Посвета (На Крсте Петков Мисирков)

Во мрачно време
за наша Македонија
во луњи и бури
во метежи и немири
Ти смело и громко
го крена својот глас
и на сите им покажа
кои сме и што сме
ние Македонците
и дека имаме свое име
свое потекло
и свои длабоки корени
во минатото

Твоето бесмртно дело
„За македонцките работи“
за нас е света книга
сончев патоказ
кој нѐ осветлува
и нѐ крепи
и ни дава носи сили
да чекориме напред
по Твојот пат
И денес кога некои
ни го оспоруваат
нашето име и јазик
ние со гордост
им покажуваме на Тебе
кој си штит и меч
за сите клевети и напади
од нашите противници
Ти си за нас
наше препознавање
наше постоење
и наша судбина
Името Твое
светлина за нас значи
кое в срце го носиме
како завет
за вечни времиња

Проф. Наум Јовановски