За Трамп слободата на говор е само изговор

190

Директно или индиректно на овој начин, Трамп со своите политики преку најавените рестрикции во работата на компаниите што раководат со социјалните мрежи на некој начин ќе го цензурира и животот на интернет заедно со демократските вредности на луѓето во Америка, но и надвор од неа

Слободата на говорот, политичкото дејствување, но и непреченото јавно изразување критики, очигледно е критериум за кој во светот декларативно се залагаат сите држави, но веќе сосема е јасно дека таа практика за некои земји важи повеќе, а за други помалку. На ваква констатација нѐ наведуваат редица политичко-социјални настани што изминатава недела се одиграа во САД, земја што според многумина е колепката на демократијата и слободата на говорот.
Имено, деновиве кога жртвите од коронавирусот во Америка веќе не можат ниту да се пребројат точно, а земјата е во предизборна претседателска трка, социјалната мрежа Твитер, која е и најважниот досегашен „мегафон“ на Доналд Трамп, првпат ја стави на проверка објективноста на твитовите на американскиот претседател.

Најпопуларната социјална мрежа во моментов во САД, Твитер, стави предупредување на една објавена пораката од Трамп дека води кон дезинформации, во која тој тврди дека гласачките ливчиња испратени по пошта се измама. Експресно како и што се очекуваше поради ова Трамп го обвини Твитер дека ја задушува слободата на говорот. Во тој контекст претседателот на најголемата демократија во светот САД, најави дополнителни регулирања или затворање на социјалните мрежи, кои во исто време ги обвини за политичка некоректност и пристрасност.

Иако звучи парадоксално што Твитер одлучи да тренира строгост кон лицето на кое треба да му додели признание бидејќи токму Доналд Трамп можеби и повеќе од кого било придонесе за популаризација на оваа социјална мрежа, благодарение на оригиналноста и важноста на неговите објавувања, како и на бројот на следбеници, тоа сепак станува реалност.

Во исто време, интересен е уште еден парадокс што Твитер досега не го предупредуваше Трамп кога користеше понеобичен речник, навредувајќи ги и жените, но и медиумските работници за време на пандемијата и кога скоро една година ја навредуваше новинарката Меган Кели на оваа социјална мрежа врз сексуална основа. Но сега Твитер одлучи дека Трамп прекардаши кога изрази сомнеж за легитимноста за гласање на претстојните претседателски избори по пошта и дека тоа може да резултира со „лажирани избори“. Каде е сега слободата на говорот?

Сума сумарум на крајот од денот, светските политички аналитичари ќе оценат дека владеењето на актуелниот американски претседател Трамп ќе биде, благо речено, окарактризирано со многу парадокси и контрадикторности. Најверојатно тој ќе остане запаметен како хаотичен популист, кој со радикални чекори сака да ги размрда темелите на поредокот во земјата и во нејзината дигитална сфера

Кога зборуваме на темите поврзани со социјалните мрежи, лажните вести, слободата на изразувањето, но и политикантството не може а да не се напомене дека сето тоа е во релација и во перфектен баланс како во старата народна поговрка трипати мери, еднаш сечи. Односно, нема демократија ако нема слобода на говорот или нема манипулација и политикантство ако нема лажни вести на социјалните мрежи.
Сума сумарум на крајот од денот, светските политички аналитичари ќе оценат дека владеењето на актуелниот претседател на Америка ќе биде, благо речено, окарактеризирано со многу парадокси и контрадикторности. Имено, тој најверојатно ќе остане запаметен како хаотичен популист, кој со радикални чекори сака да ги размрда темелите на поредокот во земјата дури и во нејзината дигиталната сфера.
Директно или индиректно на овој начин, Трамп со своите политики преку најавените рестрикции во работата на компаниите што раководат со социјалните мрежи на некој начин ќе го цензурира и животот на интернет заедно со демократските вредности на луѓето во Америка, но и надвор од неа.

Она што е несомнено во овој миг е дали под превезот на борбата со дезинформациите на социјалните мрежи и нејзиното влијание врз можните резултати на претседателската трка во САД се навестува ново страдање на демократијата и на слободата на говорот.

[email protected]