Не испуштајте ниедна буква од извештајот на ЕК за Македонија!

943

Неодамнешниот извештај на ЕК покажа дека Македонија забележала „умерен напредок“, но со годините стагнација и назадување на оваа земја ѝ е потребен турбонапредок за барем малку луѓето да почувствуваат дека нешто мрднало напред. Вака никој не го чувствува напредокот, туку имаат чувство дека Брисел нè сожалува, па прави кованици од типот „умерен“ само за да стои терминот напредок. Ако се испушти една буква од тоа „умерен“, можеби ќе се добие вистинската слика за напредокот сите овие 30 години.

Силна дебата се разви деновиве за тоа дали пратениците во Собранието треба да работат онлајн или со физичко присуство, а сето тоа поттикнато од последните случаи со зараза на неколкумина пратеници со ковид-19, поради што под знак прашалник се доведува работењето на законодавниот дом.
За опозицијата работењето онлајн значи кршење на Уставот и Деловникот, за власта адаптирање на новонастанатата ситуација, така што сите имаат некакви аргументи на своја страна, но само од функционално решение би имале полза државата и граѓаните, а не од инатење. Уште потрагично е доколку во целата оваа ситуација зад сцената се одвиваат некакви партиски тактики, без оглед дали се од страна на опозицијата или на власта, секој со своите интровертни партиски аспирации, едните да ја задржат власта, другите да ја урнат.
А не толку одамна токму политичките лидери во земјава повикуваа дека што поскоро, без оглед на екот на пандемијата, мора да се одржат избори за да се добијат функционални институции, кои првенствено ќе се справат со здравствената криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, а уште повеќе и со економските последици од таа криза, за да не ни се случи целосен колапс на економијата и на здравствениот систем.

Изборите се одржаа, а по три месеца исчекување заради преструктурирање на институциите, во насока на делотворност, ефективност, функционалност, повторно реалноста ни покажува нешто друго, нешто спротивно. „Офлајн“ собранието е најпластичниот пример за нова форма на неделотворност. Можеби не со директна вина на пратениците, но тие мора да решат како ќе одлучуваат. Граѓаните го очекуваат тоа! Неодамнешниот извештај на ЕК покажа дека Македонија забележала „умерен напредок“, но со годините стагнација и назадување на оваа земја ѝ е потребен турбонапредок за барем малку луѓето да почувствуваат дека нешто мрднало напред. Вака никој не го чувствува напредокот, туку имаат чувство дека Брисел нè сожалува, па прави кованици од типот „умерен“ само за да стои терминот напредок. Ако се испушти една буква од тоа „умерен“, можеби ќе се добие вистинската слика за напредокот сите овие 30 години.
Е, сега е прашањето како ќе има напредок, макар и „умерен“, кога нема кој да ги гласа законите, кога нема да има конструктивна расправа меѓу власта и опозицијата за тоа што е важно за државата, кога сè се сведува на термините „режим – мафија“, а проблемите се таложат.

Сега евентуалниот застој на Собранието може да блокира носење на многу закони, меѓу кои и на буџетот, што директно ќе се одрази и врз функционирањето на државата и на граѓаните, доцнење на платите и на пензиите, застој на проектите и на помошта на економијата, но и на реформите потребни за евроинтегративниот процес на земјата.
Сакам да ви раскажам една случка од пред неколку години, за да ви илустрирам што ѝ недостига на оваа држава изминативе 30 години и зошто постојано ни се случуваат истите пропусти.

Изборите се одржаа, а по три месеца исчекување поради преструктурирање на институциите во насока на делотворност, ефективност, функционалност, повторно реалноста ни покажува нешто друго, нешто спротивно. „Офлајн“ Собранието е најпластичниот пример за нова форма на неделотворност. Можеби не со директна вина на пратениците, но тие мора да решат како ќе одлучуваат. Граѓаните го очекуваат тоа!

Го однесов автомобилот на поправка во една автомеханичарска работилница и, бидејќи беше студен декемвриски ден, останав таму да почекам додека завршат со интервенцијата. Мајсторот, постар човек, на некои седумдесетина години, веднаш се зафати со работа, а цело време покрај него се моташе чиракот, момче што само што беше завршило средно образование. За сето време на поправката речиси ништо не прозбореа, иако чиракот постојано му подаваше некакви алати и делови.
По некое време мајсторот му се обрати на чиракот и му рече да оди да му купи цигари (класика), а овој веднаш го послуша и брзо шмугна низ вратата на гаражата.
– Го гледате детево – ме праша мајсторот.
– Го гледам, многу е вредно и послушно – му реков.
– Тоа настрана. Ова дете злато вреди. Ако забележа, не требаше ништо да му кажам, а тој секој алат точно ми го подаваше. Тоа е затоа што постојано следи што работам и ги предвидува работите однапред. Знае дека ми треба црево, ми подаде црево. Знае дека ќе ми треба и затегнувач, и тоа го направи. Затоа го чувам, само не сум сигурен дека ќе успеам да го задржам оти неговите другари сите заминаа во странство – ми раскажа мајсторот.

И можеби некој ќе помисли што е важна оваа приказна во сето ова.
Важна е затоа што во оваа земја 30 години нема чираци, луѓе што ќе ги предвидат работите однапред, што ќе работат во насока да бидат подготвени за секој чекор што следува. Така е во сите области, судство, образование, здравство, екологија, економија… „Мајстори“ (читај политичари) има колку што сакаш, „чираци“ ни за лек.
Ако во март ни се случи пандемијата, да имаше некој добар „чирак“ можеби веднаш ќе се зафатеше со изработка на онлајн платформа за училиштата, наместо тоа да се прави три дена пред почетокот на учебната година со некаква национална платформа, која веднаш падна (не знам ни дали стана), а децата работат на „Мајкрософт тимс“. Истото тоа важи и за Собранието.
Значи, приказните од типот дека не е можно нешто да се направи веќе не ги прифаќаат ниту малите деца, впрочем тие некако се и подобро технолошки потковани од своите родители, така што и пратениците треба да заборават на политичките интриги и да почнат конечно да работат во интерес на граѓаните.

Впрочем, тие граѓани си го изложија сопственото здравје летово за да им дадат мандат, а нивно е да се договорат дали ќе работат онлајн или офлајн, дали ќе го променат Деловникот или ќе најдат некој друг начин. Сè може да се постигне со договор и да се промени Деловникот, па и Уставот ако треба, со единствена цел државата да не остане заглавена во ситнопартиските пресметки, оти како што тргнала работава со бројките на новозаразени со ковид-19 на дневна основа, не ни претстои розова иднина во периодот што следува.
Како и да е, политичарите полека го губат кредибилитетот кај народот и ако повторно ја изиграат неговата доверба, тогаш слободно ќе може да работат „офлајн“ од дома.