Воскресение на надежите за препорака од ЕК

1407

Сите политички премрежиња што се ефектуирале и како економски последици, кои ги имаат преживеано (или биле сведоци) граѓаните на Македонија во последниве 25 до 27 години, од нив имаат направено скептици, или во поблага форма „оптимисти со искуство“. Се чини дека најголемиот дел од јавноста со резервираност очекува дека „вратената“ безусловна препорака за преговори со ЕУ од Европската комисија, нешто суштински ќе промени во економскиот статус и перспективи на граѓаните. Во таквиот амбиент на воздржани (ако веќе не е изгубени) очекувања на македонските граѓани, и воскреснувањето на надежите за некаква европска перспектива ќе бидат „условен“ успех од безусловната препорака на Европската комисија

Велигденските празнувања т.е. деновите кога световниот материјализам би требало да се повлече пред духовноста, според Законот за работни односи во Р. Македонија, од денеска се завршени. Според тоа, од денеска старите дилеми и предизвици, како од секојдневниот, така и од политичкиот живот си го враќаат легитимитетот да бидат во центарот на вниманието и очекувањата за иднината на Македонија. Значи, од денеска се очекува да продолжат сите активности за исполнување на ветувањата од политичките чинители во земјава, за воскреснување на надежите за добивање неусловена препорака од Европската комисија за почеток на преговорите на Македонија за влез во ЕУ. Истовремено продолжува и дозираното менаџирање на информациите за јавноста, како своевидно одржување на кондицијата во дипломатските маневри во преговорите за наметнатиот спор од Грција за уставното име на нашата земја. Со спротивставени позиции и ставови на политичките чинители и на јавноста, Македонија поствелигденски треба да влезе во забрзана процедура со реформски надежи за евроатлантска перспектива, од која не се откажуваат ниту власта, ниту опозицијата. Сето ова звучи надежно и помирливо, во духот на неодамнешниот празник, но сите што се упатени во политичкиот живот во земјава (што всушност значи и секојдневна преокупација на пошироката јавност) знаат дека тоа значи враќање на напнатоста и контрадикторноста во борбата за наметнување на својата политичка вистина.

Според претпразничните изјави на лидерите на двете најголеми парламентарни партии (позициската СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев и Христијан Мицкоски, би требало да се очекува возбудлива драматургија на случувањата во Собранието, од денеска до 17 април, денот Д, кога Европската комисија треба да го поднесе извештајот за напредокот на Македонија во реформските чекори на патот до ЕУ. Имено, иако премиерот Заев, а и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потврдија дека и покрај разидувањето на ставовите околу Законот за употреба на јазиците и тримесечниот бојкот на опозицијата на работата на парламентот (од политички и математички причини), парламентарните меѓупартиски комисии работеле на усогласување на законските решенија од владиниот план 3-6-9.

Според кажувањата на премиерот, владиното мнозинство дури направило и максимални отстапки за барањата на опозицијата во поглед на измените на Изборниот законик и промената на изборот на членовите на ДИК, иако тоа воопшто не било на листата од препораките на Рајнхард Прибе. Наводно, направени се толку отстапки за опозицијата да се врати во парламентот и да гласа за законите од планот 3-6-9 за кои е потребно двотретинско мнозинство. Иако и Мицкоски, своевремено му понуди поддршка на Заев за гласање на двотретинските закони, само парламентарното мнозинство да го повлече Законот за употреба на јазиците, само една недела пред новиот „ден Д“, т.е. 17 април, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистира на интерпелација на Владата пред воопшто да почне расправата за реформскиот план 3-6-9. Опозицијата смета дека Владата воопшто не успеала во спроведувањето на реформите во предвидениот рок и дека планот 3-6-9 е чист дебакл.

Со спротивставени позиции и ставови на политичките чинители и на јавноста, Македонија поствелигденски треба да влезе во забрзана процедура со реформски надежи за евроатлантската перспектива, од која не се откажуваат ниту власта, ниту опозицијата. Сето ова звучи надежно и помирливо, во духот на неодамнешниот празник, но сите што се упатени во политичкиот живот во земјава (што всушност значи и секојдневна преокупација на пошироката јавност) знаат дека тоа значи враќање на напнатоста и контрадикторноста во борбата за наметнување на својата политичка вистина

Така, приближно би требало да изгледа „среќниот крај“ на евроинтеграцискиот политички трилер во Македонија, чија епизода би требало да заврши на 17 април. Но македонските граѓани, на кои политиката им е дел од секојдневното живеење, се чини дека повеќе не веруваат во „хепиенд“ ниту во холивудските филмови и во турските серии, а уште помалку во вистинскиот живот. Сите политички премрежиња што се ефектуирале и како економски последици, кои ги имаат преживеано (или биле сведоци) граѓаните на Македонија во последниве 25 до 27 години, од нив имаат направено скептици, или во поблага форма „оптимисти со искуство“. Се чини дека најголемиот дел од јавноста со резервираност очекува дека „вратената“ безусловна препорака за преговори со ЕУ од Европската комисија, нешто суштински ќе промени во економскиот статус и перспективи на граѓаните. Во таквиот амбиент на воздржани (ако веќе не се изгубени) очекувања на македонските граѓани, и воскреснувањето на надежите за некаква европска перспектива ќе бидат „условен“ успех од безусловната препорака на Европската комисија.Токму затоа ќе предложат во Собранието да се расправа за преиспитување на довербата на Владата. Временската рамка за усвојување на законите, кои би значеле исполнување на планот 3-6-9, е тесна (само 7 дена), а евентуалната интерпелација за Владата од страна на опозицијата би одзела барем половина од преостанатиот термин. Таквите лидерски барања и очекувања се сосема во функција на навестување на трилер-драматургија во Собранието во претстојните седум дена, како бура во чаша вода пред „воскресението“ на надежите за враќањето на Македонија на европскиот пат, што би значела безусловната препораката за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, од страна на Европската комисија. Но професионалните проследувачи на спроведувањето на реформите од владиниот план 3-6-9, сметаат дека Владата има добиено и пократка верзија на предвидени реформи, кои треба да се спроведат до 17 април, со кои би ја оправдале довербата за добивање препорака од Европската комисија. Кај експертите, а и во јавноста преовладува уверувањето дека Македонија овој пат ќе добие безусловна препорака од Европската комисија како политичка поддршка на Владата и поттик да продолжи со реформите, кои би требало да ја вратат земјата на брзата лента на евроинтеграциските процеси.

Фото: Игор Бансколиев