Коронавирусот на западната цивилизација (5)

Коронавирусот го протресе зовриеното, а сепак анемично човештво, притоа поставувајќи некои суштински прашања и хипотези. Едно од нив, можеби и најважно, е дали навистина човекот го зазема примарното место во хиерархијата на божјото создавање. Дали е тој единственото од сите творби богообразно создание што има јасна свест за категории какви што се: Убавина, Добро, Светлина, Милост. Само тој. Да. Ама човекот не еднаш низ историјата дал за право да се сомневаме во тоа. Сега, пак, во епохата на либералкапитализмот, што фатил како чума корен на Запад, тој сомнеж е крајно изострен. Човекот на таа цивилизација по трампата што ја направи Фауст со Мефистофел се изроди во еден вид лакомо чудовиште, кое многу повеќе ја засака темнината отколку светлината, од која речиси не остана ни најмала трага во него и неговиот, пред тоа во просветителството по Бастилја, блескав интелектуализам.

Тој целосно се истопи, а тоа што остана од него му се предаде целосно на услуга на капиталот, богот на парите што дојде во либералкапитализмот нарамен со Златното Теле од Стариот завет. Човекот во него потона целиот во живиот песок на материјалната лакомост и нагонот за темнина и деструкција за газење на сè пред себе во име на тој „цивилизациски“ идеал. Така и се формира цивилизациската слика на новиот човеколик Галапагос, канибалистички во основа, што треба да го опише новиот Дарвин. Совесните некорумпирани антрополози, како што е тоа Луј Вансен Тома, со кого веќе си запознаен, драг читателу (повеќе и од месје Тимоние), и го прават тоа без вивисекција со својот остер скалпел на неподмитливиот дух и интелигенција.

Сето ова, пак, и пак го поставува есенцијалното прашање: дали ако човекот е првосоздание во божествената хиерархија, тоа е поради умот што тој единствено го поседува меѓу созданијата, како што мислиме ние. И дали, конечно, поради тој свој скапоцен имот тој е најсреќното создание што постои на овој свет, трската што мисли, како што би рекол Паскал? Најпосле и интимната саморефлексија како императив, што му ја предочи на западниот картезијански човек Декарт: „Мислам, значи постојам“. Безброј дали во одговор на така поставеното прашање, кое веројатно и не може да се одговори освен пак со поставување прашања. Веројатно, пак, ти очекуваш, драг читателу, на тоа прашање поврзано со умот, приматот и среќата на човекот од тој факт да биде одговорено потврдно.

Со: Да! Така, ама не верувам дека така мисли и Шопенхауер, кој мене ми е многу близок. Оти не е тукутака, од џеб извлечена неговата песимистичка изјава дека од сите можни светови што постојат, нашиот е најлош. Добро. За да те утешам, пак, ако е тоа некоја утеха, има од еден не помал ум од Шопенхауер и спротивно мислење. Тоа на Лајбниц, изумителот на монадата и интегралот, кој вели дека овој наш земен свет е најубав од сите можни други светови.

Може тука, во ставовите на двајцата германски филозофи, има нешто општо, од кое по дефиниција страдаат филозофите, нешто нејасно, интуитивно насетено. Сепак, по нив јас тука, драг читателу, ќе се повикам на еден поет, оти поезијата, и покрај тоа што не се служи со поимскиот јазик како филозофијата, со формалната и секаков друг вид логика, излегува дека е многу попрецизна, in medias res од неа. Станува збор за германскиот експресионист Готфрид Бен, автор на онаа морбидна книга „Песни од мртовечницата“, од која толку многу се инспирирал и Крлежа. На нашето сега понапред поставено прашање, тој директно одговара дека најголемата несреќа на човекот е неговиот ум. Мозокот.

Вели дека најтрагично нешто во неговата еволуција е неговото „омозгување“. Туку, еве, да не ја заборавам во овој контекст битната аналогија: и научниот изум на коронавирусот на темниот сатанистички научник (научници) безмилосно ја потврдува (хипо)тезата на Бен. Сведок на двете светски војни што ги иницира неговата татковина, но пошироко Европа, западната лакома за профит либералкапиталистичка цивилизација, тој, бескрајно прониклив и интелигентен, и не можеше да дојде до друг посреќен заклучок за „привилегираното“ Божјо создание – човекот. Јас, пак, велам во стилот на Шлаермахер. Општиот човек на таа со сите свои антихуманистички белези сега мефистофелска цивилизација. Таа, која го разори спокојот и на архаичниот човек на Африка, па донекаде и на Балканот, кој беше интегриран со природата и Космосот, а не со капиталот. Сето тоа го знаел Бен и затоа сакаше да се врати назад, по патеката на регресивната трансценденција кон нулта точката на прапостоењето.

