Со­о­чу­ва­ње со ан­ти­вак­ци­не­ри­те

До­бри­те ве­сти се де­ка по­стои ви­со­ка јав­на под­др­шка за важ­но­ста на вак­ци­ни­те, пре­поз­на­ва­ње на лич­ни­те при­до­би­вки од вак­ци­ни­те и важ­но­ста ро­ди­те­ли­те да ги вак­ци­ни­ра­ат де­ца­та

Де­но­ви­ве, ко­га јав­но­ста е по­тре­се­на и жа­ли за смрт­ни слу­чаи пре­диз­ви­ка­ни од ма­ли си­па­ни­ци (мор­би­ли), бо­лест што мо­же да се пре­ве­ни­ра со вак­ци­на, по­треб­но е здрав­стве­ни­те вла­сти и вла­сти­те во­оп­што да при­ста­пат кон проб­ле­мот на не­си­гур­но­ста и сом­не­ва­ње­то кон вак­ци­ни­те и осо­бе­но кон ан­ти­вак­ци­не­ри­те што во­дат ма­ни­пу­ла­тив­на кам­па­ња. Пр­во тре­ба да се приз­нае де­ка има проб­лем. При кра­јот на де­ка­да­та на СЗО 2011-2020 за све­тот (зем­ја), во ко­ја си­те ин­ди­ви­дуи и за­ед­ни­ци има­ат жи­вот без бо­ле­сти што мо­жат да се пре­ве­ни­ра­ат со вак­ци­ни, ние има­ме епи­де­ми­ја на ма­ли си­па­ни­ци (мор­би­ли). Ре­ше­ни­е­то на проб­ле­мот не мо­же да се ре­ши са­мо со за­бра­ни ту­ку мо­ра да се истра­жи, да се утвр­дат ле­ги­тим­ни­те за­гри­же­но­сти и из­во­ри­те на лаж­ни ве­сти и да се под­го­тви ја­вен при­стап ка­ко да по­стиг­не­ме жи­вот без бо­ле­сти што мо­жат да се пре­ве­ни­ра­ат со вак­ци­ни. И ту­ка тре­ба да се сог­ле­да­ат и гло­бал­ни­те и стран­ски­те искус­тва, би­деј­ќи проб­ле­мот на не­си­гур­но­ста и сом­не­ва­ње­то кон вак­ци­ни­те не е са­мо кај нас и ту­ка.

Де­но­ви­ве Ма­ке­дон­ски­от цен­тар за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка (МЦМС) и „М-прос­пект“ го об­ја­ви­ја сво­е­то истра­жу­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње и пер­цеп­ции за вак­ци­ни­те. До­бри­те ве­сти се де­ка по­стои ви­со­ка јав­на под­др­шка за важ­но­ста на вак­ци­ни­те, пре­поз­на­ва­ње на лич­ни­те при­до­би­вки од вак­ци­ни­те и важ­но­ста ро­ди­те­ли­те да ги вак­ци­ни­ра­ат де­ца­та. Де­вет од де­сет гра­ѓа­ни (89,7 про­цен­ти) ве­ру­ва­ат де­ка вак­ци­ни­те што се во при­ме­на се важ­ни за здрав­је­то во на­ше­то оп­штес­тво де­нес, нас­про­ти са­мо 7,3 про­цен­ти, кои сме­та­ат де­ка не се важ­ни. Тоа е по­ви­со­ка пер­цеп­ци­ја на важ­ност и од раз­ви­е­ни зем­ји ка­ко Ка­на­да. Три од че­ти­ри гра­ѓа­ни (74,8 про­цен­ти) ве­ру­ва­ат де­ка лич­но има­ле при­до­би­вки од вак­ци­ни­те. И по­втор­но ре­чи­си де­вет од де­сет гра­ѓа­ни (86,3 про­цен­ти) сме­та­ат де­ка е важ­но ро­ди­те­ли­те да ги вак­ци­ни­ра­ат де­ца­та.

Не тол­ку до­бри­те ве­сти се по­вр­за­ни со (не)до­вер­ба­та во се­гаш­ни­от си­стем, не­ин­фор­ми­ра­но­ста, ста­вот де­ка на­уч­на­та под­др­шка на вак­ци­ни­те не е не­ос­пор­на, и гле­да­ње­то на вак­ци­ни­те ка­ко пра­ша­ње на ли­чен из­бор, а не на јав­но здрав­ство. Иа­ко по­ве­ќе од по­ло­ви­на од гра­ѓа­ни­те (56,8 про­цен­ти) има­ат до­вер­ба во се­гаш­ни­от си­стем на др­жа­ва­та за оце­на на без­бед­но­ста на вак­ци­ни­те и пре­по­ра­ки­те ко­га тре­ба да би­дат да­де­ни, не­ма­ат до­вер­ба два од пет гра­ѓа­ни (39,7 про­цен­ти). Се чи­ни де­ка клу­чен ге­не­ра­тор на не­до­вер­ба­та е не­ин­фор­ми­ра­но­ста. Гра­ѓа­ни­те по­ве­ќе се ин­фор­ми­ра­ни од ме­ди­у­ми (28,8 про­цен­ти), од Фејс­бук (13,5 про­цен­ти) и ин­тер­нет-пор­та­ли (11,7 про­цен­ти) откол­ку од ма­тич­ни­те до­кто­ри (18,4 про­цен­ти). Се­кој втор гра­ѓа­нин (51,6 про­цен­ти) сме­та де­ка јав­но­ста не до­би­ва до­вол­но ин­фор­ма­ции од до­кто­ри­те за вак­ци­на­ци­ја­та. Еден од три гра­ѓа­ни (33,1 про­цент) сме­та де­ка ро­ди­те­ли­те има­ат пра­во да од­лу­чат да­ли нив­ни­те де­ца ќе би­дат вак­ци­ни­ра­ни или не, кол­ку што и сме­та­ат де­ка вак­ци­на­ци­ја­та е пра­ша­ње на ли­чен из­бор, а не пра­ша­ње на јав­но здрав­ство (61,5 про­цент).

