Накривена преговарачка рамка

727

Сега не е ниту место ниту време да се навлегува детално во толкувањата за етимолошкото потекло на самиот збор недела, за нејзиното верско значење и третирањето како неработен ден во одделните фази на развојот на трудовото право и на трудовото законодавство. Исто така, веројатно е непотребно сега да се објаснува и тоа дека не само актуелниот момент туку и целиот овој тридецениски транзициски период, како и природата на некои дејности, сосема сигурно не го дозволуваат тој луксуз недела и во практика да се третира како неработен ден. Нереално е да се очекува и оти, во овдешните услови, барем во скоро време, додека самиот пазар не го регулира тоа, тие што мора да работат во недела, за тоа ќе бидат и соодветно платени. Но некој да си гради политичка кариера, да си собира политички поени и да си ја пополнува шупливата агенда со ветувањето дека ќе ја прогласи неделата за неработен ден е навистина навредливо

Од перспектива на млад политичар, особено на оној на кој државната функција му е прв работен ангажман, сите реформи и сите општествени процеси започнуваат со неговото устоличување и завршуваат со истекот на неговиот мандат. Ништо пред и ништо по тоа, за него не постои. Или ако постои, тогаш е за секаква критика и осуда, а граѓанството ниту чита, ниту гледа, ниту памети. А во амбиентот на ниското ниво на општествената самодоверба, општиот песимизам и впечаток дека некакви значителни придвижувања во позитивна насока се невозможни, како и на скромната политичка понуда, речиси никаква јавна критика и на крајната интелектуална запуштеност, тоа главно ѝ поминува. Уште повеќе, сето тоа на младите политичари, но и на оние повозрасните, им овозможува дури и неограничено еуфорични настапи од кои, со силината на нескротливите океански бранови, ја заплиснуваат јавноста со целосно превртени тези, искривени факти и нереални ветувања.
Така, деновиве, додека светот се задушува од недостигот од кислород и сите напори се насочени кон спасување на животите и на економијата, во Владата, како во најубавите мирновременски услови, си ја пополнуваат агендата со иницијативата „за прогласување на недела за неработен ден“.

Дури си најдоа и партнери за „преговори“ меѓу синдикалните лидери. И на никој од нив не му текна и никој не им кажа дека, ако веќе решиле, наместо за „неработна недела“, треба преговараат за работна недела, бидејќи неработна недела, иако не секаде гарантирана со закон и не директно дефинирана со конвенции, директиви и други правни документи, е дел од европското културно наследство за кое во 21 век, а особено во услови на пандемија, е навистина смешно да се преговара – барем онака како што тоа го дефинираа од Владата.
Сега не е ниту место ниту време да се навлегува детално во толкувањата за етимолошкото потекло на самиот збор недела, за нејзиното верско значење и третирањето како неработен ден во одделните фази на развојот на трудовото право и на трудовото законодавство.

Додека светот се задушува од недостигот од кислород и сите напори се насочени кон спасување на животите и на економијата, во Владата, како во најубавите мирновременски услови, си ја пополнуваат агендата со иницијативата „за прогласување на недела за неработен ден“. Дури си најдоа и партнери за „преговори“ меѓу синдикалните лидери. И на никој од нив не му текна и никој не им кажа дека, ако веќе решиле, наместо за „неработна недела“, треба да преговараат за работна недела, бидејќи неработна недела, иако не секаде гарантирана со закон и не директно дефинирана со конвенции, директиви и други правни документи, е дел од европското културно наследство за кое во 21 век, а особено во услови на пандемија, е навистина смешно да се преговара – барем онака како што тоа го дефинираа од Владата

Исто така, веројатно е непотребно сега да се објаснува и тоа дека не само актуелниот момент туку и целиот овој тридецениски транзициски период, како и природата на некои дејности, сосема сигурно не го дозволуваат тој луксуз недела и во практиката да се третира како неработен ден. Нереално е да се очекува и оти, во овдешните услови, барем во скоро време, додека самиот пазар не го регулира тоа, тие што мора да работат во недела, за тоа ќе бидат и соодветно платени. Но некој да си гради политичка кариера, да си собира политички поени и да си ја пополнува шупливата агенда со ветувањето дека ќе ја прогласи неделата за неработен ден е навистина навредливо.
Уште понавредливо е тоа што оваа итроштина се обидува да ја протне Владата, која, барем во нејзиниот значителен дел, се декларира како социјалдемократска, и што никој од редовите на нејзините идеолошки подалечни и поблиски роднини, социјалисти, левичари, разни заштитници на човековите права…, не реагира. Или ова веќе е прашање за социолози и за психолози? Па, дури и за психијатри?
Во меѓувреме, некој би требало да им објасни на луѓето од власта оти можеби би им било подобро да не се занимаваат со работничките права, зашто очигледно не разбираат дека со политиката на потценувањето на јавноста, која во најголем дел ја чинат токму работниците, не се крева конкурентноста на стопанството, туку, напротив, се намалува продуктивноста, со што се елиминира секаква можност не само за неговиот напредок туку и за остварување на достоинствено општество. А особено ништо од тоа нема да се постигне со нереални ветувања.

И ако веќе сите досегашни политички, економски и општествени кризи воопшто не им помогнале на политичките елити да го согледаат тој факт, каде и да е, ќе ја почувствуваат пандемиската шлаканица за неиздржаноста на таквите политики и за неодржливоста на воспоставениот начин на владеење. А тоа за никого нема да биде добро.
Ваквиот заклучок не произлегува од песимистичкиот став или од некакви лоши намери, туку од искуствата, кои говорат дека треба да се биде крајно внимателен кога станува збор за ветувањата на политичарите и дека речиси сите тие што продефилираа низ политичката сцена во изминатиов период, независно од нивната партиска ориентација, додека се на власт, нештата ги претставуваат во розови, добронамерни тонови. Но кога сето тоа ќе се погледне низ вистинската светлина, се откриваат нивните сосема спротивни намери.

[email protected]