И мене не ми е смешно, ама јас вака плачам

Скроз сум навлечен на ново реално шоу. Комбинација од „Големиот брат“ и „Седум величествени“. Стварно мора да го гледате. Цепки се срцките! Пред некој ден седеа околу маса, кога дојде фотограф да ги чкрапа за на табло и тогаш… и тогаш… простете на возбуда… и тогаш Борче се сврте, па им рече: „А бе, сакате да се сликаме како оној ненормален Вова кога јаваше коњ?“ Леле, како сум се смеел, не се нормални колку се откачени. Тогаш Урсула кажа дека она многу сака да јава и после… и после… некој рече дека Вова јавал гол до појас, а Борче се сврте накај Урсула за да ѝ каже дека сите ќе мора да се соблечат и голи да јаваат. Се згазив од смеење.
Во исто време, Тур де Џо и Ману ле Пррр нешто си шепкаа, ама бидејќи ова е реално шоу, слушнавме што е муабетот. „Можеш ли со еден збор да објасниш арапска еротска поза, секс на точак за двајца во време на нафтена криза?“, го праша Ману, бидејќи Џо е фраер што секоја комплицирана работа може да ја објасни со еден збор. Пред некоја недела рече „Асшфрушбркфчкш“, објаснувајќи ги САД. „Можам“, рече Џо, „Супердизелкалифатфригилистиксексиалидоушс“. Инаку, Г7 се вика шоуто. Гледам и воени приказни. Моментално сум навлечен на сајбер воен мистичен трилер, постмодерна варијанта на „Пофалба на лудоста“ и „Ивкова слава“, соединета во еден метафикциски наслов „Слава глупости!“ Се случува во иднината. Империјата на Соединетите Северноамерикански Црни Дупки и нејзините евросателити по секоја цена сакаат да го уништат соѕвездието Голема Мечка. Затоа, од романот „Снаф“ на Виктор Пељевин ја крадат измислената земја Украина и започнуваат да ја милитаризираат и навлекуваат на нацизам, моќна сајбер-дрога што ја копаат од рудниците за западни вредности. Така вооружени и дрогирани, Украинците започнуваат да ги истребуваат големите мечки што живеат на нивниот евросателит. По неколку години ѝ пука филмот на Големата Мечка, па фаќа да ги дроби Украинците сосе зависниците нацисти и оружјето што им го даваат Северноамериканците и нивните евросателити. Мистичноста е во фактот дека оние што тргнаа да спроведуваат милитаризација и нацификација, сега сами се соочуваат со демилитаризација и денацификација, ама бидејќи се дехуманизирани, подготвени се да се борат до последниот наивен Украинец, ако треба и до конечно уништување на вселената.

Сакам да гледам и сензуална еротика, односно софтпорн што на моменти преминува во хардкор. Моментално следам еротско шоу инспирирано од култниот филм „Емануела“. Шоуто се вика „Емануел“. Главниот лик живее во борделот „Европа“, кој го држи една стара вавилонска курва. Тој многу сака да води љубов со постари жени и решен е да легне со најстарата. Таква жена е извесна Македонија, постара и од самата вавилонска камењарка, па Емануел сака да ѝ се качи. Проблемот настанува кога сфаќа дека и други го сакаат истото тоа. Тука се бисексуалецот Хел Ес или пеколниот задник што може и сонцето да го вшмука, сексуалниот манијак Булдог Булгар, кој тврди дека од неговата сперма настанал светот, циничната порноѕвезда, хермафродитот Британи, како и релативно младата, ама смртоносна љубовница, богомолката Транџамерика, која секогаш, по секс, ги убива своите љубовници. Сите тие сакаат да ја силуваат старата ама згодна Македонија. Затоа, постојано се грабаат за неа и секој ѝ менува идентитет за другите да не ја препознаат. И Емануел има свој план како да ѝ го смени идентитетот за никој веќе да не ја познае и да биде само негова. Многу добро еротско шоу за садомазохисти.
Не ви е смешно, а? И мене не ми е, ама јас вака плачам.
Инаку, многу е едноставно. Се сеќавате ли на она прашање: Името да не ви ги плаќа сметките? Тогаш, ние глупите и небањати вмрони, не можевме да ја сфатиме длабоката суштина на овој трансцедентен вапрос, кој метафизички флуктуира низ лавиринтите на сакралноста. Но тие, просветлените, испрани службеници на европските вредности на „повисоките од горе“, немаа време да се малтретираат со непрокопсани, па знаејќи дека „нема грант, нема мир“, ја зедоа нашата судбина во свои раце и спроведувајќи ни „балкански методи“ по ЕУ/НАТО-терк, насила го сменија името. Македонија стана Нордистан.
И што се случи? Новото име веднаш почна да ги плаќа сметките. Ај што ги плаќа сметките, туку и кусур останува. Сега на ред дојде да се менуваат историјата, јазикот и националната припадност. Упорно небањатите кретени фатиле да гракаат и прашуваат, па нели името ги плаќа сметките, зошто сега мора да менуваме и да се откажуваме од сè друго што исконски ни припаѓа? Прогресивно луѓенце од океанот убавина, просто не знае што да прави со ваква непросветленост? Па, се покачија сметките, бе, кретени едни, поскапеа струјата, бензинот, храната, кафеаните и салоните за убавина, не може новото име сè да постигне! Мора да се сменат јазикот, историјата, националноста, па и нивната промена да се вклучи во плаќањето сметки.
Името е идентитет. Тоа ви го зборувавме.

Ако се смени името, обезглавен е македонскиот идентитет, па џелатите веднаш потоа ќе тргнат да ги сечат сите идентитетски екстремитети, оти народ со наведната глава за сабја да не ја сече и кубур во задник за не дај боже, подготвен е за обезглавување и за силување. Нè нарекувавте вмрони, небањати, платениците врескаа дека сме платеници. Еве ги сега, повеќето од таа интелектуална бижутерија, децата и внуците на црвената буржоазија како свински црева испреплетени во плиткоста на самобендисаната просечност, лелекаат дека ќе бидат бугаризирани. Жал ми е за овој кроток македонски народ, кој во меѓувреме се дехуманизира со сеирџиство и злорадост, ама вие бре, нордистанци, заслужувате да станете Бугари. Бугаризирањето, пак, на СДСМ и довчерашните комуњари е космичка иронија и задоволство е да се гледа. Оти кога се тоне кон дното на безумноста, ефектите на хаосот се неизбежни. Тоа се космички правила по кои среде хаосот одново се раѓа ред. Космосот на македонизмот одново ќе се роди, ама овие себични, алчни и лицемерни генерации не заслужуваат да го видат тоа. Им се чудам само на исплакнативе евроатлантисти, наречени вмровци. Ене ги, вчудовидени се што ЕУ не реагира на варваризмот и летачките филџани. Ме мрзи да им објаснувам дека варваризмот е европска вредност. Јас од слепило не можам да ги лечам, а нацизмот на ЕУ спроведуван врз Македонија, и слеп би требало да го види.

П.С. Оние од реалното шоу Г7 се соблекоа, се качија на коњи за да го газат Вова, ама битисувањето им шепна дека изгледаат глупо и гротескно, тоа гадно ги исфрустрира, па затоа решија да ја газат Македонија, за така да ја покажат својата сила.