Украинската криза – пет години подоцна

Сергеј Александрович Баздникин

Внимателно ги прочитав статиите на министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, и амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожник, за т.н. „руската агресија“ и „окупацијата на Крим“. Како што беше и очекувано, ништо ново: истите безуспешни обвинувања, излитени клишеа, желба вистинското да се замени со саканото, искрена неподготвеност на политичкото раководство на Украина за решавање на постојните проблеми на својот народ, сето тоа се повторува во текот на 5 години. Уште еднаш забележив дека украинските дипломати, демонстрирајќи го комплетното губење на чувството за реалност, прават сѐ што е можно за да го задржат вниманието на западните спонзори, кои веќе почнуваат да се уморуваат од нивните озлогласени антируски иницијативи. Изјавите на Киев за „злосторствата на Руската Федерација“ стануваат сѐ повеќе и повеќе фантасмагорични, во кои граѓаните едноставно не сакаат да веруваат. И во овие статии има многу такви изјави.

На пример, обидите на Павло Климкин да ја ревидира историјата на Украина, говорејќи за „многувековното постоење“ на Крим во нејзиниот состав врз основа на податоците од Википедија (и ова не е шега!). Тезата на Наталија Задорожњук дека „Украина ја штити Европа од Русија“ јасно изгледа како копирање на лозунг од изборната програма на дискредитиран претседател на Украина Петро Порошенко. Истовремено, по антиуставниот државен удар во 2014 година нивната држава влегува во подлабока криза, што се забележува во сите сфери на општеството. Македонските читатели би биле заинтересирани да го знаат следново. Во Украина избувна бран на насилства и злосторства од политички и идеолошки мотиви. Во повеќето случаи тие немаат соодветна правна процена. Не е спроведена објективна истрага за таканаречениот „случај на снајперисти“ на Маjдан. Не беа откриени податоци за трагедија во Домот на синдикатите во Одеса (во мај 2014 година), во која загинаа десетици луѓе. Нарачатели на целата серија брутални убиства сѐ уште се на слобода.

Спротивно на нивните изјави за посветеноста на идеалите на демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, раководството на Украина, всушност, започна лов за сите што имаат свои различни од официјалните гледишта. Според „Амнести интернешнл“ и „Хјуман рајтс воч“, во 2018 година беа регистрирани повеќе од 50 злосторства против бранителите на човековите права и општествените личности. Репресии се вршат и врз многу украински независни медиуми и новинари. Во принцип, според украинската унија на новинари, минатата година се регистрирани 235 случаи на нарушување на слободата на говорот, извршени се 86 напади врз медиумските работници. Во текот на изминатите пет години, 18 новинари се убиени во Украина.

Шест од нив беа државјани на Русија. Според годишниот извештај на израелскиот министер за прашања со дијаспората, Украина стана неоспорен лидер во манифестациите на антисемитизмот и нетолеранцијата кон луѓето од еврејско потекло. Во оваа смисла, значајно е што, заедно со САД, останува речиси единствената земја што систематски гласаше против годишна резолуциjа на Генералното собрание на ОН по иницијативата од Русија „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики, кои придонесуваат за ескалација на модерните форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“. Ситуацијата со дискриминација на јазичните, образовните и културните права и слободи на руско говорно население, на националните малцинства на Украина стана без преседан. Киев отворено се меша во црковниот живот на земјата, грубо ја нарушува слободата на вероисповед, избор на конфесиjа и светата тајна на верата.

Со создавање т.н. „Православната црква на Украина“, властите го влошија расколот што постоеше во локалното православие, а самите Украинци беа поделени во „свои“ и „туѓи“. Вршат насилна прераспределба на црковниот имот, има обиди да се елиминира канонската Украинска православна црква. Свештениците се отворено загрозени со физичко насилство. Сето ова се случува во заднината на вооружен конфликт во Донбас, коj тлее. Киев го нарушува договорот за прекин на огнот, во секое време е подготвен да го запали со нова сила со обид да jа врати контролата над регионот.

Според податоците на ОН, од почетокот на оружениот конфликт во април 2014 година, бројот на жртвите надмина 12 илјади лица, стотици луѓе се водат како исчезнати, стотици илјади беа принудени да бегаат. Само за четири дена од 21 февруари до 25 февруари, според СММ ОБСЕ, на територијата на Доњецката и на Луганската Народна Република беа гаѓани 11 населени места, двајца цивили беа убиени, а еден цивил е повреден, 10 куќи беа оштетени. Политичкото раководство на Украина ги продолжува економска, енергетска, транспортна и социјална блокада, влошувајќи ја и онака веќе тешката хуманитарна ситуација. Украинските власти се критикувани и од страна на раководството на ОБСЕ. Овде станува збор не само за отказ на Киев да ги акредитира руските граѓани на набљудувачката мисија на ОДИХР на оваа меѓународна организација на претстојните претседателски избори во Украина, но исто така и за неподготвеноста да се отворат избирачки места во Руската Федерација, што jа одзеде од 3 милиони Украинци можноста да го искористат своето право на глас.

Што се однесува до прашањето на Крим и Севастопољ. Украинската страна, обидувајќи се да ги врати овие територии, поради некоја причина целосно го игнорира мислењето на луѓето кои живеат таму. Овие региони станаа полноправни субјекти на Русија пред пет години, а граѓаните кои живеат таму сè уште се лојални на направен на демократски начин избор на референдумот во 2014 година. Прашањето за нивниот статус е засекогаш затворено од страна на самите жители на Крим и Севастопољ, кои гласаа за својата иднина. Ако украинските партнери и нивните сојузници се навистина загрижени за судбината на овие територии, тогаш може на самото место да се види вистината за обвинувањата за „кошмари“ со човековите права и хуманитарната катастрофа. Малкумина знаат дека за првпат во историјата на Крим, во Симферопол се гради катедрална џамија, што никогаш претходно не се случило. Малку е веројатно дека одлуката кримско-татарскиот јазик да добие статус на официјален на територија на Крим може да се припише како дискриминација на Кримските Татари.

Сметаме дека е неопходно ОН, ОБСЕ, Советот на Европа принципиелно да го проценат тоа што се случува во Украина, да побараат од нејзиното раководство да се врати во правното поле и строго да ги почитува своите меѓународни обврски, вклучувајќи го и „Комплексот мерки за спроведување на спогодбата од Минск“, потпишан пред четири години од страна на претставниците на ОБСЕ, Украина, Русија, ДНР и ЛНР, кој е најважниот документ за решавање на внатрешната украинска криза. Последиците од отказот на Киев од овие обврски може да бидат неповратни за Украина и во принцип за Европа. Авторот е вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија