат и да се менуваат по потреба. Освен тоа, европските стандарди не се постигнуваат врз основа на краткорочни планови, акции или како веќе ги нарекуваат, туку врз трајни определби и сериозни и долгорочни стратегии. И ако Заев навистина во наредната година сака да ги донесе дома европските вредности, како што најави, реформите одамна требаше да бидат започнати и во практика, а не само на хартија и преку формирање на веќе неброените владини тела, органи, совети, управи, дирекции… Вака, целата приказна останува за онака, по дома. И за ангажирање на подобните и заслужните кадри.

[email protected]