И ѕвездите ќе затворат нос

Ороспијо! Гомнарке! Ма, ебааму, името, ебааму!
Русјаков? Па, дали си ти нормален? Што е ова?
Цитирам обвинители, премиери, судски рочишта и медиуми. Јас ли сум виновен што секојдневието ни е јавна куќа и не мора да се крие како „Јавна соба“, каде што се шеруваат порно-материјали? Нам реалноста ни е порно-филм. Не, нека ми прости порнографијата, таа сепак има некаква логика, ова нашево е порно-апсурд и безумие. Пред неколку дена разговарав со пријатели, сите родители, за порно-групата што ја отвориле копиљаци, ама ја посетувале и возрасни. Не паничете што копиљаците си тераат порно-групи, им реков, паничете дека секаде околу нас е бизарна порнографија, што очекувате да прават друго. Море, радувајте се што тераат порно, знаете ли какви монструми може да станат учејќи од секојдневиево?

Иако им се чудам на возрасниве. Оние што виселе на мобилен да зјапаат во голи тинејџерки. Многу поквалитетен секс има на „Порнхаб“ и „Фриоунс“. Таму имаат и жанровски поделби, па може да гледаат млади порно-актерки како глумат тинејџерки. И легално е. Ама па изгледа ги возбудува фактот дека тоа се наши „клинки“, кои сами се режираат. Ги пали нелегалноста, како што заедно, цели семејства, се палеа слушајќи туѓа интимност во нелегално прислушувани разговори. А и копиљациве не ги разбирам. Океј, тоа се години кога се открива сексуалноста, па станува преокупација. Ама ние, кога немаше интернет, практикувавме да учиме секс меѓу нас, а не зјапајќи по цел ден во туѓа интимност.

Инаку, едвај ја терам колумнава. Мртов болен сум. Како и половина град. А така би испил една „корона“ со лимон. И не мрчам за загадувањето, зашто мислам дека е мерка на Владата против вируси и бактерии. Сериозно! Увезуваш токсичен отпад, истиот тој го палиш и загадувањето ги труе грипот и другите заразни честички. Ама жилави ова бактерииве и вирусиве, ни загадување не ги треби.

И што да правиш кога надвор ти е загаден воздухот, а ти си одвнатре загаден со вирус? Па, да станеш свесен дека сè друго е исто така загадено околу тебе. Држава, општество, политика, економија, судство. Загаденоста и вирусите се мали деца во споредба со тој отров што секојдневно ни го сервираат како нафта за пиење.
Ете, се отвори судството како пупка. И засмрде до небо. Оние што треба да претставуваат морална елита, сега изгледаат како бунар без дно за корупција. Наеднаш кутрите жени што чекаат муштерии меѓу судовите и МВР изгледаат како симболичен декор во реален простор. Обвинител на обвинител му стана волк.

Судството постои за да докажува дека за Заев нема докази. Слушаме за милиони евра, за поткупи и рекети. СЈО било институција за изнудување глас за промена на име. Не дека ние не го знаевме ова, ама еве го, само себеси се разголува. Сеедно што провладини медиуми папагалски се обидуваат да бранат неодбранливо. Како што им се смешни обидите да ги исмеваат новите скандали што ги обелоденува „Ла верита“. Демек, тоа било стара вест. А кога во 2015-та слушаа прислушувани разговори од 2012 година не им беше застарено и смешно како сега. Релативизираа тие и кога судот во Шведска му предложи на обвинетиот од настаните на 27 април да си побара азил поради политички прогон, па се кикотеа низ своите текстови дека ним шведскиот амбасадор им потврдил дека тоа нема врска, ама потоа дојде одлуката на шведскиот Врховен суд, кој ги прогласи обвинението на Русковска и пресудата на Кацарска за политичко-полициски монтиран случај.

Периодот кога западнав во депресивен очај, откако лани во јануари се случи криминалната промена на името во Собрание, еден мудар човек ми го кажа следново: „Не очајувај! Па, ти десет години предупредуваш дека ќе дојде до ова, дека сета светска изопачена моќ е ставена во погон за да се случи административен идентитетски геноцид врз Македонците. Ама исто така ти е јасно дека сè си има божја промисла. Злото е силно, но нема контрола врз посилното од себе. Злото секогаш самото се јаде. И сè излегува на виделина. Сета гадост, валкани игри, политички и медиумски гнасотии. Сите гадости ќе бидат соголени до коска. И ништо не е завршено за Македонија“.

Ете, во право е мудриот човек. Сваровски-судството, кое во меѓувреме стана Стивенсон-судство, засмрде до небо. И ѕвездите затвораат нос. „Ла верита“ веќе ги вади гнасотиите на Европската Унија и нивната вмешаност во злосторството против човештвото наречено промена на име. Се јави и Катица Брнс од Калето за да го брани нивниот геноциден договор. А баш се прашувавме дали „длабоката држава“ ја затвори својата „јавна соба“ во Македонија. Сега Кате Брнс ќе мора да се бламира дупло повеќе од Бејли за да му обезбеди на СДСМ пристоен пораз, па да може повторно да си тера изборен инженеринг. Ама ако, нека засмрди до вселената. Ние сме тука да ја посведочиме и запишеме изопаченоста.

Туку интересен муабетов на Британците при напуштање на европскиот парламент. Најавија скорашно заминување на Италија, Данска и Полска. И распад на Унијата за десетина години. Ама, па што знаат тие? За разлика од нив, нашите политички и аналитички колоси знаат дека Европската Унија ќе постои вечно. Како што нивните родители знаеја дека Југославија ќе биде вечна. И така би, нели? Сега Британија ќе се распадне, а нејзиното место во Унијата ќе го преземе северниот блескав протекторат и ќе го фрли сидрото, за ЕУ да плови напред. А Шведска нека му ја мисли. Штом влеземе, ќе им го отвориме Икеа-судството како пупка.

За крај уште нешто. Чув крикови хистерија откако Лозано, Фејми и Самир Македонија ја нарекоа Македонија. Требало да ја нарекуваат Северна, вресна агитпропот. Е тој агитпроп си има свој историски ген. Тоа е истиот ген што во 1941 година велеше Германецот е машина, ќе го прегази светот, мора да му се поклониме. Потоа станаа поголеми Бугари од Бугарите. За да се трансформираат подоцна во србокомунисти што кодошеа и затвораа херои и борци. Така станаа црвена буржоазија. Која наеднаш го презре едноумието и се ребрендира во либерална демократија. Оние што ќе ги правеа САД и Англија земји пролетерски, сега принесуваат идентитетски жртви на олтарите во Брисел и Вашингтон. Тие, нивните потомци, истиот тој ген, сега со хитлерјунген-еуфорија ќе спроведуваат севернонацистички геноцид.