Референдумијада

473

Предреферендумската кампања, формална и неформална, низ сето изобилство и шаренило од медиуми, напросто вреска од слободата на изразување. Дали така ќе биде и со слободата на изборот, останува наскоро да видиме. Она што веќе сега е очигледно е дека повеќето актери како да не се свесни за последиците од слободата на изразување што во некои случаи и крајно ненаситно ја консумираат покажувајќи
ја сета гротескност на македонската демократија

Сеопфатна и отворена дебата во едно демократско општество е неопходна за да се заштити слободата на изборот што произлегува од принципот на народниот суверенитет. Слободното изразување на волјата на сите актери во таквото општество, пак, подразбира или барем би требало да ја подразбира свесноста за последиците од одредениот избор и дејствување.
Предреферендумската кампања, формална и неформална, низ сето изобилство и шаренило од медиуми, напросто вреска од слободата на изразување. Дали така ќе биде и со слободата на изборот, останува наскоро да видиме. Она што веќе сега е очигледно е дека повеќето актери како да не се свесни за последиците од слободата на изразување што во некои случаи и крајно ненаситно ја консумираат покажувајќи ја сета гротескност на македонската демократија. Но, не треба тоа премногу да загрижува бидејќи нешто слично со случуваше на повеќе места и повеќепати низ историјата, така што дури ни по тоа не сме единствени. Демократијата не еднаш се убивала самата себеси. Загрижува тоа што суицидната склоност на демократијата со сета нејзина жестина се манифестира уште пред воопшто и да биде консумирано правото на изборот.

Кон тоа сесрдно придонесуваат и власта и опозицијата, и третите, и четвртите, и меѓународната заедница, па дури и Уставниот суд, кој вчера ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување референдум. Се демаскираа многумина, а веројатно до крајот на кампањата уште многу маски ќе паднат, така што јавноста барем ќе биде начисто со кого си има работа. Она што, за жал, по сѐ изгледа до крајот на кампањата ќе остане нејасно се можните последици од исходот на референдумот, без оглед каков тој ќе биде.

Целиот тој баласт, што некои крајно посветено го создаваат за ова време, на просечниот граѓанин, избирач, на десет дена пред гласањето, ниту малку не му го осветли видикот и не му ги отвори умот и душата за на 30 септември кога ќе се
разбуди, без задршки и без премислувања да донесе одлука дали и како ќе гласа.
А тоа веќе за едно општество е крајно поразително, можеби не толку колку сите оние мрачни сценарија што деновиве ни ги подметнуваат, но сепак доволно за да се детектира како сериозен проблем не само за легитимноста на овој референдум туку и на сите изборни изјаснувања што ќе следуваат, а најмногу за општиот амбиент во земјава

Но, во секој случај, многу брзо по референдумот тие ќе можат да се почувствуваат исто како и дамките што низ кампањава ги оставаат политичките лидери со нивните неодмерени изјави и постапки, високите гости од странство со нивното нападно агитирање, тие што го туркаат и го оспоруваат референдумот со нивните „аргументи“ и „контрааргументи“, свештените лица со нивните месијански пораки, сите тие „експерти“ и „активисти“ со нивните објаснувања, и конечно, поднесувачите на разни иницијативи за оспорување на референдумот пред Уставниот суд со недоволно подготвени претставки и самиот Уставен суд со одолжувањето, кое сепак им оставаше некаква надеж на тие што се против референдумот дека нивната опција ќе победи.

Сите тие, наместо да понудат вистински аргументи и објаснувања, подгреваат сомнежи и креваат тензии, драматизирајќи ја ситуацијата веќе и надвор од дозволените граници како да се натпреваруваат во соборување олимписки рекорди.
Целиот тој баласт, што некои крајно посветено го создаваат за ова време, на просечниот граѓанин, избирач, на десет дена пред гласањето, ниту малку не му го осветли видикот и не му ги отвори умот и душата за на 30 септември кога ќе се разбуди, без задршки и без премислувања да донесе одлука дали и како ќе гласа. А тоа веќе за едно општество е крајно поразително, можеби не толку колку сите оние мрачни сценарија што деновиве ни ги подметнуваат, но сепак доволно за да се детектира како сериозен проблем не само за легитимноста на овој референдум туку и на сите изборни изјаснувања што ќе следуваат, а најмногу за општиот амбиент во земјава.

Конечно, секоја референдумска одлука, независно дали таа е донесена на старомодната хартија или во електронска форма, е еден вид бинарно мислење: да или не, позитивно или негативно, црно или бело, пријател или непријател, ние или тие. Политичкиот живот и така најчесто се сведува на поедноставувањето на спротивностите исто како што се симплифицираат и последиците користејќи ја сета трагичност на политиката, која се сведува на сѐ или на ништо. Притоа се задушуваат, или барем на начинот што сега го гледаме, се дефокусираат, здравата демократска дебата и можноста за компромис и се елиминираат сите општествени диференцијации.

Токму затоа референдумот е погоден за сите форми на владеење. Го користеа и го користат диктатори и демократи бидејќи тој што го организира и го поставува прашањето, сосема сигурно може да го контролира и резултатот.
Она што сигурно не ќе може да го контролира се последиците, како од резултатот на референдумот така и од дамките што оваа кампања дефинитивно ќе ги остави врз него.