„Оскар“ и за „загадена земја“

645

Пред извесно време трошка надеж даде свикувањето на седницата на Советот за безбедност од страна на претседателот на државата, за да се крене на повисоко ниво проблемот со загадувањето. И се случи советот, но освен констатацијата дека е подигната јавната свест, други ефекти нема. Со право еколошките здруженија бараат нова седница на Советот за безбедност, бидејќи знаат дека без конкретни мерки и проекти нема да се реши проблемот со загадувањето. А со оглед на размерите на загадувањето, не би било лошо тој совет да е во постојано заседание

Минатата година светските метеоролози ја посочија како една од најтоплите откако се мерат температурите, а токму загадувањето е главната причина за глобалното затоплување што води кон сè поекстремните климатски промени манифестирани како суши, поплави, пожари, урагани…
Македонија не е надвор од овие процеси, а во моментот главниот проблем со кој се соочува во текот на зимата е загадувањето на воздухот речиси во сите градови, поради што од година на година се зголемува стапката на смртност меѓу населението. И не е само воздухот. Загадени се реките, езерата, почвата, загрозен е биодиверзитетот…

Во Македонија годишно нешто над 2.000 луѓе умираат од последиците од загадувањето, а 1.600 од овие смртни случаи се поврзуваат со загадениот воздух.
Постојаното одложување на преземање конкретни чекори за намалување на загадувањето ја доведе државата буквално пред свршен чин, па сега со козметички мерки се прават обиди колку-толку да се ублажат последиците.
Вчера почна учебната година и децата се вратија во училишните клупи, со што повторно секое утро и пладне ќе бидат изложени на загадениот воздух, особено ако се има предвид дека повеќето училишта се до фреквентни сообраќајници. Познато е како загадениот воздух дејствува врз респираторните органи на најмладите.
Факт е дека ефектите од краткорочните мерки не се чувствуваат и нема да се почувствуваат сè додека државата не почне да издвојува сериозни средства за екологијата, наместо да им ги полни касите на партиите по основа на освоени гласови на изборите.

Тие веќе започнаа со кампањите за следните предвремени парламентарни избори, а освен што одвреме-навреме си ја префрлаат вината за загадувањето, суштински ништо не нудат, а уште помалку преземаат откако ќе дојдат на власт.
Гасификацијата се најавуваше со години, но примарните гасоводни линии почнаа да се градат пред некоја година, и тоа не поради ажурноста и решителноста на властите туку поради единствената можност Русија да го врати клириншкиот долг преку изведба на гасоводни делници. И толку. Сега се продолжуваат тие делници, но најважното, гасификацијата на повеќето индустриски постројки, јавни објекти и домаќинствата, не е ниту на повидок, бидејќи локалните самоуправи немаат никаков капацитет да спроведат таков проект. Не е ни чудно што земјава и натаму не знае да ги користи европските фондови, бидејќи ретко кој знае да изработи проект, па, така, милиони евра остануваат неискористени.

Уште пострашно е што функционери во клучни ресори се буквално како изгубени во просторот и времето и, наместо сериозно да се зафатат со решавање на проблемите, тие се правдаат дека тоа не било нивна работа, а отчетот пред партијата им е поважен отколку отчетот пред народот. Очигледно во оваа држава функциите се доживуваат како награда со која партијата им се одолжува на заслужните за ангажманот за време на изборните кампањи.

Да, оваа година не е толку загадено, но само благодарение на, како што рековме, нејзиното височество природата. И таа гледа со кого си фатила работа, па го ресетира воздухот над ова мало парче загадена земја, која филмскиот свет деновиве ја доживува како „медена“. Насловот на филмот говори дека Македонија е медена земја, но во реалноста, како впрочем и во самиот филм, луѓето во неа се изложени на неверојатни услови за живот, а нејзините „главни актери“, меѓу другото, не им го овозможуваат ниту основното човеково право, да живеат во здрава средина

Оние, пак, најповиканите, инспекторите, чекаат некој да слика со мобилен телефон и да ги извести дали некаде има загадување, како што беше случајот со неодамнешното поцрвенување на водите на реката Серава, па додека да дојдат и да земат мостри од водата, реката самата се исчистила.
Среќна околност е што оваа зима имаме малку поветровито време, па така воздухот самиот се прочистува, инаку ќе се задушувавме во смог и чад.
Пред извесно време трошка надеж даде свикувањето на седницата на Советот за безбедност од страна на претседателот на државата, за проблемот со загадувањето да се крене на повисоко ниво. И се случи Советот, но освен констатацијата дека е подигната јавната свест, други ефекти нема. Со право еколошките здруженија бараат нова седница на Советот за безбедност, бидејќи знаат дека без конкретни мерки и проекти нема да се реши проблемот со загадувањето. А со оглед на размерите на загадувањето, не би било лошо тој совет да е во постојано заседание.
Јасно е дека вината не треба да се бара кај оваа или онаа влада, од пред две, пет, десет или 20 години, туку виновни се сите, од политичарите до граѓаните. Првите, сепак, многу повеќе од вторите.

И сега некој ќе рече, па оваа година не е толку загадено оти мерките од планот за чист воздух давале резултати, а низ медиумите само се шири неоправдана паника врз основа на податоци од „али експрес сензорите“, додека државните, оние скапо платените, не се земаат предвид.
Па, како да се земаат предвид кога при секое поголемо загадување мистериозно откажуваат, па со месеци се чека да бидат поправени, најчесто додека помине зимата.
Да, оваа година не е толку загадено, но само благодарение на, како што рековме, нејзиното височество природата. И таа гледа со кого си фатила работа, па го ресетира воздухот над ова мало парче загадена земја, која филмскиот свет деновиве ја доживува како „медена“.

Насловот на филмот говори дека Македонија е медена земја, но во реалноста, како впрочем и во самиот филм, луѓето во неа се изложени на неверојатни услови за живот, а нејзините „главни актери“, меѓу другото, не им го овозможуваат ниту основното човеково право, да живеат во здрава средина. Затоа не треба никој да се наоѓа погоден од некој кажан збор или констатација, наше е да пишуваме и да алармираме постојано, работа на функционерите е да работат и да го дадат најдоброто од себе за нештата да тргнат на подобро. Можеби тогаш ќе ни потече не само мед туку и млеко, и во реалниот свет.