Добра или лоша вест од Брисел

И како што и претходно беше јасно дека ЕУ глуми оти сака да ги прими новите држави, а нивните влади глумат дека ги спроведуваат реформите, се борат против корупцијата и ги решаваат сите претходно добиени задачи, сега се разјаснува и оти новиот комесар за проширување ќе треба да глуми оти нешто работи. Тоа е решение што го одбра новата претседателка на комисијата Урсула фон дер Лејен, за разлика од нејзиниот претходник Јункер, кој на почетокот од неговиот мандат отворено кажа оти ќе нема проширување до крајот на мандатот. И си остана на зборот. Сега Јункер е со поинакво мислење, исто како и германската канцеларка Ангела Меркел. Но и двајцата се на заминување

Во исчекување на исходот на последната лидерска средба, која како и повеќето веќе видени кафеански седенки помина во полупијаните пазарења околу уставниот систем и правниот поредок во земјава, од Брисел ја дочекавме веста за новиот состав на Европската комисија. Списокот на новите министри на Европската Унија, кој со месеци се усогласуваше, барем во еден негов дел, изгледа како да е составуван во Пржино, или барем на една од тајните или јавните средби помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Имено, со голема доза резервираност, па дури и со отворена критика беше пречекана веста дека унгарскиот министер за правда Ласло Трочањи, на пример, ќе биде нов министер за проширување на ЕУ. Човек, кој беше посочуван „како експерт во демонтирањето на владеењето на правото во Орбановата Унгарија“, заговорник на подигањето на жичената ограда на граница со Србија заради запирање на мигрантите и конечно еден од клучните луѓе во Владата, која отворено го поттикнуваше евроскептицизмот во Унијата, би требало да го наследи Австриецот Јоханес Хан?!

Навистина тешко разбирливо кадровско решение за позицијата од која, барем според декларираните принципи и заложби на Унијата, се тежнее кон нејзиното проширување, а од земјите-кандидатки и аспиранти за членството, меѓу другото, се бара почитување на принципите на владеењето на правото и во рамките на тоа и на правата на мигрантите.
Но тоа само на прв поглед е, најблаго речено, неочекувано решение. Тие што жртвуваа малку од своето драгоцено слободно време во текот на летово, додека се одвиваа пазарењата за позициите во Европската комисија, можеа да забележат дека и немаше премногу интерес за ресорот што, под претседателството на Жан Клод Јункер, сѐ уште го држи Австриецот Хан. Додека претставници на повеќето држави-членки на Унијата се изјаснуваа оти ги сакаат ресорите како што се финансии, енергетика, земјоделство…, никој не покажуваше премногу интерес за местото на Хан. Па дури ни самиот тој.

Токму затоа, некои од аналитичарите во регионот, кој во најголема мера сѐ уште е најдиректно засегнат токму од решението за овој ресор, оценуваат дека проблемот е во тоа што идниот комесар за проширување ќе мора да балансира помеѓу вистинските намери и подготвеноста на Унијата за проширување и очекувањата на кандидатките, пред сѐ на Турција, за која веќе одамна е јасно дека е сѐ подалеку од Европа. Следствено на тоа се доаѓа и до заклучокот дека новиот комесар за проширување во текот на својот мандат ќе треба да создаде амбиент во кој кандидатките ќе веруваат оти се доближуваат до членството, дека тоа им е загарантирано, иако барем во повеќето случаи е јасно оти тоа, во скоро време, нема да се случи, како и дека никој во ЕУ не е против проширувањето што, исто така, е дискутабилно.

И како што и претходно беше јасно дека ЕУ глуми оти сака да ги прими новите држави, а нивните влади глумат дека ги спроведуваат реформите, се борат против корупцијата и ги решаваат сите претходно добиени задачи, сега се разјаснува и оти новиот комесар за проширување ќе треба да глуми оти нешто работи. Тоа е решение што го одбра новата претседателка на комисијата Урсула фон дер Лејен, за разлика од нејзиниот претходник Јункер, кој на почетокот од неговиот мандат отворено кажа оти ќе нема проширување до крајот на мандатот. И си остана на зборот.

Навистина тешко разбирливо кадровско решение за позицијата од која, барем според декларираните принципи и заложби на Унијата, се тежнее кон нејзиното проширување, а од земјите-кандидатки и аспиранти за членството, меѓу другото, се бара почитување на принципите на владеењето на правото и во рамките на тоа и на правата на мигрантите. Но тоа само на прв поглед е, најблаго речено, неочекувано решение. Тие што жртвуваа малку од своето драгоцено слободно време во текот на летово, додека се одвиваа пазарењата за позициите во Европската комисија, можеа да забележат дека и немаше премногу интерес за ресорот што, под претседателството на Жан Клод Јункер, сѐ уште го држи Австриецот Хан. Додека претставници на повеќето држави-членки на Унијата се изјаснуваа оти ги сакаат ресорите како што се финансии, енергетика, земјоделство…, никој не покажуваше премногу интерес за местото на Хан. Па дури ни самиот тој

Сега Јункер е со поинакво мислење, исто како и германската канцеларка Ангела Меркел. Но и двајцата се на заминување. И веројатно, побогати со искуствата, поинаку ги согледуваат нештата. Но и околностите се битно поинакви. Унијата, пред сѐ, поради брегзит, се стеснува, не се проширува. Слабостите и недостатоците што претходно беа лоцирани кај сегашните и идни кандидати за членство, сега се видливи, а во некои случаи, и поизразени кај дел од членките, па дури и во самите структури на Унијата.

Јасно, има и поинакви мислења, па така некои од аналитичарите објаснуваат дека добра вест за регионот е предлогот Унгарец да го преземе ресорот проширување. Унгарија, која се граничи со Балканот, според тоа, има многу причини тој што поскоро да биде опфатен со проширувањето, пред сѐ како тампон-зона при евентуален нов наплив на мигранти, но и генерално, заради конечно и трајно воспоставување мир и стабилност во оваа трусно подрачје. Се потсетува и дека Унгарија е членка на Вишеградската група, која е најгласен заговорник на интегрирањето на балканските земји во Унијата, иако повторно има поделени мислења и околу вистинските мотиви за таквата заложба. Конечно, како мошне интересно, треба да се издвои и мислењето дека ресорот проширување всушност е казна за сите проблеми што Унгарија под Виктор Орбан му ги создаваше на Брисел во изминативе години. Како и да е, веќе кон крајот на наредниот месец, до кога за предлозите на Фон дер Лејен ќе се расправа и во Европскиот парламент, при што, со оглед на досегашните искуства, можно е списокот и да се ревидира, нештата би требало да бидат појасни. Но големо прашање е дали на ревизија ќе оди и идејата целиот процес на проширувањето, барем во скоро време, да продолжи како скапа, но само за малкумина исплатлива филмска копродукција, со малку интересни заплети и многу лажни емоции.

[email protected]