И португалската потврда за обновениот европски фашизам по Хитлер и Салазар

(Отворено писмо до Ана Пола Закаријаш, државна секретарка на Португалија за европски прашања)

Да. Токму така. Не чудете се, португалска и европска госпоѓо Ана Пола Закаријаш, секретарка на Португалија за европски прашања, што нè гледате сега нас, Македонците, од хималајските височини на бриселска Европа како народ без корен и идентитет, недостоен како таков да постои меѓу народите на Европа. Народите што сега, по краткиот, за жал, блесок на француското просветителство, ги претставуваат луѓе и политичари суетни, со надувано бирократско его, бриселски корисни политидиоти (терминот е на еден прониклив полски новинар). И тоа е „елитата“, која буквално ѝ се помоча на благородната идеја за Обединета, не консензуална во ароганцијата и фашизмот туку во демократијата и хуманизмот за сите, на Иго и Бакунин, Европа пред две и пол столетија. Иако таа идеја не знам зошто сега им се припишува исклучиво на Моне и Аденауер. Така. А тој европски консензуален фашизам во новата (анти)Европа, како што добро знаеме, најдобро, најпрецизно и најперверзно функционира во однос на таканареченото европско прашање поврзано дирекно со македонската мочана, по сè што се случува, идеја за влез во фашизираната цивилизација. Извинете на ваквиот и сличните изрази во текстот, португалска госпоѓо, едноставно затоа што сакам прецизно, без перверзен дипломатски јазик да ги дефинирам работите. Оти јас сум и поет, а поетите и по дефиниција имаат многу повеќе морално право од рамномозочните и неомозгани политичари да говорат во име на и за народот на кој му припаѓаат. Да. Оти јас му припаѓам на едно, како што вели нашиот славен поет Конески, смачкано племе, кое сега политфашистичка Европа го дотолчува.
Да. Туку мојот повод, а и во име на, како што вели и апостол Павле во своите посланија, „богољубив народ“ што свети како „светлина во расипан род“ (читајте: Европа во врска со вашето заземање страна во апсурдниот до бескрајна перверзија и глупавост македонско-бугарски идентитетски спор. А за тоа дали сме ние Македонци или Бугари, како што запнале оние дебелоглави фашиполитичари од фашистичка Софија. Инаку, администратори според квислингот Заев во Македонија за време на Втората светска војна. Да. Ама администратори на фашизмот, кој сега со отворена поддршка на обновениот кон Македонците фашизам го администрира, огледувајќи се како во огледало во него, и бриселска Европа. А го администрирате лично и Вие, госпоѓо Закаријаш, in medias res, со Вашата несреќна (пред сè повеќе по вас отколку по нас) дека „македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“. А за да го капитализирате како ловечки трофеј во кој му е отсечен скалпот на Еленот, Вие безобразно, со геноциден елан витал на Вашата темна психа, него го дефиниравте, прва (до колку знам) меѓу нашите фашизоидни евроликвидатори со апсолутно геноцидната синтагма „северномакедонски јазик“. Срамно.

