Пазарно адаптирање на полупазарните млекопроизводители

Иднината на полупазарните стопанства е важна поради нивната улога кај заштитата на селската заедница, што се акцептира и во заедничката аграрна политика на ЕУ. Тие играат голема улога во развојот на земјоделството во поранешните социјалистички земји како резултат на распределбата на земјоделското земјиште. Во принцип станува збор за ситни земјоделски стопанства со производство за сопствена консумација и ниско ниво на пазарно учество. Нивната специјализација е со одредени производи, тие стопанства може да се интегрираат во пазарни услови и да постигнат добри економски резултати. Од една страна, тоа бара специфична умешност и знаење од земјоделците, како и пристап до платежно способен пазар. Искуството од Франција покажува дека малите француски фармери најчесто прилагаат три стратегии за диверзификација. Првата е поврзана со разработка на селски туризам, кој, освен хотелиерство, вклучува отворање мали работилници и магазини. Втората стратегија е сврзана со производството на висококвалитетни производи или такви со локални карактеристики. И третата стратегија е комбинирано земјоделство со неземјоделска дејност.

Полупазарните стопанства треба да надминат 3-4 пречки за пазарна интеграција: транзициските трошоци, неспособноста да ги обезбеди стандардите за квалитет и беспаричната корист од консумирање сопствено произведена храна. Суштествува и четврта причина поради производството на свежа храна во изолирани општински подрачја. На прво место кај трансакциските расходи поврзани со барањето потенцијални партнери, собирањето ценовни информации, договарањето и трошоците за склучување договори. Тука се вклучени транспортните трошоци, кои се особено големи за земјоделците во оддалечените реони.
Кооперирањето помеѓу полупазарните стопанства е од основно значење за подобрување на нивниот пристап до пазарот. Потребна е да се стимулира нивната комерцијализација, потребна е концентрација врз политиката за намалување на трансакциските трошоци, преку нивно намалување за сметка на транспортот и стимулирање на кооперативните пазари.

Стандардите за земјоделските стопанства можно е да дејствуваат како бариера пред полупазарните стопанства за нивното учество на пазарот. Земјоделските стопанства може да се приспособат за квалитет (на пример за органолептички и козметички), безопасност на храната, автентичност на производствениот процес. Традиционално, државните органи воведуваат и наложуваат придржување кон тие стандарди. Паралелно со тие приватни стандарди, вклучувајќи и меѓународни договори, како на пример „Глобал гап“ или такви специфични стандарди на купувачите, стануваат сѐ почесто користени во меѓународните синџири супермаркети за доставување храна.
Пречката за ниско ниво на учество на пазарот се состои и во тоа што некои производители можат да бидат задоволени поради тоа што консумираат храна што ја произвеле сами. Ценовната информација, трансакциските трошоци и аграрната политика немаат тежина кај решавањето за тие фармери. Често тоа се таканаречени градски фармери, кои произведуваат земјоделски производи како хоби и важни се за градско-селските односи, а во врска и со градската вработеност.

Производството на млеко и неговата преработка бараат високи суми инвестиции за закуп на специфични активи. Кога се има предвид дека млекото е брзо расипливо (нетраен производ), тоа се преработува во производствената зона.
Само со преработеното млеко се тргува на долги растојанија, како во форма на сирења, путер и млеко во прав. Цените на различни пазари доста варираат. Затоа е тешко и скапо за одделни земјоделски производители да добијат точна информација на пазарот. Според истражувањето на овие млечни полупазарни стопанства во Европската Унија, заклучено е дека кај добра организација на производството и примена на соодветна пазарна стратегија полупазарните стопанства може да бидат рентабилни и да продолжат да се развиваат во мали пазарни стопанства. Основната задача што е пред нив е да ја модернизираат својата дејност за да одговорат на потребата за производство на квалитетно млеко. Големината на стопанствата не е единствен и основен фактор за остварување ефективно производство. Потребно е големината да биде синхронизирана со преостанатите фактори на производство, како што се: искористувањето соодветни раси со генетски предиспозиции за висока млечност; осигурување редовно и балансирано хранење, ускладено со барањата и генетската можност на расата; да се применува соодветен начин на одгледување на животните, со давање предност на шталско-пасишното; да се користат апарати за мелење и разладни канти за да може да се одговори на хигиенските барања.

Потребно е примена на специјална политика поврзана со зачувувањето на полупазарните стопанства и нивно постепено интегрирање на пазарот како пазарни. Реалноста налага да се помагаат за да може барем дел од нив да го модернизира производството и да го подигне нивото на квалитетот на млекото. За постигнување на тоа, потребно е фармерите да бидат помогнати, целта да ја постигнат со обука (спроведување специјални курсеви), за да можат да се запознаат со различни мерки и како да конкурираат за нив.

За да се интегрираат на пазарот, треба да се побараат начини на помагање за ефективни пазарни стратегии, за да можат фармерите реално да имаат полза од тие средства. Тоа зависи од желбата на фармерите и нивната активност, како и да се бараат начини за стимулирање на нивното излегување на пазарот со заеднички трговски мерки „свежо пресно млеко“ со гарантиран квалитет и потекло. Приоритет на државните институции треба да биде стимулирање на фармерите да бараат и да поддржат барања поврзани со прехранбената сигурност. Усогласено со добар маркетинг и примена на мерката „свежо млеко“, да се осигурат високи откупни цени на суровото млеко.

За решавање на долгорочен план на проблемите поврзани со полупазарните стопанства, треба да се разработи програма за нивно помагање за зголемување на нивната пазарна интеграција и покривање на барањата поврзани со хигиената на млекото и одгледувањето на животните. На оние стопанства што не можат да ги достигнат повисоките стандарди, да им се помогне за преориентација во друго производство.