Бомбата на Макрон или баздливата северноатлантска прегратка

Поттикнат не толку од долгата и славна историја на разногласието во неговата земја, колку од фактот што по брегзит, Франција останува единствена членка на Советот за безбедност и единствената нуклеарна сила во Европската Унија, официјален Париз олицетворен во актуелниот претседател Емануел Макрон, откога го блокира последниот обид за проширување на Унијата и наметна нови правила на игра за идни членки, ја прати и познатата порака дека НАТО доживеал мозочна смрт поради што Унијата би требало да се сврти кон сопствената одбрана и кон формирање „вистинска европска армија“. Тоа не само што ја отвори дебатата за мотивите и претензиите на Макрон туку сосема ја збуни јавноста во земјите-кандидати за членство во НАТО и во Унијата

Откако речиси самораспуштеното Собрание, не баш едногласно, го ратификуваше Северноатлантскиот договор со одложено дејство, пратеникот Амди Бајрам ја преспа целата постапка, лидерот на опозициското ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остана со обесени раце, а пред зградата на парламентот беше кренато знамето на Алијансата, Македонија, барем според службените толкувања, стана 30-та членка на најмоќниот и најдолговечен воен сојуз во светот. Ако некој во главниот град и не слушнал за предизборно натисканата квазицеремонија, сигурно ја почувствувал низ сообраќајниот метеж во кој заглавил кон крајот на работното време. Исто како што и протоколот заглавил во шпанскиот парламент така што, ако сакаме да бидеме реални, може да очекуваме знамето на Македонија, во најдобар случај, да се завиори пред седиштето на НАТО најрано напролет.
Но како што тој „детаљ“ не ја намали еуфоријата на тие што се декларираат како најзаслужни за не баш довршената интеграција, така не ги спречи ниту негодувањата на оние што сметаат дека на Македонија не ѝ е место во НАТО и дека по речиси тридецениските напори да ја усогласи својата безбедносна и одбранбена политика со стандардите на оваа организација, би требало да се сврти кон некои алтернативни решенија.

Бидејќи патот до вистинската заедничка европска одбрана е долг и неизвесен, исто како и македонското полноправно членство во Унијата, НАТО, иако не е идеалното, секако е единственото реално решение за каква-таква колективна безбедност, која најмногу ги покрива интересите на Македонија. А треба да се знае и тоа дека двете асоцијации, и покрај повремените преамбициозни истапи на некои нивни репрезенти, сепак не се исклучуваат меѓусебно една со друга и дека клучниот фундамент во нивните односи е одржувањето на мирот во Европа, што за Македонија, како поради внатрешните односи така и поради најблиското опкружување, е од исклучително значење. И така, барем уште извесно време, и ќе остане

Но таквите размисли не се ексклузивитет на одредени групации во Македонија. Тие не само што, случајно или не, многу повеќе се во функција на интересите на некои соседни држави туку, иако сосема различно мотивирани, поткрепата за своите аспирации ја наоѓаат и во трендовите што се актуелни дури и во некои од земјите-основачи на Алијансата. Најголемото антинатовско расположение, како што е познато, манифестира Франција, барем во изминатиов период, откога започна излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. Поттикнат не толку од долгата и славна историја на разногласието во неговата земја, колку од фактот што по брегзит, Франција останува единствена членка на Советот за безбедност и единствената нуклеарна сила во Европската Унија, официјален Париз олицетворен во актуелниот претседател Емануел Макрон, откога го блокира последниот обид за проширување на Унијата и наметна нови правила на игра за идни членки, ја прати и познатата порака дека НАТО доживеал мозочна смрт поради што Унијата би требало да се сврти кон сопствената одбрана и кон формирање „вистинска европска армија“. Тоа не само што ја отвори дебатата за мотивите и претензиите на Макрон туку сосема ја збуни јавноста во земјите-кандидати за членство во НАТО и во Унијата.

Но најбитно од сето тоа е што при, според многумина, невештиот обид за дистанцирање од НАТО, па дури и за неговото подривање, Макрон очигледно не пресметал добро колку време ќе ѝ биде потребно на ЕУ за формирање сопствени ефикасни воени сили. Особено кога се има предвид сѐ позабележителната бавност со која членките постигнуваат согласност дури и околу најбаналните прашања. За реализацијата на договореното, во многу ситуации веќе тешко е и да се зборува.
Бидејќи патот до вистинската заедничка европска одбрана е долг и неизвесен, исто како и македонското полноправно членство во Унијата, НАТО, иако не е идеалното, секако е единственото реално решение за каква-таква колективна безбедност, која најмногу ги покрива интересите на Македонија. А треба да се знае и тоа дека двете асоцијации, и покрај повремени преамбициозни истапи на некои нивни репрезенти, сепак не се исклучуваат меѓусебно една со друга и дека клучниот фундамент во нивните односи, е одржувањето на мирот во Европа, што за Македонија, како поради внатрешните односи, така и поради најблиското опкружување, е од исклучително значење. И така, барем уште извесно време, и ќе остане.

[email protected]