Пелистер (о)стана недопрена туристичка убавина

336

Иронијата да биде уште поголема, за тоа време и натаму седат неискористени средствата што ги одобрија советниците на Советот на општината за реновирање на „Копанки“

Кога на почетокот на осумдесеттите години како млад новинар, заедно со еден мој колега, го посетив Банско во Бугарија, (не)имав што да видам. Банско во тие години беше само едно обично село, во кое функционираа само една гостилница и еден ресторан.
Последните години Банско со Вихрен на Пирин, за овие изминати над три децении стана (не)препознатливо по огромниот број супермодерни хотели, спа-центри и скијачки патеки.

Тогаш, Пелистер важеше за планина што со својата молика и природна убавина нудеше огромни можности, не само за развој на планинарството туку и на зимските скијачки спортови. Денес на Пелистер не само што нема скијачи туку со одредени исклучоци последните години ретко можат да се забележат и битолчани, кои ја посетуваат планината. Неколку години по затворањето на детското одморалиште „Пелистер“, на Пелистер ги нема и децата.
Судбината на Пелистер, за жал, ги следи и потпелистерските села, Магарево и Трново, во кои туристите не застануваат ни на поминување. Пелистер, за разлика од Банско, остана да живее само со господовата убавина. Но старите рекле „од убавина и спомени не се живее“.

Пелистер, за разлика од Банско, остана да живее само со господовата убавина. Но старите рекле „од убавина и спомени не се живее“. Тоа што особено ги иритира
битолчани, кои се познати љубители на планината, е што сите овие изминати неколку децении и години во Пелистер не е вложен ни еден денар за развој на зимско-летниот туризам

Тоа што особено ги иритира битолчани, кои се познати љубители на планината е што сите овие изминати неколку децении и години во Пелистер не е вложен ни еден скршен денар за развој на зимско-летниот туризам. Освен хотелот „Молика“, кој е сопственост на АД ЕСМ, на Пелистер не функционира друг сместувачки капацитет. Битолчани се гневни што речиси седум години на Пелистер стои пеплосан планинарскиот дом „Копанки“.

Иако уште утрината, кога на 29 јануари 2013 година, тогашната локална самоуправа, предводена од поранешниот градоначалник Владимир Талески и неговиот стручен тим од геометри, архитекти, инженери, финансиери…, го посети „Копанки“ и вети брзо негово реновирање, до ден-денес, не е направено ништо за обнова на овој планинарски дом. За домот „Копанки“ во последно време, покрај безброј партиско-политички игри, се водат управноправни, судски постапки и спорови, околу неговиот сопственик, односно дали тоа е ПСК „Пелистер“ или на општината. Иако домот е изграден уште во далечната 1938 година, пред точно 82 години, дури сега се поставува прашањето чиј е домот и дали тој е законски легализиран или не.
Додека ВМРО-ДПМНЕ алибито за нереновирањето на „Копанки“ го бараше во тоа што тврдеше дека домот бил наводно дивоградба и дека додека не се легализира во него општината Битола не може да инвестира буџетски пари, сега СДСМ тврди дека домот е нелегално легализиран и дека додека не се утврди чиј е домот, истиот тој не може да се изгради.

Општината Битола неодамна во дел го поништи решението за легализација на домот за подоцна општинската администрација, постапувајќи по препораките на Министерството за транспорт и врски, во целост да го поништи решението, со кое претходното општинско раководство, на 3 декември 2015 година, домот му го даде во сопственост на планинарското скијачко друштво „Пелистер“. И додека и едните и другите тврдат дека правото и правдата се на нивна страна, планинарскиот дом „Копанки“ цели 7 години стои во руините и пепелта од пожарот, како нем споменик на нашиот менталитет. Иронијата да биде уште поголема, за тоа време и натаму седат неискористени средствата што ги одобрија советниците на Советот на општината за реновирање на „Копанки“.

Фото: Игор Бансколиев