Мора да се „игра“ многу внимателно

784

Минатата година, со помалку од 20 ковид-случаи, беше одлучено да се затворат сите гранични училишта и факултети во државата. Годинава имаме вакцина, но во исто време имаме и поопасни соеви, како и по 800 нови случаи на ден, а се размислува за целосно отворање на училиштата и за враќање на учениците во училишните клупи. Затоа многу е важно властите да направат правилна процена во однос на почетокот на учебната година и да дејствуваат зависно од ковид-ситуацијата, затоа што приоритет треба да остане здравјето на населението

Неспорно е дека наставата со физичко присуство е од суштинско значење за целиот процес на учење, но и на целокупната благосостојба на учениците. Изминатава година, на светско ниво се покажа дека физичкото и емоционалното здравје на децата и на младите е длабоко погодено од пандемијата на ковид-19. Ограничувањата на училиштата, односно нивното затворање и воведувањето модели на учење што значително ја намалија директната интеракција помеѓу децата, нивните врсници и нивните наставници, значително го нарушија процесот на учење, ја влошија образовната нееднаквост и ги лишија децата од друга поддршка и активности достапни преку училишта, вклучувајќи физичка активност, спорт, програми за храна…
Сево ова е доволна причина некои држави да сметаат дека од суштинско значење е да се оди напред, односно образовните, физичките и менталните потреби на учениците да бидат приоритетни и заштитени, за да се обезбеди одржливо присуство на ПН. Некои држави сметаат дека од суштинско значење е да се оди напред, односно образовните, физичките и менталните потреби на учениците да бидат приоритетни и заштитени, за да се обезбеди одржливо присуство на училиште, односно учење со физичко присуство. Но дали е сосема безбедно ваквото сценарио, со оглед на фактот дека на две недели пред почетокот на новата учебна година, доктори предупредуваат дека токму децата се погодени од ковид-19, односно дека развиваат потешка клиничка слика за разлика од претходно кога поминуваа со лесни симптоми?
училиште, односно учење со физичко присуство. Но дали е сосема безбедно ваквото сценарио, со оглед на фактот дека на две недели пред почетокот на новата учебна година, доктори предупредуваат дека токму децата се погодени од ковид-19, односно дека развиваат потешка клиничка слика за разлика од претходно кога поминуваа со лесни симптоми?

Пред да се одлучи што ќе се прави, можеби не е лошо властите да имплементираат мерки за организација на наставата на начин што ќе одговара на конкретната општина/училиште, зависно од тамошната локална епидемиолошка слика. И онака во игра се три сценарија, првото е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, во согласност со сите усвоени протоколи. Второто сценарио предвидува наставата да биде како и во 2020/2021, која се покажа како коректна алтернатива – дел од учениците да посетува настава со физичко присуство под посебни протоколи, а дел да реализира онлајн настава. Третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање.
Сепак, неопходно е да се има предвид и фактот дека докторите предупредуваат дека ковид-19 ја напаѓа и детската популација. Ако децата лесно го поминуваа вирусот, сега се случува на некои од нив да им е потребна и кислородна поддршка. Како што тврдат некои од нив, децата што се обраќаат за помош на лекар имаат покачена телесна температура, затнат нос, чувство на слабост и малаксаност, па откако се тестираат излегува дека се позитивни на вирусот. Ова искуство покажува дека можеби и треба посериозно да се разгледа ставот на некои доктори кога велат дека се апсолутно против децата да одат на училиште, особено сега, кога и тие се разболуваат, а не дека само го шират вирусот. Делта-варијантата реално се покажува како позагрижувачка од претходните варијанти, а се покажува и дека вакцината не го спречува ширењето на вирусот и не ја исклучува смртноста. Затоа, „мора да се игра“ многу внимателно.

Некои држави сметаат дека од суштинско значење е да се оди напред, односно образовните, физичките и менталните потреби на учениците да бидат приоритетни и заштитени, за да се обезбеди одржливо присуство на училиште, односно учење со физичко присуство. Но дали е сосема безбедно ваквото сценарио, со оглед на фактот дека на две недели пред почетокот на новата учебна година, доктори предупредуваат дека токму децата се погодени од ковид-19, односно дека развиваат потешка клиничка слика за разлика од претходно кога поминуваа со лесни симптоми?

На социјалните мрежи, поборниците за учење онлајн реагираа неодамна, па членовите на групата ,,Поддршка за онлајн настава“ испратија писмо до премиерот, во кое бараат повторно да се овозможи онлајн настава. Тие предупредија дека во повеќе училишта во Канада и во САД, уште минатото полугодие направиле план да им се овозможи онлајн настава на учениците за учебната 2021/2022 година по барање на нивните родители, па побараа и тие да имаат такво право. Родителите потенцираа дека физичкиот престој во училиште под маски и каква било физичка дистанца во преполни училници не ги овозможуваат ефектите што ги очекуваат властите, зашто таквата средина е стресна, неизвесна, не е поволна за развој, социјализација и едукација на учениците и, според нив, таквата средина го овозможува натамошното ширење на вирусот.
Минатата година, со помалку од 20 ковид-случаи во Македонија, беше одлучено да се затворат сите гранични училишта и факултети во државата. Годинава имаме вакцина, но во исто време имаме и поопасни соеви, како и по 800 нови случаи на ден, а се размислува за целосно отворање на училиштата и за враќање на сите ученици во училишните клупи. Затоа многу е важно властите да внимаваат и да направат правилна процена во однос на почетокот на учебната година и да дејствуваат зависно од ковид-ситуацијата, затоа што приоритет треба да остане здравјето на населението.