И се­кој втор гра­ѓа­нин (54,1 про­цен­ти) сме­та де­ка без­бед­но­ста на дет­ско­то вак­ци­ни­ра­ње ба­ра по­на­та­мош­на де­ба­та, нас­про­ти 38,2 про­цен­ти гра­ѓа­ни што сме­та­ат де­ка на­у­ка­та што ја под­др­жу­ва без­бед­но­ста на вак­ци­на­ци­ја­та е не­ос­пор­на. За спо­ред­ба, во Ка­на­да 39 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те сме­та­ат де­ка „на­у­ка­та за вак­ци­на­ци­ја не е мно­гу јас­на“. Не­до­вер­ба­та кон се­гаш­ни­от си­стем и на­у­ка­та за без­бед­но­ста е по­вр­за­на со за­гри­же­но­ста за не­са­ка­ни­те дејс­тва на вак­ци­ни­те, за што се за­гри­же­ни две тре­ти­ни од гра­ѓа­ни­те (69,7 про­цен­ти). Таа за­гри­же­ност не е зас­но­ва­на на лич­ни искус­тва, би­деј­ќи по­мал­ку од еден од де­сет гра­ѓа­ни (8 про­цен­ти) имал искус­тво со не­кој што имал не­са­ка­на ре­ак­ци­ја на вак­ци­на, при што да­де­ни­те при­ме­ри се по­ка­че­на тем­пе­ра­ту­ра и ау­ти­зам.

Се чи­ни де­ка пра­ша­ње­то на по­вр­за­но­ста на ММР или МРП-вак­ци­на­та за ма­ли си­па­ни­ци (мор­би­ли), за­у­шки и ру­бе­о­ла со ау­тиз­мот е еден од ге­не­ра­то­ри­те на не­до­вер­ба во си­сте­мот на вак­ци­на­ци­ја. Еден од три гра­ѓа­ни (39,2 про­цен­ти) ве­ру­ва де­ка по­стои по­вр­за­ност по­ме­ѓу вак­ци­ни­те и ау­тиз­мот, што е по­ве­ќе од тие што не ве­ру­ва­ат (34,1 про­цен­ти). И во Ка­на­да зна­чај­ни 30 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те ве­ру­ва­ат де­ка се­ри­оз­ни не­са­ка­ни дејс­тва мо­же да би­дат пре­диз­ви­ка­ни од вак­ци­ни­те.

Пра­ша­ње­то на не­си­гур­но­ста и сом­не­ва­ње­то кон вак­ци­ни­те не е пар­ти­ско или по­ли­тич­ко, од­нос­но по­ло­ви­на од гра­ѓа­ни­те (52,4 про­цен­ти) сме­та­ат де­ка и ли­бе­ра­ли­те и кон­зер­ва­тив­ци­те ед­на­кво се сом­не­ва­ат во вак­ци­ни­те.

И до­де­ка две тре­ти­ни (59,2 про­цен­ти) од гра­ѓа­ни­те ја под­др­жу­ва­ат за­бра­на­та за при­ем на де­ца што не се вак­ци­ни­ра­ни, зна­ча­ен е и от­по­рот од 35,3 про­цен­ти што не се сог­ла­су­ва­ат. Ин­те­рес­но е да се ви­ди кол­ку по­стои по­вр­за­ност на трет­ма­нот на вак­ци­ни­те ка­ко ли­чен из­бор и не­под­др­шка­та на мер­ка­та. Иа­ко дел од јав­но­ста до­жи­ву­ва де­ка за­бра­на­та за при­ем на де­ца што не се вак­ци­ни­ра­ни е да се за­шти­тат вак­ци­ни­ра­ни­те де­ца, тоа не та­ка. За­бра­на­та е да се огра­ни­чат ко­му­ни­ка­ци­ја­та и ри­зи­кот за епи­де­ми­ја, со што се за­шти­ту­ва­ат не­вак­ци­ни­ра­ни­те де­ца, би­деј­ќи тие што се вак­ци­ни­ра­ни се­ка­ко ве­ќе се за­шти­те­ни од ма­ли­те си­па­ни­ци (мор­би­ли).

Здрав­стве­ни­те вла­сти тре­ба да ја упо­тре­бат до­бра­та пер­цеп­ци­ја на гра­ѓа­ни­те за важ­но­ста на вак­ци­ни­те и да раз­ви­јат стра­те­ги­ја ка­ко да се спра­ват со не­си­гур­но­ста и сом­не­ва­ње­то кон вак­ци­ни­те.

Авто­рот е ана­ли­ти­чар

Блог www.megjutoa.mк  @sklek #Вак­ци­ни