Како е правилно, идиоми или идиоти?

Што правиш, педер?
Еве, педер, колумна пишувам.
ПЕДЕР – збор често користен во меѓусебна комуникација, израз на блискост, другарство (слични зборови: буљо, маче, бачко, брат), понекогаш се користи и пејоративно за хомосексуалец.
Бил и Мелинда не се повеќе заедно. Се разделија. Виндоувсот падна. Направија шат даун на бракот. Сега ќе мора да си прават рестарт во животот. И која е причината? Насловите во медиумите, тие ги разведоа. „Бил Гејтс произведе вакцина!“ „Дали Бил Гејтс сака да нè чипира?“ „Бил Гејтс ќе го затемнува сонцето!“ „Бил Гејтс произведува генетски модифицирани комарци!“ „Не паничете, ако Бил Гејтс ви излезе од фрижидер, тоа е затоа што сака да се погрижи за вашата иднина!“ И ете ги причините за развод.
Е кај се тука причините бе, серко?
СЕРКО – збор што се користи за обраќање спрема соговорник што најчесто зборува непотребни и невистинити работи или зборува напразно колку нешто да каже (јаде лајна, бамбори, тресе зелени).
Како кај се? Мелинда читала и видела дека нема наслов „Бил ја изведе Мелинда на романтична вечера“. Сфатила дека мажот ѝ, борејќи се да го спаси светот, ја заборавил неа. А жена сака внимание. Не може да се жртвуваш за светот, а истовремено да си тука за жена ти. „Што сум јас за тебе… пачавра?“, викнала Мелинда.

ПАЧАВРА – симболично: нешто непотребно.
Затоа Никола Тесла немал жена. А Бил Гејтс е новиот Тесла. Ма подобар од него. Србинов се глупирал со громови, електромагнетни бранови и некакви илузии за бесплатна енергија за целото човештво. Бил за разлика од него ќе ја спаси планетата со вакцини, комарци и лобирање кај вонземјани.
А еве и доказ дека Бил Гејтс е врвен научник. Излегуваат разни безначајни врвни доктори и почнуваат, вирусот вака, вирусот онака и никој жив не ги есапи. По нив излегува Бил Гејтс, кажува дека вирусот во ноември ќе мутира во гремлин, во ноември ќе облече скафандер, за во декември да го прелаже човештвото дека е мутација од гремлин и Марсовец и нормално сите му веруваат, сите го пренесуваат, затоа што е логично. За разлика од него, оној куртон Никола Тесла е обичен теоретичар на заговори.
КУТРОН – бескорисен маж, сопруг, дечко.
Не е само разводот на Гејтсови трагедија за човештвото. Умре и принцот. Мажот на кралицата. А млад пустиот. И здрав. Па сигурно беше помлад од Кирк Даглас и поздрав од Кит Ричардс. А неговата смрт дојде веднаш по она страшно интервју на Хари и Меган со Опра. Каков само удар за круната. Каква само несреќа за Империјата. И нормално… кога се соочуваш со вакви страшни искушенија, најпаметно е да се обвини Русија за Крим, за Навални и за филмот „Циганите летаат на небото“.
ЦИГАН – збор што најчесто се користи во позитивна смисла во уметноста (бенд „Џипси кингс“, филм „Џипси меџик“, песна на Шакира „Ла Хитана“, поема на Лорка, „Ла муња Хитана“, роман „Белото Циганче“ итн.), но и име за бренд (француски цигари „Житанс“), понатаму, во Оксфордскиот речник ЦИГАНИ се за народ што од Индија се населил во Европа и двете Америки, но, и номад, слободен човек што патува, а дури на крајот во речникот се споменува дека понекогаш се користи и како навреда.
Да се вратам на Русија, Крим и Навални.

Гледам накај Крим, ама погледот ми се врти кон Авганистан, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Србија. Мислам на тој Навални, ама во мисливе ми се јавува Џулијан Асанж. Зошто така? Па на Крим гледам референдум и припојување без крвопролевање, а од Авганистан, преку Србија, до Либија и Сирија, слушам пискот на милиони искасапени цивили. Знам дека расистот и исламофоб Навални е во затвор, ама па човекот што ни обелодени какви злосторства спровеле западниве лудаци низ светот, не знам со каква тортура се справува во британските затвори.
Изгледа јас сум русофил.
РУСОФИЛ – збор што се употребува за човек чија свест е обликувана од Достоевски, Пушкин, Есенин, Гогољ, Толстој, а не од Џабир, Фрчко, Ордановски, Ружин и Неџат.
Јас можеби сум русофил, ама живеам во Нордистан. Тука живеат нордистанци. Тоа се Европејци, инаку Американци поголеми од Американците. Главен спорт им е русофобија.
РУСОФОБИЈА – збор што означува прогресивна хистерија спрема Русија кога таа го нарекува Гоце Делчев, борец за македонска кауза или честита годишнина на македонската азбука, па ти не знаеш што да направиш и измислуваш проруски политичари што се опасни по животот на Џабир.
ЏАБИР – Пиндостанец, измислен лик во необјавениот расказ на Виктор Пељевин од збирката „Последните песни на политичките Пигмеи од Пиндостан“.
Проруски политичари во Нордистан. Се превртев од смеење. Па кај нас политичарите, леви и десни, се плашат руска салата да вкусат за Нова година. Русија им дава вакцини, а овие ѕвонат во НАТО да прашаат дали смеат да се бодат со нив. Си го замислувам административецот во Алијансата како превртува очи и се крсти со две раце. Во Нордистан триесет години виреат политички корисни идиоти (не, Мишкини), кои безброј пати беа направени будали од старата вавилонска курва Европа, ама тие и понатаму се спремни да принесуваат жртви на олтарот на безумноста.

КУРВА – библиски термин (Откровение – курва Вавилонска), честопати користен збор во уметноста („Курва“, филм од Кен Расел, „Макро и курва“, фотографија од Јан Саудек, „Курвински хроники“ роман од Александар Русјаков), понекогаш се употребува како карактерна особина (курва во душа), неморален маж/жена (курвар, курва), латински: крива (Курва Паланка, Курва Река).
Браво Русјаков! Уште една политички некоректна колумна полна говор на омраза. Сега ќе видиш кога прогресивниот невладин сектор ќе си дојде по своето.
ПОЛИТИЧКА КОРЕКТНОСТ – синоним: неонацизам.
ГОВОР НА ОМРАЗА – алатка на новата нормалност за замолкнување неистомисленици или аргумент на модерната инквизиција за лов на вештерки.
ПРОГРЕСИВЕН НВО-СЕКТОР – хистерични цензури на речници, уметност и различно мислење.