Можевте, ако имате кусок во моралот и етиката, што не нè чуди, барем да имате малку повеќе ум и интелигенција пред да ја фрлите во оптек оваа во сите елементи фашизоидна, и од антрополошки и секаков друг научен аспект, крајно глупава дефиниција.
Да, госпоѓо Закаријаш, секретарка на Португалија за европски прашања, во кои не од сега и не од вчера е затрупано со пепел македонското прашање. Затрупано е од Европа на нејзините моќни колонијалистички помали и поголеми сили, кои имаат многу неславна колонијалистичка историја на сурови грабежи низ светот. Во таа колонијалистичка европска плејада, која се крие зад синтагмата „просветителска западна цивилизација“, е вглобена и вашата Португалија. Затоа Вие, госпоѓо Закаријаш, што располагате со огромен капацитет на дрскост, отсуство на дух и елементарна етика и култура, позанимавајте се со историјата и цивилизацискиот идентитет на својата земја, која впрочем имаше, роди и една маркантна фашистичка личност Салазар, чија идеолошка внука со вашите ставови за македонскиот идентитет во македонско-бугарскиот спор сте најверојатно и Вие. Само погледнете се во огледало, госпоѓо Закаријаш, и препрочитајте ја вашата перверзна изјава за да видите со каков капацитет на морална и духовна хипокризија располагате. Велите: „Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија (срамно од Вас н.з.), поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментот тие работат на нешто како патоказ што ќе им помогне да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат непречено…“
Значи, според Вас, госпоѓо Закаријаш, оваа валкана дебата за македонскиот идентитет е тешка, „особено за Бугарија“. Не за Македонија, која од бриселските политбирократи очигледно е маркирана како долго одгледуван добиток за клање во европската цивилизациска касапница со нејзината „демократска“ гилотина што беше донесена од Бастилја и Брисел во Преспа, а сега не знам на кое злосторничко место ќе ја поставите. Можеби во Ваташа. Дали сте чуле за неа и за архетипалното бугарско злосторство врз Македонците во неа? Па, требаше овој ваш бриселски и вашингтонски миленик од Муртино да ве одведе таму за да го погледате на самото место македонскиот идентитет наспроти бугарскиот. Тоа ќе беше (иако не веруваме во тоа) поучно искуство за Вас. Бидејќи и Европа не извлече од нигде искуство и поука за својот фашизам, која самата го произведе во својата цивилизациска алхемиска лабораторија и маестрално го демонстрира со своите две крвави светски војни во минатиот век. Европа која, лакома за материјален профит, самата си ги произведе и отсвири во де профундис ноктурно стил на својата фашистичка виолина нив. Вашиот португалски фашист Салазар, госпоѓо Закаријаш, исто така свиреше на жиците на таа виолина, на кои сега додворувајќи му се „европски“ на бугарскиот фашизам кон Македонците свирите и Вие. Претерано морбидно и жално за една госпоѓа како Вас и со така висока политичка функција. Европска. Нешто што е само по себе застрашувачко и ги рефлектира во чиста демонска светлина сенките на обновениот европски фашизам, сега врз грбот на Македонија и Македонците. Нешто што го стори со своите бомбардери и еврототемот Черчил во 1948 година, чистејќи ги Македонците од пеленачиња до немоќни старци од родните огништа во Егејска Македонија. И тоа, госпоѓо, ако не знаете, беше најава за европскиот фашистички Преспански договор пред три години. Сега по истиот терк е подготвуван од Вас и сета бриселска пофашизена политбирократија Бугарскиот договор. Па, зарем сте слепи, госпоѓо, и не гледате дека бугарските барања се апсолутно геноцидни за целосно бришење на македонскиот идентитет. Па, и Вашата и бриселската емпатија кон нив е апсолутно фашистичка. И тоа е страшно!!!

Потоа уште нешто, португалска госпоѓо. Што се разбирате Вие воопшто во балканските замрсени истории, во чиј лавиринт не можат да се снајдат ни Аријадна и Тезеј, во кои спаѓа и историјата на Македонците и Бугарите. Требало малку да ги проучите историските факти, и тоа врз основа на бугарските историчари, кои не кријат дека протобугарскиот идентитет е татаромонголски. Дошле со кан Аспарух на Балканот, мускулести варвари, и создале моќна варварска држава, во која, и според бугарскиот учен Сефтерски, Бугарите на дворот на цар Симеон зборувале речиси до дванаесеттиот век татарски старобугарски јазик. А според нивниот долгогодишен претседател на БАН, Тодор Павлов (патем, и Македонец од Штип), во Бугарија до 893 г. службен јазик и писмо биле грчкиот јазик и писмо. Триесет години по Моравската мисија на Кирил и Методиј, кои лакомите крадци на туѓ идентитет и култура, Бугарите ги прогласуваат сега со државен декрет за Бугари. Зошто ја прават таа глупост? Затоа што знаат дека се крадени сесловенските просветители. На тоа, ако не знаете, најостро реагираа Чесите и Словаците, а ним им се придружија и Австријците. Знаете или не знаете? Или тоа не ве интересира, затоа што сте априорист многу поголем и од Кант. А фашизмот, португалска госпоѓо, надвор од логичките филозофски и метафизички постулати на Кант, е по дефиниција априористички. Во таквата негова дефиниција, имено, се вклопува и Вашата несреќна изјава за македонскиот јазик и идентитет во врска со македонско-бугарскиот идентитетски спор. Без да знаете дека, всушност, по протобугарскиот татарски, а некое време и грчки јазик, Бугарите имено го примаат својот јазик од Македонците. Факт што го знаат и за кој зборуваат многу слависти од светски ранг, како што се тоа Шафариќ кај Чесите, Јагиќ кај Хрватите, Бернштајн и Иванов кај Русите, Андре Вајан и Мазон кај Французите, Реџинал де Бреј во Австралија, Фридман во Америка и многу други.
Да. Ама Вие без ништо да знаете, и пред да заминете за Софија и Скопје, требало да ги проучите малку фактите пред да заземате однапред априористички став и страна. Нешто, повторувано, што ѝ е својствено на идеологијата на фашизмот. Да сте жива и здрава, но тоа е многу срамно за Вас, за португалската дипломатија и народ, кои сепак воленс-ноленс ги претставувате. А срамно е, се разбира, и за бриселска политборделска Европа, на чиј бордел сте сега за сега важна членка и Вие. Веројатно, да е жив најголемиот португалски поет, космополитскиот боем Вас Луис де Камоенш смртно би се срамел од Вас. И со право.

