Маскираните

276

Примопредавањето на власта и на државно и на локално ниво, таму каде што царуваат законите, а не мафијашките кодекси маскирани со идеолошки заблуди, е прецизно регулирано за да не се случи некој да остави неред и буџетска дупка над која неговиот наследник цел мандат ќе лелека. Примопредавањето е чин на примање и предавање на должност, работа, власт. Така пишува во македонскиот речник и во речниците на сите други јазици. Но дека некој во земјава не ги почитува јазичните правила и дека овој термин упорно го осиромашува токму за неговиот суштински дел, се потврдува деновиве, како и по секои избори или реконструкции на влади во изминативе години…

СДСМ и ДУИ маскирани во новата влада уште еднаш ја положија заклетвата во парламентот, но дали ја исполнија претходно дадената, од пред неколку години? Дека министерската, премиерската, а сега веќе и уште некои дивоизградени позиции, за чие легализирање се потребни уставни и законски измени, ќе ги извршуваат совесно и одговорно и дека ќе ги почитуваат Уставот и законите? Навистина тешко прашање.
Имено, во изминатиов период бевме сведоци на политичката бурлеска во која старо-новиот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, прво категорички ја одбиваше секоја можност за одење на предвремени парламентарни избори, за потоа, сепак, да реши да излезе на политички мегдан со објаснување оти му е потребен поголем број пратеници за да се ослободи од стегите на, исто така, старо-новиот коалициски партнер – ДУИ. Откога, под досега невидено висок ризик, изборите беа спроведени и изборниот биланс беше подвлечен, Заев триумфално ја потврди коалицијата со ДУИ. А дека токму тој имаше најмалку причини за триумфализмот, времето ќе покаже.  Но тоа не е тема во оваа приказна.

Она што и овој пат, за жал, се потврди, а со што и се востанови многу лоша и, се плашам, ненадоместливо погубна практика, е тоа дека луѓето, поранешни функционери, можат да си заминуваат од функциите без никаква одговорност и без да ги поднесат завршните сметки, на што се принудени дури и касиерките во маркетите или возачите на градските автобуси. Кога некој ќе ја заврши смената или си заминува од работната позиција, тој мора да го прикаже билансот на своето работење, со сите плусови и минуси. Но тоа е бремето што мора да го носат само обичните смртници. Избраните и именуваните функционери во државната и во локалната власт, тоа го „решаваат“ со заедничкото испивање кафе и со фотографирање, како да се некакви естрадни ѕвезди, а не луѓе што беа поставени, не за да ги забавуваат, со сите двосмислености што ги подразбира овој збор, другите, туку да одлучуваат за прашањата што се клучни за нивите животи, професии и бизниси.

Она што и овој пат, за жал, се потврди, а со што и се востанови многу лоша и, се плашам, ненадоместливо погубна практика, е тоа дека луѓето, поранешни функционери, можат да си заминуваат од функциите без никаква одговорност и без да ги поднесат завршните сметки, на што се принудени дури и касиерките во маркетите или возачите на градските автобуси. Кога некој ќе ја заврши смената или си заминува од работната позиција, тој мора да го прикаже билансот на своето работење, со сите плусови и минуси. Но тоа е бремето што мора да го носат само обичните смртници. Избраните и именувани функционери во државната и во локалната власт, тоа го „решаваат“ со заедничкото испивање кафе и со фотографирање…

Сериозните држави го уредија тоа со закон. Примопредавањето на власта и на државно и на локално ниво, таму каде што царуваат законите, а не мафијашките кодекси маскирани со идеолошки заблуди, е прецизно регулирано за да не се случи некој да остави неред и буџетска дупка над која неговиот наследник цел мандат ќе лелека.
Примопредавањето е чин на примање и предавање на должност, работа, власт. Така пишува во македонскиот речник и во речниците на сите други јазици. Но дека некој во земјава не ги почитува јазичните правила и дека овој термин упорно го осиромашува токму за неговиот суштински дел, се потврдува деновиве, како и по секои избори или реконструкции на влади во изминативе години. Поранешните функционери си прават рокади на функциите или едноставно си ги напуштаат како да се истрошени љубовници од кои немаат веќе што да земаат и на кои никогаш и не имале намера нешто да им дадат, освен моментална забава.
Востановената практика на предвремени парламентарни избори, ротации на министри и владини реконструкции, доведоа до ерозија на сфаќањето на одговорноста на министрите, не само за големите афери туку и за сработените и несработените редовни задачи во нивните ресори. Со тоа демократијата ја изгуби политичката супстанција со која вообичаено во општеството се остварува универзалниот принцип на правна, морална и политичка одговорност.

Затоа и одговорноста на министрите за користење на парите на даночните обврзници и на државните ресурси е пресудна за надминување на жалната ситуација во која доминираат партиските, семејните и другите парцијални интереси девалвирајќи ги темелните демократски принципи.
Останува дилемата како да се оствари реалната одговорност на министрите, наместо јавноста да се занимава со бесконечните и најчесто банални судски процеси или со евтините маркетиншки трикови со кои само ѝ се фрла прав во очите и да се прекине традицијата на аферите без епилог? И прашањето, дали, како општество, сме зрели за конструктивни кадровски промени?

Практично, многу е тесна врската помеѓу кадровирањето и системот на одговорност зашто во услови кога изостанува афирмативен систем на одговорност, кој го наградува успехот, а го санкционира неуспехот, последиците се мултиплицираат во форма на нетранспарентен избор на кадрите, под нејасни и сомнителни критериуми, а со објаснувања оти се направени некакви длабински анализи и согледувања. Така, на кадрите, на кои им е овозможено да ги ставаат личните интереси над општите, јасно им се дава до знаење дека системот на одговорност е потиснат на маргините и дека нема да бидат подложни на преиспитување, што во суштина е девијантно пројавување на демократијата, поточно на нејзината злоупотреба.

[email protected]