Изрод, кукавица, кодош, поданик

Никола Димитров вели дека Рашела Мизрахи не може да ја разбере важноста на Преспанскиот договор. Секако дека не може. Еврејка е.
Зошто би требало да разбира нечија потреба за холокауст? Само психопати сакаат и разбираат холокауст. Како творците, потписниците и поддржувачите на тој договор.
Избори не треба да има. Ниту да се распушта Собранието. Бесмислено е. Само треба да се одржи седница на која со двотретинско мнозинство ќе се изгласа нов мандат на Владата. Европската Унија ќе честита. Американската амбасада ќе изјави дека тоа е во корист на Преспанскиот договор. НАТО ќе ни подари уште едно НАТО-знаме.
Во меѓувреме, тргнала Македонија во Холивуд да стане глумица. Влегла во канцеларијата на Харви Вајнштајн и не излегла оттаму. По триесет години, се уморил Харви од нејзината сервилност, па ѝ дал да статира во Б-филм. Затоа денес нејзините внуци се горди со неа.

Како горди? Па, баба ви беше курветина.
Да, ама се појави три секунди и блескаше.

А во Собранието, откако со двотретинско мнозинство изгласа нов мандат на Владата, пратениците гласаа и за ЗЈО, скратено од Заевото јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ се налути и го напушти Собранието. Отидоа надурени во кафуле во ГТЦ. Рекоа дека ќе се вратат за половина час, само да им помине лутината. Северното урбано граѓанство луѓенца жртвуваше неколку ирачки деца пред новиот олтар, знамето на НАТО. Македонските патриоти искршија тастатури од колнење. Потоа отидоа во кафеана.
И ете, готова колумна. Сè е кажано.

Баш си гаден, Русјаков. Полн си завист. Затоа што конечно успеавме да станеме членка на Алијансата што ќе донесе вечен мир.
И бесплатни телефонски разговори засекогаш. Ама и вечна благосостојба. Како што Југославија не се распадна. Тоа е нашиот македонски интелектуален и аналитички капацитет. За некој месец ќе станеме членка на клинички мртва алијанса. Ама и за десет-петнаесет години ќе се зачлениме во ЕУ. Кога во неа ќе останат само сиромашните членки.

„Идеите, кои на многумина им се чинат напредни, во суштина се многу заостанати идеи, кои не ја достигнуваат висината на современото мислење“, вели рускиот мислител Николај Берџаев и уште додава: „Интелигентната и полуинтелигентната маса се храни и живее од стар идеен отпад, кој одамна веќе е ставен во архив“. На крајот заклучува дека „интелигенцијата“ „верува во идеи што на Запад владееле пред повеќе од педесет години“. Е, ама Берџаев зборува за Русија од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, а кај нас „интелигенцијата“ е многу поназадна од осумнаесетвековната закрепостена Русија и феудална Европа. Она што денес го тресе светот на геополитички, научен и филозофски план, кај нас ќе стане меинстрим за педесетина години.

Сакаш да кажеш дека тука интелигенцијата и интелектуалците се заостанати?
Тешко дека може да се најде интелигенција кај политичката, експертската или урбаната елита. А интелектуалците, како што вели Доминик Камингс, се најограничени. Па, кај нас не ни чуле за Мајкл Хастингс, Анри де Гросувр или Виктор Пељевин. Затоа интелектуалната бижутерија секојдневно онанира на ликови како Јенс Столтенберг, Самоил Жбогар и Метју Палмер. Луѓе што ни во населбите каде што се родиле, поим немаат кои се. И како после да бидеме во чекор со светот? Светот создава артифициелна интелигенција, а кај нас се паѓа во несвест по воена алијанса што одамна ја изгуби смислата на сопственото постоење. Да те возбудува организација што продуцира војни и масакрира цивили за да приграби територија, нафта и опиум, мора нешто да не е во ред со твојата душевна состојба. Или си психопат или си слабоумен.

А ха, шириш говор на омраза.
Омраза? Спрема кого?
Спрема поддржувачите и љубителите на НАТО.
Поддржувачи и љубители? На воена алијанса? Нешто ненормално има во тоа тврдење. Да поддржуваш и да се восхитуваш на воена алијанса, мора да ти е осакатена душата. Односно си психопат. Или како што вели етимологијата, кога душата (psycho) ти страда (pathos). На тие луѓе им страда душата, затоа што обожаваат милитаризам. А кога нeкој страда, ти не го мразиш, туку го сожалуваш. Или ако сакате поинаку, христијанството вели, не го мрази човекот, туку гревот. Јас никого не мразам лично, ама грев е да сакаш нешто што убива за материјална корист. Така што јас го мразам изопачениот грев наречен војна.

Последново изопачено идолопоклонство ме тера да извлечам еден крајно непријатен заклучок. Гоце Делчев рекол дека не познава народ што повеќе страда од своите изроди. Тоа го кажал за нас. За светот имал културен натпревар меѓу народите. Тука гледал изроди, во светот културен натпревар. Паралелно, народната симболика за криење на кубурот на крајно непријатно место ја дополнува сликата. Кај изроди, па и кукавици. Тоа го потврдува и почетокот на песната „А бре Македонче“. Народниот пејач го прашува Македончето каде се спрема. И уште му посочува, борба те чека. Значи бегало Македончето. Сепак, по илинденците се појавија партизани и ја ослободија Македонија. Но Македончето не можеше околу себе да поднесе херои.

Па, ги испрати таквите по логори, уништувајќи ги, убивајќи ги. Изродот и кукавицата стана кодош. Ама таквата ситна душа, мора да се клања. И се редеа идолите. Сталин, Тито, Кумровец, Белград, Брисел, НАТО. Сеедно што секој идол е различен и спротивставен еден со друг. А секогаш кога се менува идолот, мора да се уништи и убие секој што не се преобратил навреме. И така титовисти гонеа сталинисти, комуњари гонеа луѓе со прозападни сфаќања, потоа комуњарите наеднаш станаа прозападни демократи, па сега бриселски и НАТО-полтрони сатанизираат евроскептици и антимилитаристи. Изрод, кукавица, кодош, поданик.

За крај, една статистика покажува дека деведесет проценти од живите генијалци во моментов (математичари, филозофи, физичари, уметници, доктори и слично) се Евреи. Сега јасно е од каде толкавото количество омраза кај нас кон оваа етничка припадност.