Попис за живот, попис за смрт (1)

Знам дека има многу нешта што те мачат, драг читателу, та си во постојана несоница. Знам дека сега те вознемирува отворената геноцидна челуст на бугарската хиена, можеби поопасна и од грчката. Ама не грижи се, тука работи и проблемите ќе ги реши Бујар Османи. Тој работи со сите сили на тоа, иако не ја запоставил Тиранската платформа, а сега е зајакнат во одбрана на македонскиот идентитет од Бугарите и со неговиот рамковен историчар што го стави во историската комисија на местото на македонскиот. Колку да се знае дека без рамковните од Охрид не можеме (и не смееме) ни со идентитетот целосно сами да се занимаваме.
Да. И сега да преминеме на пописот, оти веќе ми забележуваш за воведната дигресија, бидејќи демек веднаш се оддалечуваме од темата во насловот. Ама не се оддалечуваме, оти како што ќе видиш таа е многу поширока од него, а пак не излегува надвор од неговиот епицентар. Првин да констатираме дека она што е екстремно тажно во неа е фактот дека сега на попис, по 18 јуни 2018 – Преспа, излегуваме без нашата идентитетска глава. Неа ни ја пресече во Преспа тој од Муртино со гилотината што ја довлечкаа под преспанските овоштарници од Брисел, а по заповед на Вашингтоновите европски просветители. Така.

И потоа новата Саломе на цивилизацијата со гордо име Европска го одигра за свое садистичко задоволство танцот со неа на мрачната гозба на бриселовашингтонското царство. А на неа богато се гостеа, ликувајќи од задоволство, и околните балкански сатрапи. Овој пат најмногу Грците.
И дали е и тоа непотребна дигресија, драг читателу? Гледаш дека не е, оти темата на пописот ја отвора пошироката тема со име makedonikum experimentum, а кој во поново историско време кај нас и на нас како експериментални лабораториски глувци, почнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1872 г., го изведуваат наваму. И никој од нас не знае до кога ќе трае и кога ќе заврши тој. Не нè доекспериментираа со Букурешт 1913 г., ни со Черчиловите бомбардери во 1948 г., па почнаа со жестоко темпо да работат на мрачниот експеримент веднаш по нашето таканаречено осамостојување по распадот на Југославија. За таа цел веднаш ја донесоа нивната фашистичка Лисабонска декларација во 1992 г. со која нè маркираа, како Хитлер Евреите со Давидовата ѕвезда, заканувајќи ни се дека нема да ни дозволат вклучување во струјата на цивилизацијата со нашето генеричко име и со преостанатите идентитетски архетипови и симболи што ги влече низ долгите столетија на наша идентитетска опстојба тоа. Сè до последната секунда на овој миг што ни се случува, драг читателу.

Не еднаш сум те заморувал со таа мачна хронологија и хроника на нашето најново идентитетско мартирство. Да. Па изгледа дека во него на некој покамуфлиран во божем цивилизациски целофан ќе се вклопи и пописот што нè очекува нестрпливо како, наивен ли, Дамоклов меч над нас. Тука пред сè мислам на лукаво скроениот за таа потреба на некои пописен закон, посебно на онаа одредница во него, апсолутно перверзна и произволна, со која некој може слободно и колку што сака да пријавува со матичен број лица што живеат во странство, а сè со цел само и само да се билда процентот на некој етнос. А ние знаеме кој е тој, оти процентот што му го даде од ракав меѓународната заедница не го задоволува него, ни Бадинтер, ни делењето на државниот суверенитет. Оти апетитите се големи.
Па ти знаеш сега, драг читателу, зошто за овој перверзен параграф во пописниот закон, кој е надвор од сите норми на европските пописни правила, освен од некои можеби африкански, се бунат само Македонците, но не и Албанците. А за премиерот од Муртино и да не зборуваме. Па нели тој својата претпремиерска кампања, ако добро се сеќаваме, ја почна во Берн кај швајцарските Албанци, а не прво кај Македонците и македонските Албанци. Тоа зборува сè. Зборува и аминџискиот потпис што го става на катастрофалниот пописен закон и претседателот од палатата на Водно со прекрасниот раскрилен мозаик на Глигор Чемерски. Па тука во тој контекст, што не е за занемарување, е и поздравот од Кале на тивката, но ефикасна госпоѓа Кејт со знамето со најмногу ѕвезди во светот. За Македонците и онака столчени докрај (тоа е мое мислење драг читателу) пописниот закон е само софистицирана стапица за нив, но колку/толку понатамошно осипување и дотолчување.