Толку, госпоѓо Ана Пола Закаријаш. Да бевте Захаријаш, барем ќе имавте малку вкус на шеќер, иако бескрајно горчлив, отровен за Македонците, кои сепак станале, за разлика од премногу емотивната египетска фараонка Македонка Клеопатра, отпорни на него. Отпорни затоа што не еднаш го искусиле отровот на европската „демократска“ кобра. Тоа. Потоа, госпоѓо Закаријаш, Вие во Вашиот еврофашизоиден коментар го спомнувате поимот-симбол ПАТОКАЗ. Се разбира, патоказот што го трасираат Бугарија и ЕУ за влез преку Софија на Македонија и Македонците во ЕУ. Но со тоа Вие пак инсистирате на фашистички патоказ, со фашистички тотемски знаци на ЕУ на него, наместо со нормални културно-цивилизациски сообраќајни знаци. Тоа. Оти, дали воопшто знаете, госпоѓо Ана Пола Закаријаш, кои културно-цивилизациски патишта во културната историја воделе низ Македонија, а кои низ Бугарија. Оти ние не сме го имале Вашиот славен Васко де Гама, ама сме го имале Александар Македонски. Внимавајте: Македонски. Не ни грчки, ни хеленски, оти исправното име на хеленизмот е македонизам, поим што ја означува културолошката (бескрајно повеќе културолошка од воена) епоха на Александар Македонски, кој како универзален просветлен дух ја почитувал старогрчката култура, но никогаш ниту бил ниту се декларирал како Грк. И за тоа постојат крунски сведоштва и податоци, госпоѓо Закаријаш, имено, кај античките старогрчки и римски историчари и мислители. Македономрзецот Демостен е само еден од многуте меѓу нив. Просторот тука не ни дозволува да Ви ги цитираме сите други. Но ако се јавите по ова писмо за дискусија, ќе го сторам тоа. Да. Тоа е прастариот ПАТОКАЗ на македонскиот дух и култура, лишен од модерните сообраќајни знаци на модерно софистицираниот фашизам на западната европска и американска со варварски мирис за нас цивилизација, чиј главен идентитетски симбол, како што сугерира и генијалниот шпански поет Лорка, сега е карикатурата на Мики Маус во замена за кукастиот крст. Каков само сарказам!
Тоа. Ќе ве интересира кои културно-цивилизациски патишта, госпоѓо Закаријаш, минувале низ Македонија, а потоа продолжувале кон Вавилонската Блудница (македонска метафора за Европа, ако не сте знаеле). Тоа е Виа Егнатија, а потоа Патот на свилата, еден од најважните не трговски, како што се мисли, туку цивилизациски патишта на културолошка синтеза меѓу Истокот и Западот, за кој сонуваше и Александар Македонски. Не Грчки. Запаметете, иако Ви е тешко да го сторите тоа. Патот на свилата, кој сега го обновуваат мудрите Кинези, а пак, имено, во Македонија го минира вавилонската перверзна дама Европа и каубојски Вашингтон, надоврзан генетски на Дивиот Запад, само и само да не тече низ Македонија (до бескрај сиромашна и поради западната фашиполитика) рускиот гас. Патот на свилата, госпоѓо Закаријаш, кој го чувале деноноќно од варварите како вас монголските воини на Џингис-кан. Оти биле илјадапати посвесни од денешен Брисел и Вашингтон, што е божем цивилизација на космопилитизам, хуманизам и култура. Свесни ли сте воопшто за тоа Вие?
Тоа. Потоа по Патот на свилата што минува низ Македонија (внимавајте: не низ Бугарија) минува и патот на алхемијата, генерички производ на кинескиот дух и душа, па по кратко време по престојот во Македонија тој продолжува и кон Европа. За македонската алхемија, за алхемиските книги на Хермес Трисмегист најдени тука и однесени и во Италија во Фиренца, кај спонзорот на италијанската ренесанса Козмо ди Медичи, постојат автентични историски македонски, не и бугарски записи, госпоѓо. А потоа, ќе се изненадите, за македонскиот алхемиски дух говори во своето генијално дело „Сто години самотија“ и славниот колумбиски писател, нобеловецот Габриел Гарсија Маркес. Дали сте чуле за него и дали сте го прочитале неговиот фасцинантен роман, кој од критиката беше прогласен и за најдобро романескно дело на XX век.

