Стратегиски насоки за развој на македонското земјоделство

Развивањето одржливо земјоделство бара спроведување на оправдана, од гледна точка на целите, и доследна, во однос на мерките, долгорочна секторска политика, бидејќи треба да биде своевремено актуелна во согласност со применетите услови и можности за нивно поместување, но да има релативно стабилен карактер, кој дозволува последователни дејства за подолг период. За искористување на откриените можности поврзани со пораст на побарувачката за храна, како и интеграција во европското земјоделство, македонското земјоделство треба да ги искористи своите јаки страни, а истовремено да ги надминува своите слабости, како и да ги неутрализира претпоставените опасности. Постигнувањето на формулираната цел, бара да се пресретнат идентификуваните потреби на развој, што на најопшт план покажува реализација на потенцијалот на македонското земјоделство и прехранбената индустрија преку градење животоспособни одржливи земјоделски стопанства, интензивен и ефективен трансфер на знаења и иновации, како и целосно, но одржливо користење на производните фактори: земја, труд и капитал и производството на квалитетни производи со високо додадена вредност.

Стратегиските приоритети за развој можат да се обединат во 5 групи: развој на земјоделските стопанства; трансфер на знаења и иновации; одржливо управување на природните ресурси; интегрирање на земјоделските производители во прехранбен синџир; промовирање на производот со високо додадена вредност во прехранбената индустрија.

Со таканаречената свот-анализа може да се идентификуваат најважните внатрешни (јаки и слаби страни) и надворешни (можности и опасности) фактори, кои ги дефинираат сегашната и идната состојба на објектот како претпоставка за создавање стратегија за постигнување одредена цел. Најважни слаби страни се: низок степен на користење на производните фактори во земјоделството – земја, труд и капитал, поради технолошки менаџерски и пазарни слабости; енормна уситнетост на користените површини на земјоделското производство; недоволна искористеност и лошо менаџирање на системи за наводнување; отежнат пристап до пазарот поради неразвиена производна и пазарна инфраструктура – откупни пунктови, складишта, магацини и др.; недостиг од дефицитарни производи на пазарот, особено преработени со специфични национални квалитетни карактеристики; доминација на непреработени производи со мала додадена вредност во извозот; недостига диверзификација на економската активност во земјоделските стопанства; недоволна врска на производителите со пазарот поради слабо развиени локални пазари и директна продажба; неспособност на производителите да одговараат на барањата на трговските синџири за количества и квалитет на производите.

Големиот број слабости во македонското земјоделство може до голем степен да се ублажи со релативно добри можности, кои во иднина треба да се користат како што се: се очекуваат подобри цени поради перманентен пораст на побарувачката на храна и земјоделски суровини; расте побарувачката на производи со гарантиран квалитет и потекло; расте побарувачката на органски земјоделски производи; стабилизирање на земјоделските стопанства и консолидација на земјоделската површина; полесен пристап до постојни и нови знаења и технологии во очекување на преговори со ЕУ; развој на научноистражувачки институции и истражувања и на информатичко комуникациски технологии; нов пристап кон мултифункционалната улога на земјоделството и доставување на општествените услуги вклучувајќи ги и сврзаните со климатските промени; пораст на значењето на развојот на традиционалните производи.

Обидот да се откријат и да се предупреди на опасностите треба да има позитивно влијание на идниот развој, а опасностите се главно следни: големиот број ситни земјоделски стопанства имаат сосема слаби можности за модернизација и пристап до пазарот; бавен од на структурни промени поради недефиниран пазар на земјоделското земјиште; загуба на стручна (квалификувана) работна сила поради ниско плаќање на трудот и услови за живот во руралните реони; штетно влијание на климатските промени и неспособност на секторот да ги ублажи последиците; отсуство на целна поддршка на долгорочни инвестиции за модернизација и градење ладилници, хидромелиорации, развој на сточарство и др.; неспособноста на агрокомплексот да се приспособи кон процесите на глобализација; пораст на притисоците врз природните ресурси и загуби на земјоделски површини.

Свот-анализата е ориентирана кон формулирање среднорочно видување на предвидените цели – градење (развивање) на одржливото производство кај полно искористување на потенцијалот на земјата.
Продлабочените анализи можат да нѐ донесат до идентификација на потребата за развој и тоа: модернизација на земјоделско производство, кое ќе обезбеди пораст на конкурентската способност при зачувување на природните ресурси – земја, биодиверзитет и др.; ефективно користење на ресурсите и премин кон незагадено и одржливо на климатските промени и производство; билансиран развој на земјоделското производство, како претпоставка за рационално користење на природните, човековите и финансиските ресурси; стимулирање трансфер на знаења и иновации во земјоделството; зголемување на капацитетите на системот за обука во текот на целиот професионален живот; поддршка за трансформација на дел од малите стопанства во пазарно ориентирани фармери; поддршка за консолидација на стопанствата на млади фармери; диверзификација на стопанската дејност пред сѐ во малите земјоделски стопанства; развој на земјоделската инфраструктура – наводнување, подобрување на плодноста на почвата, борба со ерозија и друго, за пораст на производноста и заштита на природните ресурси; формирање групи производители за економија од голем калибар и приспособување кон барањата на пазарот; поддршка за вертикална интеграција помеѓу примарното производство и прехранбената индустрија.

Анализата за развој и евентуалното место на нашиот агрокомплекс во ЕУ претпоставува направениот свот-профил да е база за формулирање на целите и стратегијата за развој на земјоделството во Македонија. Ако визијата за развој на земјата е раст на благосостојбата на граѓаните, таа цел на земјоделскиот развој би требало да биде: постигнување на прехранбената сигурност за населението и раст на благосостојбата на производителите во услови на одржливо производство, односно такво, кое е конкурентно способно, а во исто време ги чува природните ресурси и животната средина. Достигнувањето на таа цел, бара во општ план реализација на потенцијалот на македонското земјоделство и прехранбената индустрија со развој на животоспособни стопанства и претпријатија, повисоко искористување на производните фактори (земја, капитал, труд) и производство на квалитетни производи со високо дадена вредност.

За да се искористат откриените можности поврзани со растечката побарувачка на храна и приближување до ЕУ, македонското земјоделство треба да ги искористи силните страни, да ги надмине слабостите и да ги неутрализира можните опасности. На долгорочен план тоа бара мерки од структурен карактер во областите посочени погоре.