Што правиме со Александар и сонцето од Вергина?

Сега кога се стивнати страстите, кога помина изнасилената кампања и се смени името на Република Македонија, се покажува колку некои одредби од спогодбата се неважни, беспредметни, дури комични. Јасно се гледа дека спомениците во Скопје и во другите градови, не се тие што шират омраза, иредентизам, шовинизам и ревизионизам, не се фактори што поттикнуваат насилство и шират непријателство меѓу соседите во која било форма или го загрозуваат територијалниот интегритет на Грција

Ако се запостави скандалот со подмитувањата, односно „рекетот“ во специјалното обвинителство, едно од понормалните актуелни прашања е споменичната иднина на Александар Македонски (Велики) заедно со неговата таткова династичка лоза. Второто е поврзано со првото и се однесува на судбината на ѕвездата (сонцето) од Кутлеш, односно знамето со шеснаесет краци од Вергина. Тие се сега отворени проблеми во грчката политичка творба наречена Северна Македонија, држава тотално раскурцана (да ме извините за зборот) од еден педер.

Како што е познато, тие прашања се наметнати од конечната спогодба за решавање на разликите за името со Грција. Македонската влада, држејќи се коректно за преземените обврски, по поминати шест месеци од стапување во сила на спогодбата, се реши да го промени статусот на спомениците, кои на кој било начин упатуваат на грчката елинска историја и цивилизација. Презеде соодветни дејства – на спомениците на Александар Македонски (Воинот на коњ) и татко му Филип Втори постави табли што овие славни антички личности ги доближуваат до Елините, иако кога живееле не биле Грци, биле нивни жестоки противници.

Овде нема да се разјаснува оваа историска небулоза, како што нема да се расправа ниту за оправданоста на потегот за бришењето на сонцето од Кутлеш (грчки топоним Вергина) од канализациските шахти. Како ни за тоа чиј е симболот со сонцето, симбол што беше официјално знаме на државата неколку години по нејзиното осамостојување. Тие работи се решени со спогодбата со Грција, но не се расчистени во Македонија.
По едно вакво објаснување нормално е да се постави прашањето, како не се расчистени во Македонија, кога сѐ е јасно. Одговорот е „да јасно е, ама не сосема, не во целост“. Постојат низа правни празнини, нема законски прописи како да се стори тоа, нема законска регулатива, што би рекле правниците.

Официјалните изјави од надлежните се дека постапките околу спомениците и знамето се преземаат во согласност со постигнатата спогодба со Грција, документ што е прифатен во Собранието на Република Македонија (тогаш сѐ уште така се именуваше Собранието) и врз чии основи се промени името на државата, а со еден клик на сите документи и на сите македонски институции. Но што е најважно? Најважно е што никаде не пишува дека самата спогодба има сила на закон, туку таа треба да се спроведува врз основа на посебни закони донесени од втората страна, тогаш македонска.

Тука се создаваат дилемите. Во општините што имаат поставено споменици на Александар или на Филип или, пак, на некој начин го имаат во јавна и службена употреба симболот од Вергина не знаат како да постапат. Министерот за локална самоуправа даде објаснување што може, кога може и како може да се спроведува тоа, што е дозволено, што не е. Но тоа е негово добронамерно, лично толкување. Во ниту еден број на „Служен весник“ нема објавено документ, одлука, закон во врска со спомениците и знамето. Дали некој споменик треба да се урива, да се отстранува или да се уништува? Каде и кај треба да се стават табли? Кој е надлежен да дава налог да се бришат шахтите или да се отстрануваат некои други објекти и предмети на кои стои сонцето. Дали за тоа треба да донесе одлуки Владата или соодветната локална самоуправа?

Што значи јавна, што значи службена, а што употреба на знамето во приватни објекти, за приватни организации, за приватни цели? Кои би биле санкциите ако некој ги тргне новопоставените табли, или го користи знамето на некоја свадба, на домашен празник, на приватна забава, на разни „патриотски“ манифестации или одбележување датуми и јубилеи. Кој може да го забрани тоа, по кој член и од кој закон таквите „престапници“ можат да бидат повикани на одговорност и да бидат казнети, со глоба или со затвор? Кое би било обвинението, ако дојде до такво нешто? Многу прашања, малку правни одговори.

Актуелната власт, каква и да е, не смее да си дозволи овие дилеми да ги остави недообјаснети. Односот кон овие прашања не може да се заснова на нечија лична волја, на нечие лично толкување, на премиер, на министер или на градоначалник на некоја општина. За сите постапки мора да има соодветен закон и соодветни општински одлуки, донесени со мнозинство, како што личи во секоја демократска земја. Ако се постапува само по нечиј ќеф, по личен устен или писмен налог, а како оправдување се зема спогодбата за името, утре, другиден, некои непоткупливи правници или некоја нова власт, ќе бараат одговорност, како правна така и политичка, да не речам национална. Може да се претпостави дека некоја идна власт, од разни причини, не само што ќе им ги претресе сите џебови, на оние од сегашната, туку ќе им ги мери секоја точка и запирка, ќе го проверува сечиј потпис. Се разбира, ако сака навистина да изгради правна, регуларна држава, ако не се спогоди околу криминалот и поделбата на парите, како што се спогодувале досегашните.

Некој сигурно ќе забележи и ќе рече „како што немало закон или одлука за изработката и поставувањето, по истиот принцип може да се урива поставеното“. Таквиот принцип би функционирал во поинаква земја, а не во држава што инсистира на право и правда и се стреми кон регулативата на земјите од Европската Унија.
Погледнато од другата страна, секако, за пофалба е што власта не си дозволи да донесе одлука да ги урива подигнатите споменици, што СДСМ не ги послуша своите фашисоидни идеолози, кои бараа(т) булдожери да го расчистат теренот запоседнат од споменици на личности или симболи од македонскиот антички период. Спомениците какви и да се, макар и најлоши, сведочат за своето време, дури и најлошите некогаш се оставаат за поука, да не се повторат истите грешки, ако некому и тоа му е за утеха.

Сега кога се стивнати страстите, кога помина изнасилената кампања и ѝ се смени името на Република Македонија се покажува колку некои одредби од спогодбата се неважни, беспредметни, дури комични во односите меѓу две земји. Јасно се гледа дека спомениците во Скопје и во другите градови, не се тие што шират омраза, иредентизам, шовинизам и ревизионизам, не се фактори што поттикнуваат насилство и шират непријателство меѓу соседите во која било форма. Ниту пак дека знамето со сонцето од Вергина претставува закана кон Грција или го загрозува нејзиниот територијален интегритет или претставува некаква негација на грчката славна историја. Тие пренагласени фактори пред неколку години, денес немаат никакво историско или политичко значење, особено не во Македонија, која за решавање има далеку посериозни прашања и која е исправена пред сериозни егзистенцијални предизвици.

[email protected]