Северен водач

Ал­хе­ми­чар, кој спро­тив­но на Исус, кој од смрт­та соз­да­ва жи­вот, од жи­во­тот соз­да­ва смрт, и тоа се­вер­на, нај­страш­на­та од си­те ви­до­ви смрт. При­тоа, пак, за да го за­си­ли тем­по­то на таа оп­што­на­род­на смрт на еден се­ве­рен ми­тинг тој и са­ми­от
до­бро­вол­но се при­ја­ви лич­но да ја­де жи­ви лу­ѓе. По мож­ност што по­ве­ќе днев­но

(Скица за портрет)

Таков е нашиот Северен водач, најбогат меѓу богатите на планетата, иако ништо не создава, а може сè да купи. Моќник и трговец што до игла го распродава бесценетиот имот на својата северна татковина. Северно слеп, при очи тој го води народот во темница и бездна, и двете пак северни, а притоа му се претставува уште и како северен спасител, откако е кренато колективното северно распетие на Голгота. Таков е нашиот Северен водач. Алхемичар, кој спротивно на Исус, кој од смртта создава живот, од животот создава смрт, и тоа северна, најстрашната од сите видови смрт. Притоа, пак, за да го засили темпото на таа општонародна смрт на еден северен митинг тој и самиот доброволно се пријави лично да јаде живи луѓе. По можност што повеќе дневно.
Алхемичар и талентиран да прави северни чуда, како протеј е тој низ многу преобразби минува, понекогаш и само за еден северен ден во кој како Кришна и Буда, или како Парменид седи крснозе, јаде и пие во северна нирвана додека народот му гладува со северна глад. Не се поместува од една точка, а сегде е присутен и сè доаѓа како во храм на поклонение кај него, посебно тие на кои на Галапагос не им закрепнал ’рбетот или се целосно безрбетни, притоа и недоволно омозгани. Нив посебно ги цени тој и ним им ја укажува сета своја северна чест. Од нив ја твори администрацијата за својата славна северна држава: од обични писари до министри и генерали. Има многу северни алхемиски достигнувања со кои може да се пофали нашиот Северен водач-алхемичар. Меѓу нив и самиот тој за најгенијално го смета пронајдокот од лагата да твори вистина и да му ја продава бесплатно на својот северен народ. Барем тоа. А, природно, до тоа генијално северно откритие не можеле да дојдат, рака на срце, ни кинеските алхемичари, кои ја измислија таа уметност, па ни нашиот Хермес Трисмегист. За европските алхемичари, пак, и да не зборуваме, драг читателу, оти тие сè уште и ден-денес се занимаваат и го доусовршуваат своето најважно капитално алхемиско откритие – фашизмот. Во тоа сега им помагаат и бугарските алхемичари, роднини на Хитлер. Иако го кријат од нас во цивилизациски, божем, целофан, ние добро на своја кожа го имаме искусено него.

Така. А и понатаму царува лагата како вистина во северната затантена провинција (како во прозата на Гогољ) што му ја продава на народот до гуша во сиромаштија неговиот Северен водач. Така. И додека северниот народ оди гол и бос, облечен единствено како Исус на Голгота во трнов венец, неговиот Северен водач на челото носи дијадема од рубини и дијаманти како кралевите на англиската кралска династија што ја наследи страшниот тотем Черчил, и е облечен пораскошно од Соломон, кој можеби и жали што не е роден во смуртеното село и не е северен цар на северното племе, макар колку и да е смачкано тоа. Ама таква му била кармата на Соломон, за што во тој кусок тој нашол утеха кај своите некаде над осумстотини љубовници, кои не му биле доволни, па на крајот ја довел во својата љубовна постела и кралицата од Саба. Е, нашиот Сулејман Величествени од смуртеното село, драг читателу, нема толку голема љубовна среќа како оној „северен“ од Ерусалим, ама тој и тука се снајде со Фројдовиот мотив на компензација. Неговиот див, примордијален ерос (а всушност фројдовски скриен зад импотентната маска) како замена за тоа ѝ се нафрли на чудесната Вавилонска дама со космичка вагина Европа, која тој ја цени како бескрајно сексапилна. Толку многу што сите во неговото племе можат да мастурбираат на неа. Ама само тој, врховен феудалец, има право на неа првата нејзина брачна ноќ. Да. И без да знае дека е таа во перверзијата северна пред него одамна и дека е курва, прва меѓу курвите на планетарната курвинска цивилизација. Но и покрај тоа тој е задоволен од неа, бидејќи и таа одамна веќе ѝ дава огромна предност на ЛГБТ-популацијата пред другите. Иако таа сепак му дозволува да мастурбира, како оној Големиот мастурбатор од познатата серија слики на славниот, ама не колку нашиот Северен водач, Салвадор Дали.

