Насловот – идентичен со последниот филм на Столе Попов

404

Сега ќе ги замолиме Грците на средбата во Атина да ни бидат олеснувачи за спорот со Бугарија. Бидејќи Грците точно знаат за што се работи… А и бидејќи истото тоа го минале со нас: народ, јазик, историја… сето тоа Бугарите да си го негираат. Исто како и Грците. Па, потоа повторно според насловот на филмот од гореспоменатата легенда на македонскиот филм и режија. Ќе ги тужиме во Хаг, а тие ич не треба да се грижат (како и Грците), бидејќи, всушност, тоа е рецептот за нивната (бугарска) победа

Не толку одамна, пред потпишувањето на Преспанскиот договор, на 17 јуни 2018 година во Нивице, европските дипломати, политичари или олеснувачи, дури и оние чии држави ја имаа признаено Македонија под уставното име, кога ќе беа во официјална посета на земјава, при давањето изјави за медиумите, невешто избегнувајќи да го изречат вистинското име Република Македонија, ја ословуваа како вашата држава, оваа држава, државата…
Таквото ословување тие најчесто го толкуваа за да не се замерат со Грција. А можеби и нас да нѐ поштедат од употребата на привремената референца ФИРОМ? Ајде, можеби…
Но треба ли да потсетиме дека спорот наметнат од Грција за името со децении ја кочеше Република Македонија да ги почне преговорите за нејзините евроинтеграции и членството во НАТО? Не треба, секако. Но, еве, ептен блиц-мемо.

Откако „двете страни“, кажано со речникот од Спогодбата ‘95, Првата (Грција) и Втората (Република Македонија) во таа 1995 година, со Привремената спогодба се договорија да се договараат за решавањето на спорот за името, низ Вардар протече многу вода.
Цели 24 години Скопје настојуваше да го реши, а Атина да не го реши спорот за името… а да се најде име под кое европското (ама и американското) милениче Грција ќе се согласи Македонија да ги продолжи евроинтегративните процеси, без притоа јужниот сосед со блокади да ја кочи на тој пат за Брисел.
Дури и великиот суд во Хаг донесе пресуда, во име на правдата на меѓународното право, во наша корист! Имено, дека вистината и правдата (утврдената фактичка состојба) се дека Грција со години активно нѐ спречува во интеграциските процеси со ЕУ. И ние ѝ простивме на Грција. Не валоризиравме ништо од пресудата. Дури самите, премолчно но активно, ја деактивиравме таа историска победа.

Кој рече дека од осамостојувањето водиме мазохистичка надворешна политика и погреши?
И токму со потпишувањето на Преспанскиот договор (по сценарио како насловот на последниот филм на Столе Попов), во Нивице, се мислеше дека конечно ќе биде ставена точка на блокадите од страна на Грција за почеток на преговорите за членство во ЕУ, деновиве Македонија се соочува со нови закани за блокада… и тоа од Бугарија. Ама сега ќе ги замолиме Грците на средбата во Атина да ни бидат олеснувачи за спорот со Бугарија. Бидејќи Грците точно знаат за што се работи… И бидејќи истото тоа го минале со нас: народ, јазик, историја… сето тоа Бугарите да си го негираат. Исто како и Грците. Па, потоа повторно според насловот на филмот од гореспоменатата легенда на македонскиот филм и режија. Ќе ги тужиме во Хаг, а тие ич не треба да се грижат (како и Грците), бидејќи, всушност, тоа е рецептот за нивната (бугарска) победа. Македонците ќе тужат, Хаг ќе ја утврди вистината, Македонците ќе го добијат спорот, ама веднаш потоа ние, преемпатичните Македонци, ќе се сожалиме на поразот на Бугарите и ќе се повлечеме по победата – како поразени. Или барем како да е нерешено, за да не се налутат Бугарите.

И великиот суд во Хаг донесе пресуда, во име на правдата на меѓународното право, во наша корист! Имено, дека вистината и правдата (утврдената фактичка состојба) се дека Грција со години активно нѐ спречува во интеграциските процеси со ЕУ. И ние ѝ простивме на Грција. Не валоризиравме ништо од пресудата. Дури самите, премолчно но активно, ја деактивиравме таа историска победа. Кој рече дека од осамостојувањето водиме мазохистичка надворешна политика и погреши?

Сепак ни се први соседи. Па, ете, така исто направивме со Грците, па сега ептен се соработува на секој можен план. Така ќе биде и со Бугарите. Грците имаат ноу-хау за напредокот на Македонија. Тоа е тоа.
Но, ајде пак малку да се навратам на мазохистичкиот приод во борбата на нашата самобитност, различност и идентитет. Ако во изминатите децении некако се навикнавме на какви не условувања и ултиматуми од страна на нашите соседи, сепак навистина е несфатливо што некои наши политичари, локални или државни функционери, се прават поголеми Грци од Грците, или Бугари од Бугарите, па со нивното екстремно емпатично (не сакам да кажам поданичко) однесување и додворување не само што се деградираат себеси туку ја деградираат и државата и ги иритираат чувствата на граѓаните.
Ако донекаде може(в)ме да ги разбереме европските олеснувачи, кои со своите средства и методи ја „олеснуваат“ секоја ситуација и кои во настојувањето да не се олеснат први Грците го избегнуваа името Република Македонија и нѐ ословуваа со „оваа држава“ или „вашата држава“, несфатливо е што и некои наши државни, па дури и локални функционери, деновиве, на одбележувањето на Осми септември, Денот на независноста, невешто, во своите изјави за јавноста избегнуваа да го изустат името на државата – Македонија. Веројатно да не се олеснат пред олеснувачите. Ама потоа е проблем бришењето.

Да бидам сериозен. Ваквото бришење на името на Македонија не е ништо друго освен, во најмала рака, понижување на државата, слично од оние на какви што бевме сведоци во изминатиот период, кога странски дипломати во го избегнуваа името на Република Македонија.
Иако таквото ословување ни паѓаше тешко, сепак бевме свесни дека тие европски дипломати изоставањето на името на државата некогаш го правеа и против своја волја, да не се замерат со Грција, која против секој што ќе го спомнеше уставното име Република Македонија поднесуваше демарши.
Изоставањето на името Македонија, и тоа на денот кога се прогласени нејзината самостојност и независност, е најблаго речено не само неприфатливо туку и понижувачко. Тоа не само што не го заслужуваат граѓаните на Македонија туку најмалку револуционерите, пред чии спомен-обележја се полагаа цвеќиња, а кои со своите животи се вградија во темелите на македонската држава.
Со ваков начин на „штитење“ на Преспанскиот договор не само што се фрла пепел на темелите на македонската држава туку не се чуваат ни нејзиниот суверенитет и интегритет.
Затоа, крајно време е да не се правиме поголеми Грци и од Грците и до таа мера да се понижуваме, па дури и за внатрешна употреба, во сопствената држава, да не го спомнуваме името Македонија.

Ако со Преспанскиот договор политичарите се согласија на промена, не мора сега да го бришеме и името Македонија. Такво нешто не постои ни во Преспанскиот договор, каде што „страните прифаќаат дека нивното разбирање на термините ’Македонија’ и ’македонски’ се однесува на различен историски контекст и културно наследство“.
„Во однос на Втората страна (Македонија), овие термини ги означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура и наследство, кои се особено различни од оние што се наведени во членот 7, став (2)“, пишува буквално во Преспанскиот договор.
Дајте да бидеме смртно сериозни кога е во прашање нашата слобода.