Државата не се води како гранапче

345

Веројатно е сосема непотребно сега и тука да се повторува какви сѐ битки на
и зад претходно воспоставените фронтови низ светот се водеа и сѐ уште се водат за вакцините. Своите улоги во тоа ги имаа не само големите и моќни туку и помалите, неретко, на прв поглед, дури и безначајни држави. Ефектите веќе се препознаваат, едноставно, според динамиката на имунизацијата на населението на тие држави, што упатените со право го квалификуваат не само како здравствено туку и како прашање на политичкото влијание и на меѓународен престиж, и конечно како прашање на национална безбедност. Власта во Македонија грицкаше пуканки на трибините за време на трката, задлабочена во размислување како да си направи што подобар маркетинг од мерките што ги преземаше за санирање на последиците од здравствено-економската криза, наместо малку да се позанимава и со наоѓање решение за елиминирање на нејзината причина

Пред само неколку месеци, на многумина веројатно многу наивно им звучеа, вистина, тогаш сѐ уште изолираните тврдења дека вакцината против ковид-19 ќе воспостави нов светски поредок. Но тоа беше пред да заврши трката за нејзиното пронаоѓање. Трката што по многу нешта личеше на трката во вооружувањето од времето на Студената војна, збогатена со огромни дипломатски напори за набавка на потребните материјали, обезбедување континуирано и што поголемо производство, како и подоцна, за дистрибуција на вакцината. Веројатно е сосема непотребно сега и тука да се повторува какви сѐ битки на и зад претходно воспоставените фронтови низ светот се водеа и сѐ уште се водат за вакцините. Своите улоги во тоа ги имаа не само големите и моќни туку и помалите, неретко, на прв поглед, дури и безначајни држави. Ефектите веќе се препознаваат, едноставно, според динамиката на имунизацијата на населението на тие држави, што упатените со право го квалификуваат не само како здравствено туку и како прашање на политичко влијание и на меѓународен престиж, и конечно како прашање на национална безбедност.
Власта во Македонија грицкаше пуканки на трибините за време на трката, задлабочена во размислување како да си направи што подобар маркетинг од мерките што ги преземаше за санирање на последиците од здравствено-економската криза, наместо малку да се позанимава и со наоѓање решение за елиминирање на нејзината причина – самиот вирус, за кој веќе одамна е јасно оти нема да се стави под контрола без вакцината.

Откога не успеа да ги добие „остатоците“ од Грција и од Бугарија, Владата сега се сврте кон „набавка“ на вакцината од Србија, манифестирајќи неразбирливо задоволство што тоа ќе го стори по таканаречените набавни цени. И така, вакцините, за кои постојано се потенцира дека мора да бидат складирани и дистрибуирани под посебно утврдени услови и протоколи, би требало да стигнат во државава како некоја шверцувана стока, како што, само во обратна насока, „течеше“ нафтата во почетокот на 1990-тите. Уште еден аргумент во полза на антиваксерите. Производителите, веројатно, допрва ќе се изјаснат, ако не за ефикасноста, тогаш барем за безбедноста на така набавената стока. Во однос на финансиско-правните аспекти сигурно нема да останат пасивни.
Но наивните сепак веруваат оти така се решаваат проблемите, занемарувајќи го фактот дека влогот, освен здравјето на нацијата, е и брзината на економското заздравување. За политичкото влијание и, ако не за меѓународниот, тогаш барем за регионалниот престиж, како и за националната безбедност, веќе зборувавме. А кога се имаат предвид сите овие фактори, не може да се одбегне констатацијата дека Владата, со ова, свесно или несвесно, ја става Македонија во подредена позиција. Во позиција на зависност, и тоа не од Брисел, од што евроскептиците стравуваат, туку од некој од регионалните центри, независно дали тоа е Белград, Софија или Атина.

Но наивните сепак веруваат оти така се решаваат проблемите, занемарувајќи го фактот дека влогот, освен здравјето на нацијата, е и брзината на економското заздравување. За политичкото влијание и, ако не за меѓународниот, тогаш барем за регионалниот престиж, како и за националната безбедност, веќе зборувавме. А кога се
имаат предвид сите овие фактори, не може да се одбегне констатацијата дека Владата, со ова, свесно или несвесно, ја става Македонија во подредена позиција. Во позиција на зависност, и тоа не од Брисел, од што евроскептиците стравуваат, туку од некој од регионалните центри, независно дали тоа е Белград, Софија или Атина

Како олеснителната околност може да се земе фактот дека овие што сега се во продажба, сепак, не се и најблиску до совршените вакцини. Тие сигурно ќе бидат потиснувани од подобри, како што ќе се напредува со истражувањата и со искуствата. Но и евентуалните тактизирања во таа насока се меч со две сечила ако се имаат на ум препораките на имунолозите дека за постигнување колективен имунитет е потребно имунизацијата да се спроведе во одреден временски период, односно дека ефектот би можел и да изостане доколку од почетокот до крајот на вакцинирањето помине премногу време.
Како и да е, Владата неодамна се пофали дека во годинашнава програма за имунизација определила околу шест милиони евра за набавка на вакцини против ковид-19, но не кажа колку од 70-те милиони евра што Европската комисија ги определи за набавка на вакцините за Западен Балкан се наменети за Македонија и што ќе направи со нив. Впрочем, речиси сѐ што беше соопштено досега во однос на нарачките и набавката на вакцините е контрадикторно и нејасно. Јавноста, со право, очекува јасни информации и прецизни рокови за вакцините, и тоа уште од пред Нова година, кога низ светот започна вакцинирањето. Јануари веќе изминува, а власта сѐ уште се однесува како да управува со гранапче, а не со држава, и тоа кога станува збор за, во моментов, најесенцијалното и најургентно прашањe.

[email protected]