Ни мудроста ни интелектот не му се силна страна на нашиот Северен водач, можеби и затоа што тој не ги почитувал прилежно законите на еволуцијата на Галапагос, па неговиот мозок, неомозган, останал рамна плоча како сликата на Земјата на Птоломеј, без ниедна бразда што ќе гарантира извор на интелигенција, ум и доблест за што си имал со него да го протолкува мака и Дарвин. И тука е сè северно безнадежно, и ништо не можат да изменат, како што се случи во науката тоа подоцна, ни пепелта на Џордано Бруно, ни Коперник, ни Галилеј. Иако како што би рекол последниот: „Сепак се врти“. И со таква без бразди рамна плоча Северниот водач реши да го кастрира северниот народ, од завист дека неговиот мозок е поразличен и полн со бразди на ум, интелигенција и мудрост, па намисли да го лиши дури и од праалатките на неговата генетика што произведуваат и понатаму тврдоглаво несеверни поколенија. Да го лиши од тестисите полни со цели мориња сребрена икра што пловат низ слабините на невестите на смачканото северно племе, а сè со една цел: да ја пресретнат и ликвидираат северната смрт. А за онаа алатка над алатите што им ја откри на Адам и Ева змијата во Рајот и да не зборуваме, оти и централниот комитет на цивилизацијата во Брисел и Вашингтон (со балкански филијали во Атина, фашистичка Софија и Тирана, сега одомаќена кај нас) донесе строг ултимативен декрет со кој им забранува на северните македонски младоженци со тие свети алати во љубовната постела да создаваат пород што не го носи на челото сатанистичкиот северен печат. И тоа е, драг читателу, новата генетика на цивилизацијата, која добро ја проучи рамниот северен мозок на нашиот Северен водач, и прецизно ја применува по налог на Брисел и Вашингтон. Вториот, екстремно близок до нас, стациониран на скопското Кале.

Сè е северно во Северната земја. Ги заѕида сите прозорци на куќата на народот што го води Северниот водач. Ја заѕида светлината оти навираше како плима од југ и исток, и отвори (на здраво место) дупка, прозорец само во северниот ѕид. Северен прозорец. И сега само со северното око и само во север гледа таа куќа, во северната епоха на палеолитот во која реши да го насели неговиот народ Северниот водач. Во нејзините камени пештери, како што сакаше всушност и неговиот голем северноатлански брат, што има намера всушност да го посеверни и заледи целиот свет. Тоа е нашата северна, ледена судбина проектирана на сончеви ери, на милијарди лета, никогаш да не напукне ледот и да не се јави на северниот прозорец од нашата како Самуиловите војници ослепена куќа распупеното пролетно гранче на неолитот полн со сонце, плодоносни семиња и стада. Да. Ни да го наполни првата матица пчели улиштето во мед. Оти во ледената епоха во која нè стави Северниот водач и неговата северна тајфа на чело со оној хиберниран министер со хиберниран безумен ум, во сите камени пештери во кои ни е забрането да употребуваме оган и огниште бидејќи имаат јужно потекло, владее само глад, камена како камените ѕидови околу неа. Северна глад. Оти во таа ледена епоха пак се сити само Северниот водач и неговата бездушна северна тајфа во северната влада и северниот парламент. Тие ги истребија сите ирваси и бизони до еден само за себе и ги складираа во фрижидери исклучиво за нивните лакоми северни црева, кои најчесто, во недостиг од доволно ум и интелигенција ги користат како инструменти на својот северен интелект, за кој умниот Кант би рекол дека е apriori метафизички. Каква што е впрочем и нивната северна глупост, глупоста, која како што заклучија Ајнштајн и Крлежа, е безгранична, пробивајќи ги несигурните порозни граници на вселената со која, скромни, северните владини суштества на северната земја го изедначуваат својот рамен безбразден мозок.

И таква е големата макросеверна слика на племето на Северниот водач, кој го разбира светот како поле за натпревар на северниот идиотизам со културата и цивилизацијата на преостанатите несеверни народи во светот. Може и Гоце Делчев да му позавиди на визијата. И таа негова северна програма тој ја спроведува со голем успех, бидејќи за тој северен идиотизам на светот тој му пружи изворен пример, имено, со неговиот посеверен народ, кого тој го смета за посран, а во своите гаќи никогаш не погледнал. Така тој сè посеверни во него: од црквите, пантократорот во централното кубе, светците и ангелите, до мравките и бубачките во ливадите што го влечат музички примордијалниот хаос по себе. Генијално. Северниот водач северно го еба целиот свој (ако воопшто е негов) народ и му удри северен печат на Сатаната врз неговото чело, а со цел да не го препознае како правдољубив и вистинољубив Господ на Страшниот суд, кога ги отвора печатите за да ги раздвои волците од овците и козите, левото од десното, северното од јужното. Тоа го смислил за својот северен народ Северниот водач што се родил во небичас, на ѓинеш (како што велат Малешевци) кога се аби месечината што го симболизира абењето на светот и вселената, па народот прави разни магиски марифети за да го спречи тоа, за разлика од Водачот, кој ја потсилува ентропијата на сè, но најмногу на својот род, кој по грешка го родил со северен сатански знак. И нека страда сега штом се родил. А можел и да не го роди и да ја избегне целата северна катастрофа. Ама карма е тоа и не знаеме од кај доаѓа со што ја заслужил неа северниот народ. Зошто сè е северно само кај новосеверниот народ, на кој наеднаш му се одземени сите преостанати страни на светот и е посеверен целиот негов до пред тоа полиморфен организам: очите, ушите, образите, рацете, нозете, белите дробови, бубрезите, црниот дроб, желудникот, сè одозгора до тестисите подолу, на латински, мадињата како што ги вика народот, а потоа и тоа пред мадињата што ги продолжува нив и се крева како обелиск, најобелиск во цивилизацијата врз која се искачи најпрвин со својот ерос на врвот Александар Македонски (кој исто така се посевернува од Северниот шутрак), а потоа по Христа, пред сè по Црноризец Храбар, и Кирил и Методиј, чија светлина иако им беше дадена никогаш нема да ја сфатат и разберат татарските Бугари.

