Кој е посилен – избирачите или прелетувачите?

447

Колку и да се обидуваат некои да пронајдат нешто многу загадочно и да разберат зошто Заев по големиот број акробации и компромиси при обезбедувањето на двотретинското мнозинство во парламентот дури сега ја смета за прифатлива таквата опција, колку и да настојуваат да ја разберат неговата математика решавајќи равенки со повеќе непознати, таа е многу проста. Толку што дури и Амди Бајрам можеше да ја објасни. „Јас секогаш сум со власта“, беа неговите зборови, кои испровоцираа многу потсмев во јавноста. Дури и од оние што во суштина функционираат според истиот принцип, само што јавно тоа го претставуваат како некаков повисок интерес. А такви има многу. И ќе ги има уште повеќе…

Власта, или барем поголемиот дел од неа, ја прифати дебатата за евентуални предвремени парла ментарни избори заедно со претседателските, што по постигнувањето договор за името со Грција ја наметна опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Мошне зачудувачки пресврт во моментот кога на Владата веќе не ѝ е неопходно двотретинското мнозинство за уставни измени заради спроведувањето на договорот и кога се знае дека до пред извесно време премиерот Зоран Заев категорично ја отфрлаше можноста за предвремени парламентарни избори, со образложение дека не смее веќе да се губи енергија и дека Владата мора да се фокусира на економските реформи и на европската агенда. Но само за оние што сѐ уште веруваат во некаква принципиелност во политиката. Имајќи ја предвид сета недоследност на политиката, тоа сепак не треба да зачудува. И колку и да се обидуваат некои да пронајдат нешто многу загадочно и да разберат зошто Заев по голем број акробации и компромиси при обезбедувањето на двотретинското мнозинство во парламентот дури сега ја смета за прифатлива таквата опција, колку и да настојуваат да ја разберат неговата математика решавајќи равенки со повеќе непознати, таа е многу проста. Толку што дури и Амди Бајрам можеше да ја објасни.

„Јас секогаш сум со власта“, беа неговите зборови што испровоцираа многу потсмев во јавноста. Дури и од оние што во суштина функционираат според истиот принцип, само што јавно тоа го претставуваат како некаков повисок интерес. А такви има многу. И ќе ги има уште повеќе како што ќе се зголемуваат очекувањата дека Заев се доближува до апсолутната власт. Веќе видена приказна. Сите сакаат да се до победникот. Што поблиску и што подолго. Така што воопшто не треба да биде изненадување ако наскоро повторно биде промовирана една навистина проширена, но нималку продлабочена коалиција, а сепак доволна за да се засили парламентарното мнозинство, а со тоа и владината позиција во парламентот.

Тоа, пак, автоматски го објаснува и вториот мотив: со парламентарните да се спасуваат претседателските избори, поточно да се обезбеди цензусот за избор на претседател, што веќе извесно време претставува сериозен проблем, и покрај тоа што законскиот праг на последните претседателски избори беше спуштен.

Сосема издржани, но повторно задоцнети барања ако веќе се размислува предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со претседателските. Затоа што, едноставно, нема време за промени во изборната регулатива, како ни за пописот. Тие, впрочем, и го знаат тоа. Исто како што веќе добро го знаат и повеќето граѓани гласачи. На последниот референдум повеќето од нив веќе се определија за третата политичка опција: пасивност. Власта би требало да е свесна за тоа. И би требало да знае дека освен на изборната прогноза, многу внимание би требало да ѝ обрне и на метеоролошката прогноза за денот на гласањето…

Така, ќе има кој и да ги гласа и да ги потпишува указите за прогласување на законите. Ослабената опозиција ќе може да се слика на протести и со свои иницијативи за оспорувања на актите на Собранието пред Уставниот суд. Сѐ додека повторно не се создаде некаква критична маса за генерирање нова политичка криза и евентуален пресврт, од кој сосема извесно нема да произлезе никаков суштински напредок.
На таквиот развој на настаните укажува веќе виденото сценарио, според кое повторно се игнорира потребата од спроведување попис и со вообичаено задоцнување се иницираат измени во изборниот систем. А кога станува збор за пописот, треба да се каже оти не е клучно притоа само да се изврши пребројувањето според национална припадност, како што многумина се обидуваат да нѐ убедат. Иако, не е ниту неважно.

Но многу побитно е конечно да се знае што точно останало во земјава, со каков човечки и секаков друг капитал се располага, зашто во спротивно сето она што ќе го понудат политичките партии, како мерки и политики, во своите предизборни програми, ќе биде базирано на нереални основи. Многу битно, на пример, е да се знае дали во некои места треба да се градат градинки или старски домови? И дали воопшто до тие места треба да се градат патишта? Или, која е смисла во некое место да се донесе странски инвеститор што ќе гради фабрика ако таму нема работна сила?

Вториот момент се, како што е веќе кажано, задоцнетите барања за измени во изборната регулатива. Како и секојпат, откога веќе добро ќе замириса на избори, главно помалите партии, кои по правило гравитираат кон власта, повторно ја афирмираат идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица и кога се гласа на парламентарни избори заради, како што велат, демократизација на државата и демонтажа на еднопартискиот систем. Само со една изборна единица, според нив, составот на парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето битни одлуки за перспективите на државата. Постојниот изборен модел, како и начинот на финансирање на политичките партии, медиумската презентација во текот на кампањата, затворените кандидатски листи, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на органите за спроведување избори и многу други нешта, како што веројатно со право забележуваат, ги форсира двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години само да си ја примопредаваат власта, без какви било шанси и можности на власт да дојде некаква трета опција. Сосема издржани, но повторно задоцнети барања ако веќе се размислува предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со претседателските. Затоа што, едноставно, нема време за промени во изборната регулатива, како ни за пописот. Тие, впрочем, и го знаат тоа.

Исто како што веќе добро го знаат и повеќето граѓани, гласачи. На последниот референдум повеќето од нив веќе се определија за третата политичка опција: пасивност. Власта би требало да е свесна за тоа. И би требало да знае дека освен на изборната прогноза, многу внимание би требало да ѝ обрне и на метеоролошката прогноза за денот на гласањето, бидејќи има гласачи што, во последен момент, во зависност од времето, ќе одлучат дали да гласаат или не, особено ако воздухот надвор е позагаден дури и од политиката.