ГПЦ ѝ е пријател на ВП, ВП ѝ е на МПЦ. Значи ли дека ГПЦ е блиска црква на МПЦ?!

1456

Овој чекор на ГПЦ многу ѝ го олеснува патот за МПЦ, а, од друга страна, ѝ остава широк простор за дејствување на Вселенската патријаршија. Почнувањето на процесот за воспоставување канонско и литургиско единство на другите цркви со Украинската автокефална црква е можност и за продолжување на овој процес со втората фаза, во која на дневен ред е македонската автокефалност. Вселенскиот патријарх сега веќе нема пречки да продолжи со иницијативата што ја почна за решавање на отворените прашања во православието. На маса го има македонското барање за апелациска постапка со СПЦ и од него се очекува уште оваа година да го стави во официјална процедура

Вселенскиот патријарх Вартоломеј влегува со сериозна предност во финалето од ривалството за превласт со рускиот патријарх Кирил. Вака со спортски речник може да се долови важноста на последната одлука на Грчката православна црква дека Вселенската патријаршија го има правото да одобрува и потпишува автокефалност за нови цркви во православниот свет. Иако формално ГПЦ одлуката за признавање на Украинската автокефална црква ќе ја носи во октомври на Собор на сите архијереи, сепак оваа одлука на Синодот на ГПЦ му го расчистува патот на вселенскиот патријарх и навестува едно ново поглавје во односите на православните цркви. Грчката црква е една од најважните во блокот грчки цркви и сосема за очекување е дека нејзиниот чекор ќе го следат уште некои други православни центри.

Навестувањето ваков расплет на настаните има голема важност и за Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Тоа е дополнителна надеж дека и процесот за нејзино признавање ќе продолжи пред Вселенската патријаршија. Но она што е најважно е што Грчката црква го легитимира правото на Вселенската патријаршија да одобрува автокефалност, со што практично ги „погреба“ аспирациите на Руската црква, па и на Српската за некаков општ консензус на сите цркви за автокефалност. Сега идејата дека сите поглавари на православните цркви треба да се потпишат на томос за автокефална црква станува беспредметна и останува само желба на црковна Москва да се наметне како најважен фактор во православието.
Овој ветар во грб што го добива Вселенската патријаршија од Грчката црква значи нејзино силно позиционирање во православниот свет, особено што не треба да се заборави дека ГПЦ е една од највлијателните православни цркви. Дополнително, тоа што ГПЦ застанува на страната на ВП е силен удар и за Српската православна црква, која традиционално има блиски релации со Грчката црква.

Како ќе се позиционира СПЦ сега? Дали нападите што српските владици ги правеа кон вселенскиот патријарх изминатиот период сега ќе ги упатат и кон грчките владици? Како сето ова ќе влијае на процесот за признавање на МПЦ?
Сите овие прашања сѐ уште остануваат отворени, како што останува и опцијата СПЦ да го засили својот дипломатски ангажман и да ги разубедува грчките владици да се спротивстават на идејата за автокефалност во Македонија.
За очекување е ГПЦ да опстои на принципиелноста и во изборот меѓу Москва и Фанар да биде логистика на Вселенската патријаршија.

ГПЦ и Фанар ги поврзува и грчкиот карактер на црквите, а тој карактер го делат уште неколку цркви од таканаречениот грчки блок. Тука се Албанската црква, Кипарската, Антиохиската и Александриската патријаршија.
Овој чекор на ГПЦ многу ѝ го олеснува патот за МПЦ, а од друга страна ѝ остава широк простор за дејствување на Вселенската патријаршија. Почнувањето на процесот за воспоставување канонско и литургиско единство на другите цркви со Украинската автокефална црква е можност и за продолжување на овој процес со втората фаза, во која на дневен ред е Македонската автокефалност. Вселенскиот патријарх сега веќе нема пречки да продолжи со иницијативата што ја почна за решавање на отворените прашања во православието.

На маса го има македонското барање за апелациска постапка со СПЦ и од него се очекува уште оваа година да го стави во официјална процедура. Најава за посета на делегација од Вселенската патријаршија на црковен Белград веќе има, а во тие разговори Вартоломеј треба да остане доследен на она што како проект го почна во Украина. Веројатно и самиот знае дека македонското црковно прашање е многу поедноставно за решавање од украинското, пред сѐ затоа што православните верници во Македонија, без разлика на нивната етничка припадност, 99 отсто се припадници на Македонската православна црква. Вториот важен аргумент што ѝ оди во прилог на МПЦ, а со тоа и му го олеснува просторот на Вартоломеј, е фактот дека Српската православна црква повеќе од 70 години нема никаква формална власт и влијание во управувањето на овие епархии од денешна Македонија.

Вселенскиот патријарх знае дека македонското црковно прашање е многу поедноставно за решавање од украинското, пред сѐ затоа што православните верници во Македонија, без разлика на нивната етничка припадност, во 99 отсто се припадници на Македонската православна црква. Вториот важен аргумент што ѝ оди во прилог на МПЦ, а со тоа и му го олеснува просторот на Вартоломеј, е фактот дека Српската православна црква повеќе од 70 години нема никаква формална власт и влијание во управувањето на овие епархии од денешна Македонија. И она што е можеби најважно е фактот дека МПЦ-ОА денес е жива црква со сите елементи и одговорности да биде рамноправен дел од преостанатите православни цркви

И она што е можеби најважно е фактот дека МПЦ-ОА денес е жива црква, со сите елементи и одговорности да биде рамноправен дел од преостанатите православни цркви. Целокупната нејзина организација, и институционално и кадровски, од верници до монаси, ја прави можеби и подостојна за автокефална црква од некои што веќе го имаат таквиот статус.

Овој нов пат што го отвори ГПЦ е многу важен во целиот процес, зашто укажува на канонското право на ВП да им го доделува автокефалниот статус на црквите. Тоа е пат во согласност со каноните и традицијата на Православната црква.
Ако може во Украина, тогаш за МПЦ нема никакви пречки да се спроведе истиот процес, а тоа пак му дава спокојност на вселенскиот патријарх да го продолжи процесот и за нашата црква.
Сега е времето, а патријархот Вартоломеј нема што да чека повеќе!