Кога изопачениот мозок ти чува грб

Ги слушам бројките во јавноста. Милион евра… осум милиони… триесет милиони… ситнурија… Јас кога бев мегафон на Грујо, кога ги бранев криминалите на режимот измислувајќи промена на името и идентитетот, земав по 200-300 илјади евра на дневна основа. Жими шарените луѓенца и интелектуалната бижутерија

Неколку професори и професорки се вознемирија околу најновата Шангајска листа на универзитети на која блескавото северџанистанско образование никаде го нема. Јас воопшто не се вознемирив. Ма, кој ја врти таа Шангајска листа. Ало бре, Шангај е во Кина. Кинези ли ќе ни кажуваат какво ни е образованието, кога Хан и Могерини кажаа дека сме супер. Што е следно? Московска листа? Да беше бриселска листа или вашингтонска листа, па да се вознемиревме.
Русјаков, какви црни листи, човече, гледаш ли ти што се случува? Катица во апс. „Рекет“ ескалира.
„Рекет“ е исклучително креативна друштвена игра, комбинација од „Монопол“ и „Ризико“.
Ти се заебаваш со нас?
Ма, јок, смртно сум сериозен. Обична друштвена игра. Во која Боки и Ката малку играле илеџиски. Малку се занеле. Па така занесени, не успеаја да го искористат она време што им го даде ОЈО за да уништат докази за илеџиство. И сега во прашање е доведен кредибилитетот на оваа популарна друштвена игра. Затоа творците на игри од „Дип стејт ентртејмент“ и „Ленгли студиос“ одлучија да жртвуваат неколку пиони. За нивната игра да продолжи непречено.

А ха, пак теорија на заговор.
Да бе, теорија на заговор. Странски служби. Жолти комбиња. Сечено, лепено и монтирано. Не ти бега Шутка, Никола! Нема правда, нема мир. Ништо не те плаши ЖМРО, освен СЈО. Промена на име ерга омнес и укинување македонски идентитет се само во вашите небањати глави. ЕУ даде безусловна препорака поради очигледните реформи на оваа влада. Даде датум лани, ама ќе даде и сега во октомври. Два датума, оти двапати повеќе блескаме од другите. И бесплатно здравство за сите северџанистански граѓани ако случајно ги фати пролив низ рајските простори на Унијата. Само треба малку балкански методи за да ја зграпчиме блескавата северна иднина во свои раце. И да, каде се парите? Тоа е најважно.

Не ти ја следам мислата, не те разбирам, што сакаш да кажеш?
Што има мене да ме разбираш? Батали ме. Занимавај се со сериозни работи. Оти ова е сериозна држава. Блескава држава. Моќна НАТО-членка. Само што не влегла во ЕУ. Ние сите други сме глупи. Обични идиоти. Јас најмногу од сите. Ваквите како мене се убедени дека Боки е обичен диливери-сервис. А Ката проста алатка со мисловни капацитети на клешта. Ама клештата во туѓа рака може да корне парчиња месо.
А ха, сакаш да кажеш дека Боки и Ката не се мозокот на рекетот.
Боки, Ката и мозок одат само како пар во елитна кафеана. Штотуку нарачале мозок од некое животинче. Извини, ама јас имам други идеи во небањатава глава. Малку заебани идеи. Со библиски размери.

Библиски???
Јас мислев ќе те збуни зборот размери. Да бе, библиски. Полно лажни пророци. Демонски заебанции. Изопачени работи. Како изопачениот мозок, на пример. Не Боки, не Катица, туку вистинскиот мозок… изопачениот мозок. Е тој, изопачениот и моќен мозок ѝ даде живот на една обична марионета. И марионетава помисли дека е црпната од Бога. Потоа изопачениот мозок ѝ додели алатка на таа марионета. СЈО е името на алатката. На чело на таа алатка стави исто така марионети. Со марионети секогаш се завршува работата. Затоа што се само марионети. Можеш секогаш да си го запалиш каминот со нив кога ќе ти ја завршат работата. И така беа создадени условите за укинување на една нација преку промена на името и идентитетот, но и бришење на историскиот континуитет. И тоа го правеа. Специјалното рекетарско обвинителство преку политички монтирани процеси требаше да ѝ обезбеди на марионетата услови за холокауст врз македонскиот идентитет. Тоа што марионетата и нејзината алатка наречена СЈО опијанети од моќ и алчност си ставија како приврзок една човечка травестија, која, патем, добиваше награди од Европската Унија, си е нивни проблем, оти тој лик фати да рекетира низ цела држава и сега валканиците им се размачкани низ јавноста. Затоа што не може диливери-травестијата без нивно знаење да врти милионски суми по чанти „луј витон“.

Сакаш да кажеш дека аболициран криминалец, полуписмена, ама суетна обвинителка и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, еден педер укинаа цела една нација?
Да, кога грб им држи моќниот изопачен мозок.

И сега?
И сега има две сценарија. Или изопачениот мозок реши да пали каминот или некој друг мозок одлучи да му ја помати водата на изопачениов, оти светот повторно е воено поле. Што е вистината, допрва ќе видиме.
Сега мене не ми останува ништо друго освен да побарам Русјаков да каже зошто тогаш друштвена игра како „Рекет“ стана алатка да се урниса една блескава влада како оваа, дали Русјаков е мрачната сила што стои зад спречување на северџанистанското интегрирање во ЕУ и во НАТО и колку често тој ист Русјаков ја посетува белата палата и добива брифинзи и кеш оттаму?

Благодарам за прашањето. Ги слушам бројките во јавноста. Милион евра… осум милиони… триесет милиони… ситнурија… Јас кога бев мегафон на Грујо, кога ги бранев криминалите на режимот измислувајќи промена на името и идентитетот, земав по 200-300 илјади евра на дневна основа. Жими шарените луѓенца и интелектуалната бижутерија. Тие секојдневно ги објавуваа овие суми кај мене на Фејсбук. А Грујо единаесет години владееше. Па, сега ти помножи секој ден по 300.000 евра, единаесет години. Затоа нели врескавте „Каде се парите?“, а сега не може да ги лоцирате. Е па, кај мене се. Ама само шарените знаат каде се точно кај мене. Но веќе не сум мегафон на белата палата. Сега пукам високо. Мегафон сум на Путин. Само што го изрекетиравме Макрон. Ама тој е ситна риба. Никогаш не добил датум за преговори. Затоа маваме по блескавиот северџанистан. Е, сега, ако случајно ова што го пишувам како допрен глас стигне до ОЈО, се надевам ќе ми дадат едно три месеци време пред да дејствуваат, чисто да го форматирам стариов лаптоп, оти бавен е, човече, глупо е истражители да се малтретираат не можејќи да го подигнат, а камоли руско влијание да најдат во него.