Тоа е микро и макропланот што ја зрачи големата северна слика во која се оковани Македонците со клинците на римските војници што го прицврстија во страшни болки Христос на Голгота. Клинците дефинирани како северни, за да не се сетат Власите, со кои сега на новото северно распетие на цивилизацијата се оковуваат Македонците на кои им вградија со цивилизациска трансплантација западните хируршки монструми северно срце и северна душа. Клинците на западната „просветителска“ цивилизација со тоа во алхемиска врска со прекуокеанските каубои и балканските сатрапи. Оти на крајот на краиштата, пак, мора ли овој народ прогласен наеднаш за северен и одведен како стадо за клање во касапницата на цивилизацијата за идентитетски северно да исчезне, да бере гајле за северниот садистички комодитет на неговиот Северен водач и неговата северна тајфа, која, иако како рогови во вреќа, се претставува и како шарена, премачкана со сите бои, иако самата е безнадежно сива. И призмата на Њутн најспецијалист за боите, беспоговорно ќе го потврди тоа. И, конечно, што го интересира северниот народ, кој пека за Југ и Исток, дека неговиот Северен водач со рамен безбразден северен мозок е до идиотска фасцинација, заедно со неговите палеолитски министри и дворски слуги, заљубен во северната мрачна супстанција на материјата и умот. Нека тука ми опрости, драг читателу, Аврора бореалис, која нема врска со тоа.

Да. Ама изгледа и без да знае, оти ништо и не знае, нашиот северен водач е смртно заљубен во Север. Само во него. Што значи и во Смртта за која мисли, наивен, дека ќе го одведе во бесмртност. И, вистина таа има сестра што се вика Бесмртност, ама не му ја дава нему за невеста оти не ги исполнил сè уште критериумите за влез во борделот на бриселската вавилонска ороспија со космичка северна вагина. А тоа е услов за бесмртноста. Борделот во кој не еднаш влезе и Болер, а потоа и го опеа него. Ама нашиот Северен водач, зафатен со северните бизниси, заедно со својот северен брат и северните полиња со марихуана, воопшто не чул за тој некојси Бодлер. А да не зборуваме за Волтер, Дидро, Даламбер, Декарт, Паскал, Лавоазие, Иго, Бакунин и преостанатите светилници на француското европско просветителство на кое му се посраа оние од онаа посрана бриселска Европа, чиј последен фашистички пакт против столченото северно македонско племе е оној најновиот со фашистичка татарска Бугарија. Тоа, драг читателу. Попусто нашиот Северен водач таа цивилизациска празнина во својот рамен безбразден ум ја пополнува до северна супстанција на микроплан и во својот дом и своето семејство, па и неговата жена и ќерка се северни, тенџерињата, чиниите, лажиците и виљушките што ги употребува катадневно. Па и мувите и комарците што се мотаат во него се северни. Северен е воопшто неговиот живот и животот на неговите блиски, братучеди и братучетки, ама е северна и смртта што ја избра тој за неговиот народ, а која тропа лично, подготвена за крајниот северен чин, и на неговата врата. И таа организирала сè, не треба тој за ништо да се грижи, како што беше впрочем случај и со северниот погреб на народот во Преспа. Во својот церемонијален список таа ги има внесено дури и сите славни учесници за погребната северна поворка, исто како тогаш (и истите тие) кога идентитетски со отсечената глава на името го погребаа под златните овоштарници на Преспа целото столчено северно племе, фрлајќи го длабоко во гробницата на безименото. Да. Без да знаат дека е тоа полно со семиња, самото семе, од кое ќе се кренат идните венчални ружи за новите поколенија. Поколенијата што по преспанската северна смрт веќе се зачнати во божествената утроба на македонските невести, што одбија да бидат северни и што ќе го донесат на свет новиот пород без северен сатански печат на челото. И тоа, драг читателу, не го предвидел нашиот смртоносец Северен водач со неговото смртоносно северно пенкало. А не го предвиделе тоа ни неговите темни налогодавци, без да знаат дека нашата смрт, за разлика од нивната што е распаѓање, е полна само со атомите на воскресението. Тоа и Амин!