Патологијата на бугарскиот македонизам (4)

Пловиме во неопходни дигресии, драг читателу, низ комплицираните меандри на македонската судбина денес, која, пак, својата трагична линија ја влече од поодамна низ долгата историја. И бидејќи во овој есеј сме фокусирани на темната за бугарска страст на грабеж на целокупниот македонски културно-цивилизациски имот, пак се враќаме неизбежно на колективниот бугарски синдром за бугаризација на сè што е македонско. И на Заев и Пендаровски, доколку се тие Македонци. Ставам точка. Главни, највоинствени, би рекле и најпатолошки претставници на тој темен синдром сега се Борисов, Захариева, Каракачанов, европратеникот Ковачев (кој е, впрочем, огледало на „хуманизмот“ и „космополитизмот“ на перверзната ЕУ), како и на сите други бугарски политичари без исклучок. Ако има некој исклучок, нека се јави. Ќе го поздравам со целата душа и срце. Тие ја трујат душата на бугарскиот народ зајакнувајќи го (наместо да ослабуваат и лечат) неговиот анимозитетот кон Македонците, кои, парадоксално, сепак, ги сакаат како Бугари. Да. Но, се разбира, драг читателу, од таа денешна азијатска глутница на бугарските политичари има историско отстапување во позитивна смисла.

Претпоставуваш, станува збор за Ѓорѓи Димитров што го заби знамето на пролетерската интернационала на Рајхстагот во Берлин во 1945-та, познат космополит и хуманист, кој ги призна со отворено срце македонскиот идентитет, дух и нација. Но од неговиот космполитизам и хуманизам нема ни трага денес во Бугарија. Повеќе од сигурно е дека нема како него денес јунак во неа. А познато е и од митологијата и од реалната историја дека јунакот секогаш страдал не од рамните и посилните од него, туку од подлеците, кои него не само што го убивале туку потоа го растворале и во мравја киселина за да не остане никаква трага од неговиот подвиг којшто не им одговарал ним. Така се случи, имено, и со Ѓорѓи Димитров, еден од најдоблесните Бугари во Бугарија. Целосно е десакрализиран, за да дојдат на негово место такви политички креатури какви што се денес Борисов, Захариева, Каракачанов, Ковачев и сличните на нив патолошки отруени души кон македонизмот. Ако денес се случи по третпат светска војна, сигурен сум дека тие повторно ќе ги фрлат Бугарија и бугарскиот народ во прегратките на фашизмот. Димитров е растворен во мравја киселина. Дали, пак, за задоволство на западните сенки на фашизмот денес, кој смртно, со либерална маска, се плаши од повампирување на Интернационалата, за што е и формиран НАТО? Прашање за размислување, иако однапред е познат одговорот. Токму така. Современата бугарска екстранационалистичка политика го избриша подвигот на Ѓорги Димитров, го понижи и се обиде да го фрли неговото име низ водите на заборавот, заборавајќи притоа дека личностите легенди никогаш не ги голта таа. А најголемата причина овој светол европски, не само бугарски, деец и јунак да се раствори во мравја киселина е неговиот „грев“ кон Македонија, Македонците и македонизмот, кои ги призна како непобитен историски факт. Особено сега и во спорот со хунско-варварскиот агресивизам на современата бугарска хиенска политика во врска со присвојувањето на македонската херојска и духовна светлина Гоце Делчев, чии коски Димитров со космополитски амин ги испрати од Софија во Скопје да почиваат во татковината за која се бореше тој. За жал на Пендаровски не како етнички Бугарин, туку како доблесен Македонец, кој во стилот на својот далечен предок Александар Македонски го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Она што им е толку многу туѓо денес на тесноградите, набиени во својот протобугарски азијатски национ Бугари.

Тоа и толку, драг читателу. При крај сме. Доволна е експликацијата понапред на основната теза поставена во насловот на овој есеј: „Патологијата на бугарскиот македонизам“, на архетипскиот психопатолошки јазол на затруената бугарска колективна душа, кој треба да се разврзе. Дали како што тоа го стори на времето Александар Македонски со Гордиевиот јазол, пресекувајќи го со меч. Но дали сега навистина со железен, или со духовен меч? Она второто е поверодостојно. Оти навистина Македонците низ историјата триж повеќе војувале со духовен отколку со железен меч. Бугарската колективна душа е отруена од екстранационализмот на бугарските политичари, кому одамна му е потчинета и бугарската славистичка и историска „наука“. Не е тешко да се заклучи дека и во двете светски војни Бугарите се ставија на страната на фашизмот за, покрај другото, и да ја добијат Македонија, нивната дамнешна болка и утопија. Во таа смисла не случајно, лукаво, тие и го прогласија целото македонско историско мартирство за најромантичен дел од нивната историја, што значи, со други зборови, варварско присвојување на туѓата саможртва, хероизам и голгота за свое автентично историско искуство и борба за искачување на цивилизациската сцена за, како што би рекол, Гоце „културен натпревар меѓу народите“. Да, ама космополитизмот на Гоце, за жал, не е карактеристичен за Бугарите, под претпоставка и да им го дадат сега ним целосно (како „етички Бугарин“) Пендаровски, Заев и нашиот полтронски настроен преговарачки тим. Оти да ја имаат таквите типови како што се Борисов, Захариева, Каракачанов, Ковачев и сличните на нив космополитската свест и духовно просветление на македонскиот херој нема да бидат такви екстранационалисти какви што се и да ја манифестираат така отворено и варварски нивната темна страст за целосно потаманување и претопување на Македонците во Бугари. Порано тие имаа за тоа ветер во грбот од европскиот фашизам на Хитлерова Германија. За жал, сега го имаат истиот ветер од Европа, а и од Америка, кои повторно на најперфиден софистициран начин ги будат сенките на Третиот рајх. Сега Четврт, во кој по атавистичка линија на својот магнет повторно идеално се вклопуваат Бугарите. Повторно е на дело нивниот македонистички романтизам краден со лакома волчешка муцка.

