Како илегалецот Груевски се провре низ жилет-жицата на Орбан

437

Доколку би постоел начин за нејзино воспоставување, дијагнозата за денешна Македонија, најверојатно, би била колективна фрустрација и генерално чувството на неуспех на сите полиња. Длабоко компромитираниот систем веројатно е и причина и последица на таквиот неуспех и фрустрација. А во центарот на сето тоа стои политиката, чија главна константа е дека политичарите постојат само заради себеси. А политичарите, како што некој досетливо ги дефинира, се луѓе што ќе ви ги протресат раката пред изборите и довербата по изборите

Додека македонските владини претставници, во нови костуми и полни со ентузијазам, во Брисел го започнуваа подготвителниот скрининг за поглавјето 24, насловено „Правда, слобода и безбедност“, во Македонија се одвиваше драматична потрага по поранешниот премиер, актуелен пратеник и почесен претседател на најголемата опозициска партија, а од неодамна осуденик на затворска казна во траење од две години за случајот „Тенк“, против кого, патем, се водат судски постапки за повеќе други кривични дела. Името и ликот, повеќе или помалку, им се познати на сите, во и надвор од земјава. Драмата кулминира со кратката фејсбук-објава на самиот Никола Груевски, кој порача дека е во Будимпешта, каде што побарал политички азил поради, како што напиша, безбројни закани по неговиот живот. А, да! Порача и дека секогаш ќе ѝ остане верен на каузата за Македонија.

Некогаш одамна наречената оаза на мирот ќе експлодираше од напливот на емоции, преточени во сеирџиски пораки со крајно спротивставени содржини: од огромно количество разочарување и револт кон надлежните што дозволиле Груевски да избега од земјава до триумфалистички извици на поддршка за постапката со која ги надмудрил политичките противници. Оазата на мирот се претвори во оаза на сеирот од кој, покрај крајно навредливите, поучните и предупредувачките, произлегоа и голем број мошне духовити пораки. Да ти се насолзат очите. И да се задушиш во солзите кога ќе помислиш „а што прават оние нашите во Брисел“?! Ги убедуваат тамошните бирократи оти македонското законодавство е усогласено со правото на ЕУ, особено во делот на правдата, слободата, безбедноста, миграциите… Среќа што скринингот, или утврдувањето на усогласеноста на националните законодавства со правото на ЕУ, е технички процес и досега немало случај тој да бил прекинат, инаку…

Но затоа веднаш реагираше Европската комисија, која укажа дека владеењето на правото е темелен принцип на Европската Унија за земјите-членки исто како и за земјите-кандидати, изрази очекување дека сите страни ќе се однесуваат строго во согласност со правилата и нагласи дека ова е „судска процедура што не смее да се политизира“. Тоа што Груевски влегол во Унгарија и таму побарал азил, комисијата одби да го коментира.

Некогаш одамна наречената оаза на мирот ќе експлодираше од напливот на емоции, преточени во сеирџиски пораки со крајно спротивставени содржини: од огромно количество разочарување и револт кон надлежните што дозволиле Груевски да избега од земјава до триумфалистички извици на поддршка за постапката со која ги надмудрил политичките противници. Оазата на мирот се претвори во оаза на сеирот од кој, покрај крајно навредливите, поучните и предупредувачките, произлегоа и голем број мошне духовити пораки. Да ти се насолзат очите. И да се задушиш во солзите кога ќе помислиш „а што прават оние нашите во Брисел“?!

Уште нови прашалници. И уште безброј сеирџиски одговори. Особено кога се знае дека Унгарија, иако мошне непослушна, сепак е членка на Европската Унија. Освен тоа, официјалната политика на Унгарија е антимигрантска, особено кога станува збор за нелегалните миграции. А Груевски, како што веќе е потврдено, не бил регистриран за излез на ниту еден од граничните премини во Македонија, ниту, пак, според првичните информации од Будимпешта, било евидентирано негово влегување во земјата. Дали тој, сепак, се провре низ жилет-жицата и илегално влегол во Унгарија, како што, наводно, излегол од Македонија, останува да се види. Државните граници, очигледно, стануваат многу релативна работа и кај земјите-членки на ЕУ и кај земјите-кандидати за членство во Унијата.

Исто како што, во овој случај, се релативизира и правото. На кои сѐ начини се прави тоа, деновиве многу слушнавме и уште ќе слушаме од правниците.
Она што во моментов е побитно, бидејќи може да резултира се долготрајни и тешки последици, освен повторното промовирање на политиката на неказнивоста, е акумулирањето на досега невиденото количество фрустрации, како кај директно, така и кај индиректно засегнатите од овие случувања.

Доколку би постоел начин за нејзино воспоставување, дијагнозата за денешна Македонија, најверојатно, би била колективна фрустрација и генерално чувството на неуспех на сите полиња. Длабоко компромитираниот систем веројатно е и причина и последица на таквиот неуспех и фрустрација. А во центарот на сето тоа стои политиката, чија главна константа е дека политичарите постојат само заради себеси. А политичарите, како што некој досетливо ги дефинира, се луѓе што ќе ви ги протресат раката пред изборите и довербата по изборите.