Кон слузта на претпотопските мочуришта, која не мисли на еволуцијата и на чинот на „омозгување“ што ја носи несреќата на постоењето на човекот. Добро нека размислат за тоа ексцентричните академски и секаков друг вид „интелектуалци“, и не за да ја изберат патката на негресивната трансценденција, оти не се храбри ни во помислата за тоа, туку да го подобрат своето ’рѓосано „омозгување“ на патот на еволуцијата (тука морам да се согласам сепак со Дарвин) за своелична сатисфакција и општествено добро. Тука мислам, драг читателу, и на нашата бедна „интелектуална“ елита за време на нашата идентитетска ликвидација и конечниот идентитетски колеж во Преспа. Да беше таа „омозгена“ како што треба, и во морален и етички клуч, ќе реагираше поинаку и немаше да ја преспие Преспа, завалена во удобните фотелји на МАНУ и на универзитетските катедри. А таа иста елита ја преспива и посткатастрофата над Македонците по Преспа. Блажено преспивање на „интелектот“.

Неопходна дигресија, драг читателу, да не речеш дека сум патолошки настроен кон западниот либералкапитализам и неговата патологија да ја префрлиш на мој грб. Туку, да се вратиме на Бен, оти и тој не мислеше само на човекот на капиталот на Западот, туку на Општиот човек, кој е несреќен поради својот мозок, поради „омозгувањето“, кое од подрачјето на уметноста и поезијата, напуштајќи ги, лаком, загази во живиот песок на капиталот што го дехуманизира, обезличи и турна кон планетарно зло. Еве го како резултат на тоа и корон вирусот. Бен, едноставно, го формулира Човекот како куче со мозок. Да. Арно, ама кучињата што шетаат низ Скопје шетаат без маски и ракавици, лице в лице со коронавирусот. Епидемиолозите соопштија дека нив не ги допира тој. Не ги допира воопшто животните, нашите браќа и сестри, како што зборуваше за нив свети Франческо од Асиза.

Тие што се толку многу невини и полни со Бог, иако се несвесни за него, па затоа тој и ги поштедува нив во некои апокалипси подготвени од страна на човекот во научните лаборатории на Сатаната, платени од Ротшилдови, Клинтонови, Бил-Гејтсови и ним слични, на кои тој им помага да го натрупаат капиталот. Животните се целосно втонати во Големото блажено Незнаење што го открија Индусите и Халдејците, а кое, слетувајќи како пчели во неговата ливада, од Европејците го насетија и открија Шопенхауер и Ниче. Оттука Шопенхауер и вели дека „животното без да ја познава смртта непосредно ја ужива бесмртноста на видот, поседувајќи во себе единствено свест како за битие без крај“. Јас тука би додал, драг читателу: несвесно битие на Нирваната што се ракува без да знае со Буда, кој учел од него. За разлика од модерниот „еднодимензионален човек“ (Маркузе), кој, запоставувајќи ги сите мудри книги во библиотеката на Создателот, сега учи само од книгата на Капиталот како единствена негова Библија.

Капиталот, штом го веќе спомнавме Светото писмо, кој по аналогија е сличен на нилскиот коњ и крокодилот, грдосиите што се надвор од оваа аналогија прекрасни) со кои Јахве го плашеше неправедно (нека ми простат еднодимензионалните теолози) најправедниот меѓу праведните Јов. Небаре тоа е смислена парабола-претслика на модерната либералкапиталистичка цивилизација, која во име на неговото величество Капиталот ги уништува Невиноста и Невините на светот. Целта за која, категоричен сум, драг читателу, го создаде во лабораториите на Сатаната во Вашингтон и коронавирусот како нејзина симболичка круна. Круна на капиталот на цивилизацијата, која, наивен, Маркс мислеше дека ќе ја снема со неговиот утопистички проект за „одумирање на државата“. Ама се излажал. Со зајакнувањето на капиталот таа уште повеќе зајакнува и не ѝ можат ништо жолтите елеци, ни Рацин, ни столчениот пролетаријат под чизмите на НАТО на Шеќеринска и другите што се, беновски речено, „омозгани“ како неа.

(продолжува)