Ако и има веќе што да се дотолчува од нив по катастрофите што ги доживеа со оваа СС-влада и меѓународните и балканските сатрапи. Во секој случај, можеме да кажеме дека планот од пред едно столетие и кусур на Призренската лига во полн интензитет се остварува, како во Србија така и во Македонија. И ние сме вклопени во големата рамка на Илирида, која сега ја крои и големиот брат од Вашингтон. Треба да е човек глупав да не го гледа тоа. Како што не го гледаат нашите ненаши Северни корисни идиоти, да се послужам и јас со синтагмата на оној полски новинар. Тие Северни, кои сè уште необезрбетени и неомозгани, како што би рекол Готфрид Бен, се сè уште жители на Галапагос, чекајќи да им даде повисок еволуциски ранг во својата тетратка Дарвин, кој навистина е збунет од нивната еволуциска закоченост. Зошто, прашуваш драг читателу. Па, едноставно, затоа што и жабата си го знае својот идентитет, па крека во блатото за да го потврди него, а тие не си го знаат. Си ја знае жабата и својата идентитетска боја – зелената. А тие не си ја знаат и се премачкуваат како шарени камелеони со сите севозможни бои, кои, рака на срце, тешко би ги дефинирал и Њутн во својата призма. Оти такви се модерните грантовски демократи. А се стискам за да не го изговорам зборот: паразити.
Така. Па сега му се чудиме на овој најавен попис на кој Македонците, како и секој друг во таквата операција, ќе треба да го демонстрираат својот идентитет. Да. Ама тие по Преспа го немаат него. Тие се преименувани во Северни и престорени во живи мртовци за подбишега на сите. Тие се сведени на оние три коси црти на диктаторот од Муртино, па жалниот парадокс е во тоа што македонските невести своите деца сега, а како што е планирано од Големиот инквизитор и во иднина новите македонски поколенија ќе ги раѓаат под нивниот безличен знак. Новата семиотика на цивилизацијата што ја вежба на Македонците, кои се идентитетски сардисани не само од премиерот, туку и од претседателот, кој најсјајниот од поновата историја македонски идентитетски знак Гоце Делчев им го фрли во прегратка на Бугарите како етнички Бугарин. И сè уште, ако погрешил, не им се извинил на Македонците.

А, претпоставувам, не ни мисли да им се извини, затоа што за него сега и тука постојат Северни, како и за Наполеон од Муртино, но не и Македонци. Боже мој! Оти и двајцата се легнати на трите коси црти, без да знаат дека и првобитниот човек на ледената епоха бил длабоко свесен за својот идентитет ако ги погледаме камените цртежи во палеолитските пештери на Алтамира во Шпанија и Ласко во Јужна Франција. А има такви и во Нигерија во Африка. Таму нема заевопендаровски три коси црти, туку има прекрасни камени цртежи на идентитетот на племето и цивилизацијата на ледената епоха на кои денес можеме само да им се восхитуваме и да учиме идентитет од нив. Па и уметност, како Пикасо, Кле и некои други. Нека поразмисли во тој контекст малку и Мила Царовска при изготвувањето на нејзината образовна финска (а би требало да е македонска) образовна реформа.
Така. И дојдовме најпосле хамлетовски до прашањето за несоница, драг читателу, дали е овој попис за живот, или за смрт, и за кој е за едното, а за кој за другото. А сите пописи на Македонците во историјата, впрочем, биле под знакот на ова трауматично прашање. Што мислиш ти, драг читателу? А? Или и јас и ти и народот сме ја домислиле, па нема што повеќе да мислиме, оти други мислат и ни ја еб.. мајката на нас. Да. Оти нели личи и овој најавен попис на пописите во Отоманската Империја според таканаречениот милет-систем што бил стокмен изгледа специјално за Македонците, кои и тогаш биле сведени на сегашните Заеви три безлични коси црти. Македонците, „флотантна маса“ како што ги дефинирал нив српскиот антрополог Цвијиќ. А и денес се, за жал, претворени во тоа. И повеќе од тоа. Имено, отоманските Турци, драг читателу, кои во однос на идентитетот кон Македонците сепак биле многу потолерантни од сегашната бриселска Европа, нив ги заведувале, бидејќи биле непризнаени од сатрапските балкански соседи, под религиска графа.

