Пандемијата ги зацементира врските на ЕУ со Западен Балкан

Регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат клучен фактор во закрепнувањето на економијата, како и за понатамошното спроведување на реформите, што не значи само усвојување на законодавство туку и директно спроведување на преземените мерки

Загреб, главниот град на Хрватска, беше домаќин на самитот на ЕУ за Западен Балкан, на кој лидерите, меѓу другите, требаше да усвојат економски и инвестициски план за регионот. Овој план е една од трите патеки во новиот пристап што Европската комисија ги разви за регионот како дополнување на првите два, односно ревидираната методологија за проширување на ЕУ, која Комисијата ја воведе во февруари за да ја врати веродостојноста во една од најважните европски политики, како и на одлуката да започнат преговорите со Албанија и со Северна Македонија, што европските лидери ја одобрија во март заедно со ревидираната методологија.
Пандемијата на ковид-19 не го нафрли тукутака овој внимателно исцртан план, а не ја промени ни нашата цел, амбиција или одлучност. Ова многу лесно можеше да се случи. Пандемијата сериозно ги погоди ЕУ и целиот континент, а предизвика незамислива загуба на човечки животи. Комисијата презеде натчовечки мерки за да ги поддржи и помогне членките во справувањето со кризата за да се спасат животи, да се заштитат здравствените системи и да се ублажи социоекономскиот удар.

Но истовремено Комисијата беше јасна дека пандемијата може да се порази само со светска акција и соработка со партнерите.
Ова беше најочигледно во Западен Балкан, регионот во срцето на Европа, кој целосно е опкружен од членки на ЕУ. Западен Балкан беше првиот регион каде што идеите станаа реалност. По првичните тешки денови, Комисијата презеде конкретни чекори веќе во втората половина на март за да ги поддржи сите партнери во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Мерките опфатија поддршка за итните потреби, како и закрепнување на економијата, а од финансиски аспект досега неспоредливо се доделени 3,3 милијарди евра во грантови и заеми.

Ваквата невидена солидарност не заврши тука. Со оглед на европската перспектива, ЕУ го третира Западен Балкан како привилегиран партнер со тоа што му овозможи пристап до многу иницијативи и инструменти со кои располагаат членките. Ние ги поканивме владите да се приклучат на европскиот договор за набавки на медицинска опрема, го ослободивме регионот од овластувањата за извоз, а истовремено беа воведени зелените коридори за транспорт на стоки до и во рамките на него. Регионот е поврзан со релевантни здравствени органи на ЕУ, а земјите во преговори ќе можат да го користат европскиот фонд за солидарност.

Истовремено, ЕУ ја цени поддршката што ја доби од партнерите од Западен Балкан со медицински персонал и опрема.
Самитот во Загреб се одржа преку видеоконференција. Ние заедно сме во оваа криза и заедно ќе излеземе од неа. Ќе го поддржиме економското закрепнување на регионот што истовремено ќе ги приближи партнерите поблиску до ЕУ. Нашите економии се тесно поврзани, а економскиот и инвестициски план за вториот дел од годината сега ќе биде уште поважен. Неговата цел е да го поттикне долгорочното закрепнување, да ги модернизира економиите, да го зајакне растот, да ги поддржи реформите потребни за европскиот пат и со тоа да се намалат развојните разлики и побрзо да се спроведат придобивките за народот.

Планот ќе се насочи на поврзаноста, особено во транспортот и енергијата, како и на економијата, која работи во корист на народот, исто така преку дигитални и еколошки трансформации. Во претстојните недели и месеци, регионот може да го поттикне овој план со воведување конкретни планови, идеи и тесна соработка. Регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат клучен фактор во закрепнувањето на економијата, како и за понатамошното спроведување на реформите што не значи само усвојување на законодавство туку и директно спроведување на преземените мерки. Мора да продолжи фокусот на владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација.

Заедно ќе ја надминеме оваа криза и од неа ќе излеземе посилни. Пандемијата на ковид-19 јасно потврди дека иднината на Западен Балкан е Европската Унија. Ние презедовме важни чекори оваа година и покрај пандемијата и потребно е да продолжиме да ги градиме за вистински обединет европски континент.

Авторот е комесар за соседска политика и проширување на ЕУ