Туку, што толку многу се мачам со Вас, госпоѓо Ана Пола Закаријаш, оти, искрено, воопшто не заслужувате такво внимание какво што Ви е дадено во овој текст. Особено и затоа што говорам во името на мојот столчен народ. Иако морам, по моето кратко излагање за тоа кои цивилизациски и културолошки патишта минувале низ Македонија, да ве запрашам (бидејќи априори се ставивте на страната на Бугарите: слично со слично се привлекува), кои такви патишта минувале низ Бугарија во минатото, па и денес. Се разбира, освен ако ние не сме Бугари, па сите културолошки патишта што Ви ги набројав да се и бугарски. Боже мил! Имате ли Вие, госпоѓо, елементарна рефлексија за вистината? Или неа сега до последна капка Ви ја испиле Бугарите. Сеедно. И Бугарија и Европа денес, како што покажува и Вашата експертска анализа, тонат во класична клиничка шизофренија. Па, погледајте ги на тој план бугарските со клиничка шизофрена дијагноза во ЕУ-парламентот Ковачев и Џамбаски. Ним им текна да подготват декларација дека Македонците во Мала Преспа (Албанија) се Бугари и, оп, бриселска Европа веднаш, без никаква историска, антрополошка и лингвистичка анализа, ја усвои неа. Факт дека фашизмот, како што истакнавме понапред, госпоѓо, има априори геноцидно лице. Неговата филозофија е однапред и без отстапка априористичка. Јасно ли Ви е? Јасен ли Ви е бугарскиот патоказ што е par excellence фашистички, а кој Вие и Европа го поддржувате, имено, бидејќи е таков. Бидејќи и Вие, госпоѓо, и Европа сте такви.
Мислам дека сè Ви кажав што е барем елементарно историски, антрополошки и културолошки потребно за да ги сфатите македонската идентитетска историска и културолошка ситуација и вистина, доколку се вашиот интелект, интелигенција и етички капацитет на ниво да го сфатат тоа, госпоѓо Закаријаш. Ако не, здравје. На крајот од ова и малку мачно писмо до Вас, оти морам да Ви објаснувам и некои елементарно логички работи, ќе Ви кажам уште ова. Ниту Вие, ниту Европа, Вавилонската Ороспија (со космичка незаситна вагина, како што ја вика нашиот народ), ниту Бугарија, ниту Грција не можат да им стават крај на македонскиот идентитет и постоење. И, само затоа што нашиот идентитетски оган е секогаш буден и никогаш не заспива во пепелта во која нè ставате во мртовечка урна за да не постоиме. Тоа мора да го знаете Вие и бриселска сега за сега фашистичка Европа. Дај боже да не е така, но македонското мартирско искуство со неа потврдува дека е така.
Поздрав на крајот од мене и од бескрајно чесниот и богољубив македонски народ, за кого, како што веќе Ви реков, апостол Павле рече дека е „светила во расипан род“. А кој е сега тој „расипан род“, госпоѓо Закаријаш, освен бриселска Европа, чиј член сте и Вие со Салазар и Гутиереш, кој меѓу првите го поздрави македонскиот геноцид по Преспанскиот фашистички договор, укинувајќи го така најважниот член јус-когенс од декларацијата на човековите права во ОН.

Бидете, госпоѓо Закаријаш, здрава и жива, но јас навистина, и покрај што е тоа сфатливо во фашистичкиот цивилизациски контекст на западната шизофрена евроамериканска цивилизација, не можам да го сфатам вашиот дипломатски гаф во врска со македонско-бугарскиот идентитетски спор, што има нешто од метафизиката на глупоста, која, според Ајнштајн и Крлежа, е поголема од засега познатите (ако се воопшто познати) граници на вселената. Вие со Вашата изјава во Софија, за која зборувавме во овој текст, дури и ги проширивте нив. Нека Ви е на здравје на умот, интелигенцијата и етиката. Пред сè. А сите тие заедно се производ на постмодерна фашизоидна бриселска Европа, која, како што тргнала, не е далеку од нова катастрофа, слична на онаа од Втората светска војна. Да. Оти навистина таа, во чие име сега за македонскиот идентитет говорите и вие, госпоѓо Закаријаш, е навистина бескрајно глупава.