Наместо политички бомби, економски бум

438

Денес веројатно на сите ни е јасно, особено по многубројните укажувања на домашните, но и на странските експерти, дека во Македонија без константен економски пораст од најмалку 5-6 отсто нема да се почувствува значително подобрување на животниот стандард на граѓаните. За изедначување со просечниот стандард на жителите во европските земји ќе ни треба многу повеќе од тоа

Бројките за економскиот пораст на државата постојано се присутни во медиумите, било да станува збор за прогнози за годишен раст, било пак да се тоа бројки за реализираниот раст. Но факт е дека тие премногу често се споменуваат. Темите за тоа со колкава стапка треба да расте бруто-домашниот производ за да се подобри стандардот на македонските граѓани честопати се на насловните страници на весниците, но и покрај тоа изостанува посакуваниот економски пораст, кој би резултирал и со подобар живот за граѓаните.

Генерално може да се каже дека Македонија расте со некоја стапка од 3 отсто, иако постојано има варијации низ годините. Дури и кога некоја година ќе ни се случи поголем економски пораст, над нашиот таканаречен просек од 3 проценти, односно кога ќе се оствари 4 или 5 отсто пораст на БДП, потоа неминовно следува крах и стапката драстично паѓа.

Денес веројатно на сите ни е јасно, особено по многубројните укажувања на домашните, но и на странските експерти, дека во Македонија без константен економски пораст од најмалку 5-6 отсто нема да се почувствува значително подобрување на животниот стандард на граѓаните. За изедначување со просечниот стандард на жителите во европските земји ќе ни треба многу повеќе од тоа.
Политичките теми и проблеми со кои се соочува државата од осамостојувањето па до денес, постојано се надвиснуваат и нѐ држат во една состојба, која не ни овозможува да одиме напред. Согледувајќи дека политиката е главниот кочничар на економскиот раст и на стандардот на граѓаните, владините претставници во изминатиов период во неколку наврати ветуваа дека оваа година ќе биде година на економски бум, и дека по решавањето на одредени политички проблеми ќе ѝ се посветат на економијата. Но како што искоментира еден наш аналитичар, секоја година треба да биде година на економски бум и секоја година економијата треба да биде на прво место за власта, бидејќи само со економски пораст и подобар животен стандард се оди напред на кое било поле.

Дилемите што се наметнуваат на самиот почеток на годината, како и очекувањата за следните месеци, не оставаат простор многу да им се верува на ветувањата. Политичките проблеми повторно се надвиснати над Македонија, а веќе во почетокот од годинава, поради промената на Уставот, економските теми повторно се потиснати во втор план. Освен тоа, иако власта најави економски бум, прогнозите што секоја година ги даваат како странски, така и домашни институции, покажуваат дека и оваа и следната година се очекува БДП да расте до досегашното просечно ниво.
Според прогнозите на Светска банка за тековната 2019 година, македонската економија треба да порасне за 2,9 отсто. За разлика од СБ, Народната банка на Република Македонија за тековната 2019 година ни прогнозира пораст од 3,5 проценти.

Согледувајќи дека политиката е главниот кочничар на економскиот пораст и на стандардот на граѓаните, владините претставници во изминатиов период во неколку наврати ветуваа дека оваа година ќе биде година на економски бум, и дека по решавањето на одредени политички проблеми ќе ѝ се посветат на економијата. Но како што искоментира еден наш аналитичар, секоја година треба да биде година на економски бум и секоја година економијата треба да биде на прво место за власта, бидејќи само со економски пораст и подобар животен стандард се оди напред на кое било поле

Без да навлегуваме детално во разликата помеѓу очекувањата на различни институции за порастот на домашната економија, ќе се осврнеме повеќе на фактот дека низ годините честопати прогнозите за пораст беа проектирани над вистинскиот пораст, кој државата успева да го оствари. Притоа честопати институциите и во текот на годината што изминува ги менуваа, а најчесто намалуваа прогнозите за пораст.
Изминатата 2018 година првичните очекувања на СБ беа дека порастот ќе изнесува 3,2 отсто, прогноза што подоцна беше ревидирана. Во 2017 година имаше минимален пораст од 0,2 проценти, а прогнозите велеа дека се очекува прво 2,8 отсто, за во текот на годината да има корекција на 1,5 процент економски пораст. И претходната 2016 година имаше солидни прогнози за пораст од 3,7 проценти, но таа заврши со пораст од 2,8 отсто.

Покрај разликите помеѓу очекувањата за економски пораст и вистински остварениот пораст на бруто-домашниот производ, прогнозите што ги даваат институциите не укажуваат на тоа дека оваа година нѐ чека значително подобрување во економски поглед. Доколку се оствари и највисоката проекција за економски пораст од 3,5 проценти, тоа нема да има никакво влијание врз стандардот на граѓаните. За вистински економски бум ни треба многу поголем економски пораст, но клучното прашање е како до него. Сигурно дека Владата не е единствената што треба да се бори за пораст на економијата, дека за порастот е потребно сите чинители заедно да го дадат најдоброто од себе за поквалитетен производ или, пак, за поквалитетна услуга, бидејќи на тој начин тие повторно ќе бидат барани, а ако производите се барани тогаш ќе расте и нивната вредност. Но она што мора државата да го направи, е да обезбеди подобри услови за развој на економијата, да обезбеди фер услови за сите компании, да владее правото и да нема привилегирани, туку квалитетот да биде најбитна референца за поддршка, а компаниите да можат слободно да се борат на пазарот конкурирајќи си едни со други. Од друга страна, државата треба да обезбеди и брза и квалитетна услуга и сите државни институции преку својот кадар, кој во месеците пред и по Нова година значително се доекипираа, треба да работат со полна пареа за навремено и точно обезбедување на побаруваните услуги за компаниите, но и за граѓаните.