Тука, драг читателу, сега можеме да поставиме и една антрополошка (хипо)теза за некој вид кусок во идентитетот, или перфидно бегање од неговиот генерички праизвор за приклучување на друга идентитетска струја, местејќи го штекот од еден на друг приклучок. Тоа е многу карактеристично за Бугарите. Имено, тие како да се срамат, а нема зошто, од нивниот протобугарски идентитет, кој е во основа азијатски, легура од Хуните и Аварите. Таков идентитетски праизвор имаат во Европа и Унгарците, потомци на Хуните од кои го наследуваат и името, но тие, за разлика од Бугарите, не го кријат својот праидентитет и не се срамат од него. Не се вклучуваат како несигурните Бугари од еден на друг приклучок на туѓа идентитетска струја, занемарувајќи го праизворот на својата автентична генеза. Иако некои од Бугарите (сум разговарал за тоа со некои нивни поети) со гордост го споменуваат Аспарух Кан, основачот на протобугарската држава, и не се срамат од симболизмот на коњската опашка како протобугарско знаме. Отклонувајќи го азијатскиот идентитетски праизвор, нормално во време на комунизмот и Бугарите како преостанатите јужнословенски народи, меѓу нив и Македонците, ја прифатија глупавата наметната од Западот теза за нашето заткарпатско потекло. Без каква било друга алтернатива. Така и потеклото на Бугарите се врза за Словените, а не за Аспарух Кан, Хуните и Аварите. Но и од тоа не беа задоволни, па отидоа генезата да ја бараат кај Тракијците. Како Албанците кај Илирите што се словенско племе и со кои немаат никакви допирни точки. Само да кажеме дека илиризмот и Илирите во романтизмот беа заштитен знак на Хрватите, на пример.

Сега, во овој контекст на комплексното бугарско идентитетско прашање, можеме слободно да се запрашаме дали тие со ова хистерично приграбување на целиот македонски културно-цивилизациски имот не го вклучуваат штекот на приклучокот на македонизмот како нивен идентитетски (пра)извор? Хипотезата можеби, драг читателу, звучи неверојатно, но во целиот контекст на нештата (па и со недоветната изјава за Гоце на Пендаровски) има реална основа да се постави и анализира. Пред сè од аспект на архетипалната психологија на Јунг за некои квалитети, особини и скриената потсвест на колективната душа. Нашата теза, како што веќе нагласивме, се потпира на темната бугарска страст за вцицување на македонскиот во бугарскиот идентитет со сè што поседува тој како духовно, културолошко и воопшто историско благо. Фигуративно кажано, Бугарите го сакаат комплетно целиот македонски храм сосе светецот, заедно со неговата глава и мартирскиот ореол околу неговото чело. Апсолутно сè на еден специфичен бугарски „романтичарски“ начин.

Тоа, драг читателу. Оттука, по сето ова, ако целиот случај, кој ние го именуваме со синтагмата бугарски македонизам, го подведеме на една длабинска психоанализа (во Фројдов или Јунгов клуч, сеедно) не е тешко кристално да ја откриеме бугарската патологија со македонизмот и македонското прашање што е историска мора за нив. Имено тие, така изгледа на површина, смртно го мразат македонизмот како неповторлив небесен и земен печат на македонското колективно и индивидуално битие. Така, во таа смисла и шефот на бугарската преговарачка комисија за бришење на македонската историска меморија Ангел Димитров, кој не случајно (каква ужасна коинциденција) се римува со нашиот антимакедонски министер Никола Димитров, во една пригода дава коментар дека сега македонизмот конечно го доживува својот крах. Во таа негова изјава излегува на дело бугарската политичка филозофија на хиената кон Македонија и Македонците. Да. Но тој негов страв и анимозитет од македонизмот, ставен под лупата на психоанализата, е само површинскиот психолошки слој.

Подлабокиот е скриен во неговата потсвест, а тоа е „романтичарското“ чувство кон тој поим кон кој толку многу и непретпазливо со варварски канџи стремат Бугарите. Сега, со од наша страна навистина по наша неопислива штета со идиотскиот договор за добрососедство со Бугарија, целосно излезе во сиот негов франкенштајновски монструозен сјај од бугарската потсвест демонот на бугарскиот омразен македонизам, кого сепак всушност толку многу сакаат да го припитомат и присвојат како Ѕверот Убавицата во познатата сказна. Со еден збор, македонизмот е тешка патолошка болест и рана на бугарската колективна душа, труена од агресивната екстранационалистичка бугарска политика. Горчлив е лекот за да се излекува таа. Тој е болен, но единствено ефикасен и катарзичен: бугарските политичари да се огледаат на доблесните Бугари каков што е кај нив сега демонизираниот Горѓи Димитров, Пејо Јаворов, Иван Вазов, и другите како нив. Конечно, и да се вглобат во космополитската и духовна струја на од нив посакуваниот за Бугарин Гоце Делчев (во замена за него ќе им го понудиме Пендаровски) за разбирање на светот како „поле за културен натпревар меѓу народите“, а не за хистеричен национализам и темната страст за потоморување на друг народ со целокупната културно-цивилизациска меморија што ја поседува тој. Оти струјата по која плови космополитскиот дух на Гоце е всушност струјата па македонизмот од кој толку многу истовремено и се плашат и го посакуваат на „романтичарски“ начин Бугарите. И тој жесток контраст е, имено, причината за нивната патологија поврзана со феноменот МАКЕДОНИЗАМ.

(крај)