Кој како ќе се изјаснел. Така, оние што оделе во грчка црква ги заведувале како Грци, фанариоти, а оние што оделе во бугарска црква (кај кои, каков парадокс, и сега нашиот Синод си ја бараше црковната мајка за резил) ги заведувале како Бугари, егзархисти. И Турците тој попис на македонската „флотантна маса“ (Цвијиќ) тоа многу педантно го правеле. Оттука, пак, имено, доаѓа и забуната кај не малку слависти, антрополози и етнолози што ја истражувале Македонија во XIX век, па и на почетокот од ХХ, третирајќи ги според пописните турски дефтери Македонците главно како Бугари. Постојат многу примери за тоа. Јас сега за илустрација, пак, ќе се задржам, драг читателу, на примерот на познатиот руски славист Селишчев. Него им го препорачувам на тие збеснати од Беса и на Груби. Имено, тој меѓу другите свои вредни трудови ја напишал со извонредна научна акрибија и книгата „Словенското население во Албанија“ („Славяское неселение в Албании“). Во неа го опишува теророт на Гегите од север, сточари, врз мирното словенско население во Јужна Албанија, денес населена главно од Тоските, многу попитома сорта луѓе. Имено, тој терор се одвивал во некој вид закономерни циклуси.

Ќе слезеле горштаците Геги со варварска сила во мускулите, ќе убивале, силувале, пустошеле и ќе загосподареле со територијата што ја зазеле, од која насилнички го потиснале мирното словенско (македонско) население. Следните пет или десет години Гегите ќе го повтореле истото, потоа пак, и се така со варварски заграби до 2001-та. Сфаќаш, драг читателу, нели? И јасен ти е првиот стих од поемата на Григор Прличев: „Пискотници се слушаат од Галичник во Река“. А потоа во 2001 г. и потаму од Галичник и Река. Туку, Селишчев и неговата книга во која е опишан теророт врз словенското, македонско население. Имено, потпрен на пописниот милет-систем на отоманските Турци, за што стана збор, тој тоа население ќе го третира како Бугари. Парадоксално, но вистина, а тоа веројатно, покрај и некои други примери, и им послужило на бугарските шизофрени европарламентарци Ковачев и Џамбаски да издејствуваат во ЕУ-парламентот декларација за бугарскиот карактер на Македонците во Мала Преспа и во другите региони на Албанија. Да. Замисли, драг читателу, со документ, совршено геноциден, од бриселската цивилизациска ороспија. Па ние се чудиме за нивната фашистичка Лисабонска декларација (1992). Таа уште многу долго ќе ни го стега со јаже вратот додека сосема не нè задави, оти и по катастрофата во Преспа сè уште дишеме, иако со страшно намален интензитет.

Така е работата со Селишчев, но така е работата дури, рака в на срце, и со некои наши преродбеници од XIX век. Меѓу нив најеклатантен е примерот со браќата Димитрија и Константин Миладинов, кои својот зборник на македонски народни песни го печателе со атрибутот бугарски. Него, имено, така и го издаде скопска Култура за време на бугароманскиот македонски министер за култура Димитар Димитров (татко на Никола Димитров, кој, пак, нè одведе кај Грците) и исто така македонскиот екстрабугаромански премиер Љубчо (инсистира на б) Георгиевски. Македонска судбина. И токму најмногу на Зборникот на Миладиновци, златната книга на македонската преродба, објавен како „Бугарски народни песни“, инсистираат нашите источни Каинови соседи дека сме Бугари, та се запенавила така многу и онаа бугарска анимална анима Захариева. Ама не е така, оти тука клучот за решавање на нештата е контекстот, без кој, како што тврди и еден од корифеите на модерната историја Арнолд Тојнби, не може да се објаснува историјата. Меѓу другите можеби и повеќе бугарската отколку македонската, која има многу почиста генетичка и јазичка континуална линија од таа на Бугарите што сакаат да ја прескокнат нивната протобугарска татаромонголска генеза, и оп веднаш да скокнат кај Тракијците, а потоа и кај Словените, трупајќи го во лакомата бугарска вреќа целиот македонски и словенски културно-цивилизациски имот од Кирил и Методиј до денес.
Тоа. Ти пак, повторно приговараш, драг читателу, за долгата дигресија, која може да нè исфрли надвор од зададената тема. Но не е така. Мораше отоманскиот пописен милет-систем за Македонците поилустративно да го објасниме, затоа што (никој не мисли на тоа) тој и денес се рефлектира врз нас.

Па и сега во овој попис во кој ние треба пак шизофрено, со расцепена свест и душа да се попишуваме едни како Северни по националност (новокомпонирана), а други, тврдоглавите и неоткоренливите, како Македонци. А за овие вторите нема графа оти тие не се меѓународно и од домашната нацифашистичка влада признаваат. Освен како три коси црти. Да полуди човек, ама и таа катарзична емоција ни ја кусат и целосно потиснуваат. До задушување. И сведени сме само на Трпевци и Трпани, имиња што се во цел свет карактеристични само за Македонците. За никој друг. И тоа е антрополошката и онтолошката македонска микрослика, драг читателу. Јасно ли ти е сега? Оти ѓаволот ја однел шегата. Не е до плачење, ама не е ни до смеење работата.

(продолжува)