Археолошките локалитети можат да бидат повидливи и попристапни и во пандемијата

Успешниот долгогодишен напор за зголемување на бројот на посетители сега како да удри во ѕид. Токму така минатата недела се изрази археологот и кустос-советник Енгин Насух од Хераклеја Линкестис, сублимирајќи ја накратко актуелната ситуација на овој локалитет во Битола. Но тоа може да се однесува и за другите локалитети низ Македонија, кои генерално до пред пандемијата, со години, на различни начини се обидуваа да обезбедат што повеќе и подобри услови за нивно современо функционирање и привлекување посетители

Деновиве од страна на унгарската амбасада за сопругите на некои од амбасадорите акредитирани во Македонија беше организирана посета на археолошкиот локалитет Скупи во Скопје. Овој податок во време кога медиумите се секојдневно исполнети со вести за зголемен број заболени и починати лица од коронавирусот, изгледа како да е од друго време, од познатиот и некогаш популарен времеплов „Деновиве пред години“. Но вистинит е, доаѓа од археолозите што во овие убави пролетни денови се таму на своето работно место, на локалитетот на отворено каде што се почитуваат препорачаните мерки за заштита од коронавирусот, но каде што посетителите поради познатата ситуација со пандемијата се многу ретки. Странските туристи исто така, макар што археолозите напоменуваат дека обично во мал број доаѓаат странци што службено престојуваат во земјава. Го нема вообичаениот проток на луѓе од претходно, поради затворените граници и стравот од коронавирусот, така што овие специфични и вредни делови од културното наследство, иако се на отворено, трпат последици уште од лани. Лани во периодот од март до јуни, археолошките локалитети, како и музеите беа целосно затворени за работа и посети, но потоа се приспособија на новите услови на работа и примање посетители. Поради затвореноста на училиштата не се организираат ниту посети на ученици со водичи низ локалитетите, така што најчесто сега таму се среќаваат мали групи посетители, често семејни. Така е во поголемите археолошки локалитети како Скупи, Хераклеја Линкестис, Стоби, но сигурно не е поразлично и на другите локалитети во земјава.

Успешниот долгогодишен напор за зголемување на бројот на посетители сега како да удри во ѕид. Токму така минатата недела се изрази археологот кустос-советник Енгин Насух од Хераклеја Линкестис, сублимирајќи ја накратко актуелната ситуација на овој локалитет во Битола. Но тоа може да се однесува и за другите локалитети низ Македонија, кои генерално до пред пандемијата, со години, на различни начини се обидуваа да обезбедат што повеќе и подобри услови за нивно современо функционирање и привлекување посетители. Познато е дека во споредба со локалитетите во поразвиените земји, на археолошките локалитети кај нас секогаш им недостигаат финансиски средства за истражување и конзервација на откриеното, на голем дел од нив и средства за оградување, за континуирано средување и чување на просторот, за обезбедување стручна водичка служба, а да не говориме и за недостигот од средства за обезбедување на потребната современа техничка опрема за презентирање на откриените вредности.
А дека интерес за ваквите локалитети постои, и покрај пандемијата, покажа деновиве и работната посета на Флора Карагиани, директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, и на Мариа Мерзани, директорката на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Грција, кои, меѓу другото, ја посетија и Хераклеја Линкестис. За поздравување е фактот што на тој локалитет е реализиран проектот „Смарт – кул – тур“, во рамките на инструментот за претпристапна помош ИПА 2, со што е унапредена неговата туристичка инфраструктура (со пристапни патеки, рампи и лифт за лица со попреченост, партерно уредување, осветлување итн.). Но се поставува прашањето како да се искористи сето тоа во овој период на страв, па наместо со маски да се шета на отворено во преполните градски паркови или излетнички места, да се оди на археолошките локалитети каде што има малку луѓе, а и се почитуваат мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот.

Успешниот долгогодишен напор за зголемување на бројот на посетители сега како да удри во ѕид. Токму така минатата недела се изрази археологот и кустос-советник Енгин Насух од Хераклеја Линкестис, сублимирајќи ја накратко актуелната ситуација на овој локалитет во Битола. Но тоа може да се однесува и за другите локалитети низ Македонија, кои генерално до пред пандемијата, со години, на различни начини се обидуваа да обезбедат што повеќе и подобри услови за нивно современо функционирање и привлекување посетители

Да се биде на отворено, а истовремено да се прошират знаењата од историјата и културата, за фактите што со милениуми ги дополнуваат приказните за оние луѓе што живееле тука пред нас или, пак, само поминувале низ просторот. А речиси во сите поголеми населени места низ Македонија, или во нивната близина, има археолошки локалитети што се важни за развој на културниот туризам и кои во овој кризен период може да се посетуваат. Можеби ќе треба во приспособувањето на новите животни, пандемични услови, да се оформи и нова стратегија на државно и локално ниво за археолошките локалитети да бидат повидливи и попристапни. Но и да се искористат веќе потврдените добри примери од теренот, како што е и примената на дигиталната апликација за виртуелното откривање на римскиот град Стоби.
Со проблемите на културниот туризам за време на пандемија, државите во светот се справуваат на свој начин, а Египет викендов направи мошне успешен спектакл на таа тема. Го сврте вниманието на своето културно наследство со директниот пренос на поворката од 22 мумии на владетелите на Древен Египет, која помина низ Каиро на патот од стариот, неокласичен Египетски музеј, до новиот Национален музеј на египетската цивилизација. Поворката со големо внимание на отворено ја проследија голем број Египќани.