Колку големо треба да е извинувањето до обичните, мали луѓе

310

Дали ќе запрат системското насилство, селективната правда, дивеењето и грабежот на јавните пари? Дали граѓаните, како индивидуи и како колективитети изложени на секакви видови насилство, ќе бидат обесштетени? Дали ќе добијат гаранции дека тоа нема да се повтори, или барем не масовно како досега? Во предизборието, за очекување е дека ќе има и такви ветувања. Веројатно ќе има и куртоазни, неискрени извинувања. Но дали има уште некој што ќе им поверува?

Далеку зад галопирачките настани, веќе прекриена со дебел слој прав, остана минатонеделната вест дека група пратеници бараат Собранието да изгласа резолуција за осуда на масовните повреди на човековите права во земјава и да им се извини на граѓаните. Значи, не станува збор за извинување до некоиси заталкани „елмасровци“ или до жртвите на некои поранешни режими, како што досега се бараше, туку за извинување „на граѓаните, како и на членовите на нивните семејства, на кои им е нанесена неправда со акти на кривично гонење и други видови репресија, кои се осудени без основа и без докази, без правна постапка или со нејзино кршење или со други видови кршење на слободите и правата“, во периодот од стекнувањето на државната независност па досега.

Јасно дека сите понекогаш грешат, несвесно и од невнимание, и свесно, поради погрешни убедувања и процени, но и затоа што се дрски, нетактични и бескрупулозни. Последиците се тешки онолку колку што тежи функцијата на тој што ја сторил грешката во општеството. Затоа последиците на институционалните грешки може да бидат дури и монументални, какви што на пример, во моментов, се видливи на секој чекор поради погрешната одлука на политичките елити на случаите на тешкиот криминал и корупцијата на највисокото ниво да им се даде ексклузивно право на процесирање надвор од редовниот правосуден систем

Во прв момент можеше да се помисли оти оваа иницијатива е од формален карактер, во функција на одбележувањето на завчерашниот Меѓународен ден на човековите права. Или, пак, дека е во функција на претстојните избори – вешто додадена топка до власта или до опозицијата, со која, меѓу другото, тие би се обиделе да ја повратат прокоцканата доверба на граѓаните. Но, независно од мотивите за оваа иницијатива, таа секако може да се искористи како повод на сите оние што веќе трескавично се во потрага по исполнувачите на гласачките ливчиња, барем добро да им се истријат носевите за сѐ што неоправдано им го ускратија на граѓаните или со што, исто така, неоправдано ги обременија нивните животи. Иако заднината на предложената резолуција, како што веќе рековме, е дискутабилна и по сѐ изгледа таа би требало да се однесува на политички експонираните личности, недозволиво е да се занемарат и сите оние анонимни мали луѓе, кои не добија правичен третман од страна на правосудниот систем. А голем број такви случаи констатираа релевантни домашни и меѓународни фактори. Токму завчера, Хелсиншкиот комитет и народниот правобранител, за жал, не првпат, обелоденија дека, освен на постапувањата и непостапувањата на судската власт, граѓаните, во значителен број, исто така се жалат и на повредите на правата од областа на социјалната и здравствената заштита, работните односи и на дискриминација по разни основи. Точно дека овие случаи не се ни приближно толку сензационални како политичко-судските сапуници, но последиците што ги трпат директно оштетените и индиректно членови на нивните семејства сигурно не се ништо помали од тие што ги имаат оние на кои се однесува резолуцијата. Ако на тоа се придодадат и чинителите какви што се загадувањата на животната средина, урбаниот хаос и секојдневниот терор на политичката некултура и насилството на кои им се изложени сите граѓани во земјава, од најмалиот до највозрасниот, на пример, тогаш претставниците на Владата, и на оваа сега и на сите претходни, до крајот на нивните животи, не би требало да престанат да се извинуваат за сето она што го сториле и што не го сториле тие и нивните соработници. И дали со тоа барем ќе запре растечкиот тренд на прекршувањата на основните човекови права и слободи, на индивидуално и на колективно ниво? Дали ќе запрат системското насилство, селективната правда, дивеењето и грабежот на јавните пари…? Дали граѓаните, како индивидуи и како колективитети изложени на секакви видови насилство, ќе бидат обесштетени? Дали ќе добијат гаранции дека тоа нема да се повтори, или барем не масовно како досега? Во предизборието, за очекување е дека ќе има и такви ветувања. Веројатно ќе има и куртоазни, неискрени извинувања. Но дали има уште некој што ќе им поверува?

Јасно дека сите понекогаш грешат, несвесно и од невнимание, и свесно, поради погрешни убедувања и процени, но и затоа што се дрски, нетактични и бескрупулозни. Последиците се тешки онолку колку што тежи функцијата на тој што ја сторил грешката во општеството. Затоа последиците на институционалните грешки може да бидат дури и монументални, какви што на пример, во моментов, се видливи на секој чекор поради погрешната одлука на политичките елити на случаите на тешкиот криминал и корупцијата на највисокото ниво да им се даде ексклузивно право на процесирање надвор од редовниот правосуден систем, за што беше формиран и посебен орган наречен специјалното јавно обвинителство, кое патентирало сопствен начин на истерување на правдата, со рекет. Но негови „жртви“ не се само оние што носеа, или што не сакаа да носат, торби со пари. Жртви се сите граѓани во земјава.

Тие, не само што повеќекратно финансиски се оштетени, како даночни обврзници, туку и затоа што некој овозможил целиот систем, предолго време, да оди во погрешна насока, тие страдаа и сѐ уште страдаат од лошото здравство, образование и социјална заштита, незаштитените работнички права, загадената животна средина и, воопшто, од високотоксичниот амбиент во државата.

[email protected]