Со владина уредба не се остварува солидарност

730

Но, за да нема заблуди, уставните судии, иако според редот на нештата се најдоа на првата линија на одбраната на функционерските примања, не се единствените што во случајов треба да демонстрираат солидарност. Тие се само мал дел од армијата функционери, чиј точен број никогаш всушност и не беше утврден, веројатно затоа што немаше кој да им ја врши работата. Затоа не може да се каже оти уставните судии се несолидарни. Тие, во случајов, и тоа како се солидаризираа со илјадници други избрани, именувани и назначени лица на разни функции на државно и на локално ниво, па дури и со пратениците, на кои мандатите, наводно, им завршиле а сѐ уште земаат плати. И тука започнува и завршува приказната за солидарноста. Сѐ друго во таа функционерска армада се коефициенти и проценти, и тоа загарантирани

Солидарноста, која како термин и како појава веќе подолго време, не само во Македонија туку и на планетарното ниво, се сметаше за нешто надминато, архаично, во изминатиов период се врати во вербалната употреба, и тоа не само како етички императив или некаков апстрактен идеал туку како услов за опстанок на цивилизацијата. Повиците на солидарност прво беа упатувани инцидентно, срамежливо, придружувајќи ги апокалиптичните прогнози за зачестени елементарни непогоди, растечка нееднаквост и сиромаштија и за големи миграции предизвикани од климатските промени, за потоа таа сѐ погласно да почне да се повикува како што напредуваше малиот зелен вирус во својот уништувачки поход низ светот.
Од разни центри на сите светски хоризонтали и вертикали веќе секојдневно може да се слушнат апелите за солидарност, а Владата во Македонија дури отиде и чекор понапред, па се обиде солидарноста да ја претвори во една од мерките за надминување на последиците од мерките за спречување на пандемијата на коронавирусот. Накратко, да ја претвори во мерка против антикорона-мерките. Поточно, да ги натера избраните, именуваните и назначените лица во земјава, меѓу кои и судиите, да бидат солидарни и да се откажат од дел од своите приходи, со што, според нејзините процени, би се обезбедиле околу 240 милиони денари за спроведување на мерките за справување со ковид-19.

Но тоа не било така лесно. Уставниот суд завчера привремено го запре извршувањето на владината уредба и поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Од Владата и од владејачкото СДСМ можеа само да изразат разочарување од оваа „скандалозна одлука“, со која „Уставниот суд ја поткопува солидарноста во земјата…“
А која солидарност е изградена во земјава за кој било да може да ја поткопува? И кој воопшто може да очекува солидарност од судиите, кои со години, како штотуку родените слепи мачиња, мижеа не само на масовните кршења на Уставот и на законите туку и на голем број неправди во општеството?

Дали некој очекуваше дека, откога со децении тие упорно го игнорира систематското кршење на работничките права во земјава, на пример, сега би можеле да се солидаризираат со работниците за чии плати Владата, наводно, се обидувала да обезбеди пари? Зарем некој помислил дека пандемијата ќе им го разбуди сочувството за тажната реалност што владее во земјава многу подолго од коронавирусот?
Но, за да нема заблуди, уставните судии, иако според редот на нештата се најдоа на првата линија на одбраната на функционерските примања, не се единствените што во случајов треба да демонстрираат солидарност. Тие се само мал дел од армијата функционери, чиј точен број никогаш всушност и не беше утврден, веројатно затоа што немаше кој да им ја врши работата. Затоа не може да се каже оти уставните судии се несолидарни.

Со толку длабок јаз во општеството, и тоа не само во однос на висината на примањата туку, пред сѐ, во однос на можноста за уживањето на универзалните слободи и права, не може да се зборува за солидарност. Освен ако таа не е покриена со некакво повеќе или помалку вешто пиарчење, какво што деновиве на секој чекор демонстрираат некои приватни компании и, се разбира, некои од политичарите, кои сето тоа веќе дебело го наплатија. Од каде ако не од заедничката каса

Тие, во случајов, и тоа како се солидаризираа со илјадници други избрани, именувани и назначени лица на разни функции на државно и на локално ниво, па дури и со пратениците, на кои мандатите, наводно, им завршиле а сѐ уште земаат плати. И тука започнува и завршува приказната за солидарноста. Сѐ друго во таа функционерска армада се коефициенти и проценти, и тоа загарантирани. За разлика од минималците на огромниот број вработени во приватниот сектор, на пример, кои никој не ги ни прашува дали се согласуваат дел од нивната заработка да оди за намирување на јавните трошоци, за потоа за нив да нема место во болниците, за нивните деца да нема стипендии, нивните предмети во судовите да остануваат заглавени и по неколку години…
Со толку длабок јаз во општеството, и тоа не само во однос на висината на примањата туку пред сѐ во однос на можноста за уживањето на универзалните слободи и права, не може да се зборува за солидарност. Освен ако таа не е покриена со некакво повеќе или помалку вешто пиарчење, какво што деновиве на секој чекор демонстрираат некои приватни компании и, се разбира, некои од политичарите, кои сето тоа веќе дебело го наплатија. Од каде ако не од заедничката каса.

А што се однесува до вистинската солидарност, која пред сѐ е нешто сосема спротивно од идејата за моќ и за доминација на едните над другите, таа сѐ уште е огромен етички предизвик и за многу поуредени општества од македонското.

[email protected]