Кој ќе преживее, ќе гласа, а можеби ќе биде и избран

Што се однесува до содржината на кампањите, пак, експертите длабокоумно прогнозираат оти таа ќе биде валкана, како тоа да би било нешто ново. Политичкиот амбиент и без изборите и кампањите, константно изобилува со валканици и со празни реторики, кои ги потценуваат елементарните стандарди за добриот вкус и интелигенцијата на граѓаните. Тој одамна е сведен, поточно соголен, на бруталната пресметка помеѓу одредени групации, кои дури повеќе не можат да се дефинираат ниту како политички партии, преку грбот на граѓаните. Зошто тогаш некој воопшто би очекувал дека сега, со почетокот на кампањата, нештата би можеле да се променат. Кампањата може да биде чиста, како што им се чисти рацете на тие што ја водат. Или како што деновиве е чиста водата во реката Брегалница

На ден пред вчерашниот официјален почеток на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори, од Министерството за здравство до Државната изборна комисија беа доставени здравствените протоколи, кои, како што беше речено, имаат цел да го заштитат здравјето на гласачите и на членовите на изборните органи на денот на гласањето. Но дотогаш, треба да се истера кампањата, а дел од политичките партии веќе најавија интензивни непосредни средби со граѓаните, на кои, според веќе виденото, можат да се очекуваат страсни прегратки, влажни бакнежи, па и да се поведе по некое оро што најчесто завршува покрај богати трпези во доцни ноќни часови, кога вообичаено, се симнуваат маските. Оние заштитните. Светската здравствена организација штотуку предупреди дека многу земји, кои првично успешно се справуваа со коронавирусот, бележат зголемување на бројот на пациенти поради организирање настани, како што се верските собири. Не беше кажано, ама на сите што ја следеа дневната динамика на бројките, белки, им е јасно дека токму тоа се случуваше во Македонија во изминатиов период. А да бидеме искрени, помеѓу верските и партиските собири и нема некоја голема разлика.

Разликата е само во тоа дали „поклониците“ му ја бакнуваат раката на попот или на лидерот, икона или партиско знаме. Партиите уште пред и да започне кампањата меѓусебно се обвинуваа дека со своите избрзани предизборни активности го загрозуваат здравјето на граѓаните, но не отстапија од планираната динамика иако претходно, со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, се обврзаа дека недвосмислено ќе ги почитуваат мерките за заштита на граѓаните од ковид-19 во секоја фаза од изборниот процес, а во меѓувреме имаше и рапидно зголемување на бројот на новозаразените и на починатите. Истото тоа го сторија и нивните подмладоци. Но од политичарите, нели, не може да се очекува да ги исполнуваат дадените ветувања па дури и кога го гарантираат тоа со својот потпис. Уште помалку од надлежните органи може да се очекува да си ја вршат работата и да ги лоцираат и санкционираат непочитувањата на какви било правила, па ни на здравствените мерки од страна на политичарите.

Одговорноста да се грижат за своето здравје, значи, е на граѓаните. Не треба да се залажуваат со ветувањата дека партиите ќе се придржуваат до мерките и до протоколите и со илузиите дека некој сето тоа ќе го контролира, додека, наспроти сите разногласија, постои општа согласност дека живееме во нефункционална држава. Политичарите, како што веќе се потврди во голем број случаи, не се во состојба да се грижат ниту за себе, а камоли за граѓаните кога станува збор за заштита од коронавирусот. За другото се и тоа како способни.
Што се однесува до содржината на кампањите, пак, експертите длабокоумно прогнозираат оти таа ќе биде валкана, како тоа да би било нешто ново. Политичкиот амбиент и без изборите и кампањите, константно изобилува со валканици и со празни реторики, кои ги потценуваат елементарните стандарди за добриот вкус и интелигенцијата на граѓаните.

Тој одамна е сведен, поточно соголен, на бруталната пресметка помеѓу одредени групации, кои дури повеќе не можат да се дефинираат ниту како политички партии, преку грбот на граѓаните. Зошто тогаш некој воопшто би очекувал дека сега, со почетокот на кампањата, нештата би можеле да се променат. Кампањата може да биде чиста, како што им се чисти рацете на тие што ја водат. Или како што деновиве е чиста водата во реката Брегалница.

Одговорноста да се грижат за своето здравје, значи, е на граѓаните. Не треба да се залажуваат со ветувањата дека партиите ќе се придржуваат до мерките и до протоколите и со илузиите дека некој сето тоа ќе го контролира, додека, наспроти сите разногласија, постои општа согласност дека живееме во нефункционална држава. Политичарите, како што веќе се потврди во голем број случаи, не се во состојба да се грижат ниту за себе, а камоли за граѓаните кога станува збор за заштита од коронавирусот. За другото се и тоа како способни

Она што веќе подолго време се случува во просторот, кој уште само по некаква инерција се нарекува политички, всушност, најмногу наликува на кинеските пазари, кои важат за расадници на коронавирусот и на кои продавачите нудат заразена стока, со цел глас извикувајќи оти е најквалитетна и најповолна бидејќи купувачите немаат право на поврат на парите, а целата трговија нема кој да ја контролира. Дека нештата наскоро би можеле да се сменат на подобро, навистина е тешко да се поверува.

Но бидејќи сепак, сѐ уште има и такви што искрено негуваат некакви надежи, но и такви што не веруваат, но поради одредени должничко-доверителски односи мора да одат по волјата на партиите, редно е да се каже оти е потребно многу да внимаваат да не се инфицираат со коронавирусот, но и со преголеми надежи и очекувања.
Имено, бруталната вистина е дека, за жал, и овој пат е пропуштена шанса за формални и суштински промени во изборниoт систем, а со тоа и во изборните настапи на главните протагонисти. Пандемијата, но и апатијата во која западна јавноста уште и пред да бидат регистрирани првите заболени случаи, ја конзервираа претходната состојба продолжувајќи им го животниот век на одамна истрошените политики и на длабоко компромитираните политички ликови. И сега ќе треба да слушаме оти пандемијата за сѐ нешто им е виновна.

[email protected]