Историскиот потоп на СЈО

1219

Многумина поверуваа дека формирањето на СЈО е почетокот на враќањето на владеењето на правото и директна закана за корумпираните политички елити, поради што и се толерираa неговото вонинституционално дејствување, ситните, но и оние малку покрупни гафови на неговите експоненти, неговите несразмерно високи трошоци во однос на редовните обвинителства… Постојаното спуштање на прагот на толеранцијата доведе до апсурдни ситуации во кои јавноста повеќе се забавуваше со модниот имиџ на обвинителките отколку со суштината на нивното работење, а културата на неказнивоста и селективната правда не сaмо што не беа зауздени туку продолжија да опстојуваат со упорност на бактерија резистентна на антибиотици

Кога летоска, за време на неподносливите жештини, при една од моите редовни вечерни прошетки, малку ми се заврте во главата и побарав најблиска клупа за да се соземам, бев затечена од брзата реакција на човек од некое приватно обезбедување, кој веднаш ми пријде и почна да ме испрашува која сум, што сум, што барам тука… Откога со тешко дишење му кажав дека сум само случаен минувач, кој се обидува да фати здив, тој љубезно ми понуди чаша вода, но јас веќе малку се прибрав, му заблагодарив и тргнав понатаму.
Дури по неколку дена ми текна, при поминувањето на истата маршрута, да го кренам погледот за да видам зошто мојот краток одмор на клупата можел некого да го вознемири. Сфатив дека сум седела на клупата што се наоѓа пред седиштето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, познато како специјално јавно обвинителство (СЈО). Убаво уредена зграда во центарот на градот, со постојано обезбедување, добро одржувано зеленило, кое во добра мера ја заштитува од доста фреквентната улица и со мошне богат возен парк. Човекот, едноставно, тешко да поверува оти таму би можела да се случи хаварија каква што вообичаено се случува во просториите во кои живеат и работат обичните смртници. Токму затоа веројатно и јавноста реагираше така како што реагираше на веста дека во зградата имало поплава. Со многу емоции и со уште повеќе потсмев.

Особено по првичните информации дека е уништена документацијата од судските случаи „Империја“, „Триста“, „Шпион“… На социјалните мрежи беше демонстрирана ретко видена креативност во реконструкцијата на поплавата и во нудењето решенија за надминување на ситуацијата. Некои одеа дотаму што предлагаа и да се собираат пари за купување фенови со кои ќе се сушат навлажнетите докази. Се разбира дека таков вид помош би бил непотребен за СЈО, кое располага со буџет од околу четири милиони евра годишно, но веројатно добро би му дошле неколку поуки. Пред сѐ за односот кон движната и недвижната сопственост на државата, бидејќи пред вселувањето во сегашните простории, пред нешто повеќе од две години, токму од СЈО, меѓу другото, соопштија дека „се направени соодветни адаптации на објектот во насока на задоволување на сите безбедносни стандарди, како за чување на материјалите со кои располага ова јавно обвинителство така и за заштита на лицата што се сослушуваат“. Колку пари беа потрошени за тоа не беше кажано.

Знам дека споредбата што ќе ја направам сега за многумина ќе звучи невкусно, но сето ова ме потсетува на катастрофалната поплава во Скопско од пред неколку години и на обидот на тогашните власти да ја избегнат одговорноста, нарекувајќи ја поплавата „историска“. И тогаш, игнорирајќи ги повиците на одговорност, главните актери максимално ја користеа трагичната ситуација за сопствена промоција, слично на трите релативно анонимни обвинителки, кои благодарение на еден сомнителен политички проект се издигнаа до ѕвездите, без притоа да испорачаат некакви резултати од нивното повеќегодишно работење. Вистина, многумина поверуваа дека формирањето на СЈО е почеток на враќањето на владеењето на правото и директна закана за корумпираните политички елити, поради што и се толерираa неговото вонинституционално дејствување, ситните, но и оние малку покрупни гафови на неговите експоненти, неговите несразмерно високи трошоци во однос на редовните обвинителства… Постојаното спуштање на прагот на толеранцијата доведе до апсурдни ситуации во кои јавноста повеќе се забавуваше со модниот имиџ на обвинителките отколку со суштината на нивното работење, а културата на неказнивоста и селективната правда не сaмо што не беа зауздени туку продолжија да опстојуваат со упорност на бактерија резистентна на антибиотици.

Откога дури и најголемите оптимисти ја изгубија вербата дека СЈО ќе ги врати правдата и правдината во државата, партиските стројници повторно успеаја понатамошниот статус на оваа творба да го наметнат како во моментов најважно политичко прашање за кое морало да се организира дури и лидерската средба. И тоа на Прочка. Каков апсурд, за продолжување на животот на обвинителството што требаше да води бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата меѓу носителите на највисоките државни функции, да се расправа на празникот на простувањето. И каква порака!?

И откога дури и најголемите оптимисти ја изгубија вербата дека СЈО ќе ги врати правдата и правдината во државата, партиските стројници повторно успеаја понатамошниот статус на оваа творба да го наметнат како во моментов најважно политичко прашање за кое морало да се организира дури и лидерска средба. И тоа на Прочка. Каков апсурд, за продолжување на животот на обвинителството што требаше да води бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата меѓу носителите на највисоките државни функции да се расправа на празникот на простувањето. И каква порака!? За конкретните постапувања и непостапувања на СЈО во изминативе неколку години веќе и премногу е кажано, но мора да се каже оти по сите повеќе или помалку познати неуспеси на обвинителството што требаше да биде главен промотор на владеењето на правото и на правната држава, тешко е да се очекува оти на нивото на државата ќе бидат воспоставени повисоки правни стандарди како еден од клучните критериуми за нејзино интегрирање во НАТО и во ЕУ.

Вистина, од СЈО по многубројните нејаснотии и шпекулации за размерите на штетата од поплавата, на крајот кажаа оти „нема оштетени документи и докази за случаите што ги водат“, што е многу внимателно срочена формулација, но во земја во која возрасен човек, во затворска ќелија, може да се задави во кофа вода, зошто и доказите за најголемите судски случаи што се водат во моментов не би можеле да бидат уништени во еден ваков историски потоп што му се случи на СЈО.