Пораките од 2018 година

486

Циркус Медрано се врати

Во вистинските циркуси, кога на дресерот и скротувачот ќе им падне камшикот, никој не се возбудува премногу, бидејќи знае дека тоа е само најобична претстава. Жално е што државата, нејзиниот уставен и правен поредок се третираат како циркус, што политички дресери со камшик, пардон амандмани, се обидуваат да го скротат, односно прекројат уставниот и правен поредок
29-30.12.2018


Тегнење уши, ама чии

Пораката за тегнење уши е израз на длабоко непочитување и понижување не само на личноста на премиерот на една суверена држава, на институцијата што тој ја претставува, туку, индиректно, и на сите нејзини граѓани. Ова уште еднаш најсликовито ги покажува тактиката и политиката што Грција и досега ги применувала и сѐ уште ги применува кон Република Македонија. Политика на постојано удирање заушки, закани, уцени и преземање казнено-поправни мерки за секој наш изречен збор што ним не им се допаѓа
8-9.12.2018


Експериментот Македонија

Листата на политички и економски експерименти од независноста до денес е долга и широка. Почнувајќи од болната и долга транзиција, приватизацијата, многубројните економски и индуцирани политички кризи, војната од 2001-та, па до преспанскиот договор и промената на Уставот – сето тоа се индуцирани, контролирани експерименти, спроведувани било однадвор било однатре
1-2.12.2018


Политичко убиство на правото

За жал, во случаите со и околу Република Македонија историјата и практиката покажале дека кога станува збор за примена и почитување на меѓународнотo право тоа повеќе се користи како параван за остварување нечии туѓи интереси, отколку како алатка за решавање на проблемите
24-25.11.2018


Сто пораки и исто толку парадокси

Во македонскиот речник поимот „парадокс“ се толкува како нешто неверојатно, неочекувано, нешто наспроти здравиот разум, нешто бесмислено. И кога постојано ви се повторуваат вакви ситуации, кога парадоксот станува реалност, невозможното – можно, незамисливото – лесно остварливо, кога одговорноста не постои, човек навистина не знае дали вреди воопшто да се трошат зборови на ваквите појави. Или можеби токму тоа е и целта. Да ве убијат во поим, што се вели, да ве исцрпи бесмисленоста, да се замати разумот, да отапи сечилото, да изветрее мастилото…
17-18.11.2018


И „Нова Македонија“ во преамбулата

И за да нема каква било забуна со игрите и парадоксите во политиката и реалноста и тежината на моментот. Првиот македонски дневен весник, внатре или надвор од преамбулата, и понатаму останува на своите јасно утврдени позиции во одбрана на македонизмот, националните и идентитетски прашања, што е предвидено уште од одлуките на АСНОМ и провејува од првиот број на весникот до денес
10-11.11.2018


Александар не го давам за жива глава

Сите оние што колку-толку навиваат да се сменат името, Уставот, идентитетот и сѐ што бара Грција, нѐ уверуваат дека тоа не боли ништо, дека ќе ни биде многу поубаво, ќе се европеизираме итн. нека дадат личен пример на другите. Нека се прекрстат прво самите себеси. И новото име што ќе си го изберат да им важи ерга омнес. И за внатрешна и за надворешна употреба
12-13.5.2018


Македонија (не) е Свазиленд

Кралот на Свазиленд, Мсвати Трети, решил да го смени името на неговата држава, некогашна колонија, и во иднина таа да се вика еСватини. На другиот крај од светот, во една многу поцивилизирана, подемократска и поразвиeнa средина, во срцето на Европа, од една друга исто така мала држава, Република Македонија, се бара да го смени своето име. Се сели ли колонијализмот од Африка во Европа?!
21-22.4.2018


Улогата на вратоврските во политиката и во двојазичноста

Имам некој чуден впечаток дека Македонија како држава и политичките гарнитури што раководат со неа, сега и долги години наназад, страдаат од синдромот на пресилно стегната кравата. Притоа вратоврската, која други ни ја избираат и ставаат околу вратот, најчесто е и со погрешен дизајн, лош материјал, пренагласени бои, кои не соодветствуваат со реалноста и со потребите на државатa
17-18.3.2018


Нимиц „се прекрстува“ во Никос (мучос) Драхмос

Поголема шега од измислениот спор за името нема во светски рамки. Затоа и сметав дека е поефикасно и поцелисходно уште на почетокот од текстот на бесмисленоста, апсурдот и лудоста на спорот да им се спротивставиме со доза потсмев, шега и иронија. Зашто имам впечаток дека колку што сме посериозни, постудиозни, поодговорни, потемелни во намерите да покажеме кооперативност и да ја истераме правдата, толку подолен, посрамен и попонижувачки третман добиваме, како народ и како држава
3-4.2.2018


Најдоброто ерга омнес-решение

Само нашето право на самоопределување, како Република Македонија, во меѓународното право единствено има дејство на ерга омнес. Ако за вакво ерга омнес се залага Грција, проблемот може да се реши уште денес. За жал, во предлозите на Нимиц не го гледаме ваквото ерга омнес
27-28.1.2018


Грција нѐ призна под уставното име

Веруваме во самоопределувањето на Република Македонија и во мирниот соживот на двата народа и двете држави, во пријателствата на обичните луѓе, на двата народа што ништо не ги разделува. Бараме признавање на националното самоопределување на граѓаните на Република Македонија, но и признавање на малцинствата во Грција. Ова се само некои од барањата што уште во 2008 година, сега владејачката СИРИЗА, на премиерот Алексис Ципрас јавно ги прокламираше заедно со признавање на Република Македонија, на јазикот и на идентитетот. Зошто истото тоа да не се случи и денес, и за што всушност сега преговараме со Грција?
13-14.1.2018