Жените ќе го турнат или ќе го кренат ВМРО-ДПМНЕ

1567

За разлика од нивните славни сопартијки, кои се занимаваа со ексклузивно машки работи во партијата и пошироко, какви што се атентатите, кадровирањето, разузнавањето, тендерите и слично, за жените од Унијата постоеше впечаток дека само ги пополнуваат партиските редови на митинзите и делат вапсани јајца за Велигден. Но последниот можеби недоволно осмислен, но секако храбар настап на првата меѓу нив Даниела Рангелова, како и на нејзините придружнички, сосема ја смени сликата за нивното политичко дејствување и отвори една сосема нова перспектива на функционирањето на актуелното, но и доскорашното раководство на партијата. Во моментот кога Рангелова отворено и без никакви задршки проговори за повеќенасочните притисоци на кои веќе подолго време била изложена, таа меѓу другото кажа и оти од партискиот лидер ѝ била дадена една недела да размисли дали ќе работи како што ќе ѝ каже тој или ќе се разидат. Човекот, сепак, ѝ понудил две опции

Ниту атентаторките Менча Карничева и Мара Бунева, ниту моќната Ратка Димитрова и, можеби најмоќната досега, но и мошне контроверзна, Доста Димовска, ниту политичарката во сериозен подем Ганка Самоиловска-Цветанова и нејзината реплика Елизабета Канчевска-Милевска не ги затресоа ВМРО историската и наследничката и ВМРО-ДПМНЕ, со сите нејзини разграноци со различни суфикси, како дамите од последното раководство на Унијата на жените, кои во еден ден поднесоа речиси колективна оставка. За разлика од нивните славни сопартијки, кои се занимаваа со ексклузивно машки работи во партијата и пошироко, какви што се атентатите, кадровирањето, разузнавањето, тендерите и слично, за жените од Унијата постоеше впечаток дека само ги пополнуваат партиските редови на митинзите и делат вапсани јајца за Велигден.

Но последниот можеби недоволно осмислен, но секако храбар настап на првата меѓу нив Даниела Рангелова, како и на нејзините придружнички, сосема ја смени сликата за нивното политичко дејствување и отвори една сосема нова перспектива на функционирањето на актуелното, но и доскорашното раководство на партијата. Во моментот кога Рангелова отворено и без никакви задршки проговори за повеќенасочните притисоци на кои веќе подолго време била изложена, таа меѓу другото кажа и оти од партискиот лидер ѝ била дадена една недела да размисли дали ќе работи како што ќе ѝ каже тој, или ќе се разидат. Човекот, сепак, ѝ понудил две опции. И таа, како што се потврди во меѓувреме, за разлика од повеќето нејзини сопартијци, решила да го искористи правото на избор. Колку нејзиниот избор е мудар и принципиелен, ќе покаже времето. Дали беспоговорно требало да ја следи, според многумина, не секогаш докрај разбирливата политика на партискиот лидер или да тргне по сопствениот пат е сложено прашање, чиј одговор никако не може да биде ниту едноставен, ниту сосема јасен за сите. Особено не во политиката.

Она што досега јасно се наѕираше како контура, а сега, со последните сведочења, само е пополнето со бои и нијанси, целосно ја обезличи партиската хиерархија потпрена врз столбовите исплетени од неспособноста, полтронството и сплеткарењата, карактеристики и инструменти со кои тешко дека може да се гради нешто цврсто и трајно. А никако кога тие се доминантни, така што тие остануваат дури и кога раководствата се менуваат и носителите на таквите карактеристики и корисниците на таквите инструменти само ги зацврстуваат своите позиции со тоа што на секој нов лидер уште повеќе му ја докажуваат својата лојалност. Умните лидери знаат дека за таквите структури најчесто поголема опасност се тие што остануваат отколку тие што заминуваат

Она што досега јасно се наѕираше како контура, а сега, со последните сведочења, само е пополнето со бои и нијанси, целосно ја обезличи партиската хиерархија потпрена врз столбовите исплетени од неспособноста, полтронството и сплеткарењата, карактеристики и инструменти со кои тешко дека може да се гради нешто цврсто и трајно. А никако кога тие се доминантни, така што тие остануваат дури и кога раководствата се менуваат и носителите на таквите карактеристики и корисниците на таквите инструменти само ги зацврстуваат своите позиции со тоа што на секој нов лидер уште повеќе му ја докажуваат својата лојалност. Умните лидери знаат дека за таквите структури најчесто поголема опасност се тие што остануваат отколку тие што заминуваат.

Точно дека оставките во раководството на Унијата на жените не се единствените што деновиве ѝ се случуваат на партијата, дека можеби не толку масовни, но сепак големи пребегнувања од ВМРО-ДПМНЕ имало и порано, но никој толку детално не ја опиша состојбата во партијата како лидерката на жените во заминување. Пораките што таа ги испрати не ги потисна ниту драматичното јавување на еден од нејзините претходно исклучени сопартијци директно во телевизиска емисија со сведочење дека член на неговото семејство бил изложен на смртни закани, ниту новите оставки што следуваа по нејзиното повлекување. А сублимат на сите тие пораки би бил дека состојбата во партијата веќе е неодржлива доколку неодложно не се направат големи резови. Знам дека ова е флоскула, но нема друг начин да се отслика ситуацијата во која постои сериозна опасност власта да остане без опозиција во моментот кога се носат големи одлуки, а колку некој и да не го сака ВМРО-ДПМНЕ, тоа сепак сѐ уште е единствениот политички субјект со потенцијал за опонирање и, се разбира, со легитимитет од над 450.000 гласа на последните парламентарни избори.