Доналд Трамп е пример за тоа како треба да функционираат Американците

Изгледа сме го ставиле црногорското знаме наопаку.
Е, голема работа. Подобро црногорското знаме наопаку, отколку по грешка да го ставевме албанското. Нели, премиере?
Дајте му масло од канабис на знамето и веднаш ќе стане нормално.
Како дете болно од епилепсија?
Како дете што мама и тато му ветиле дека ќе го носат на одмор кога „Северџанистан“ ќе добие датум за ЕУ.

Шефе, овој Русјаков пак се за…ва со нас во почетокот на својата колумна.
Само нека си мрчи он. Полн е завидлизам. Кејт Брнс рече дека ние сме пример како треба да функционираат државите.
Да, ама еве го пак, само што пишува дека Кејти во младоста сигурно била смртно вљубена во интелектуалните капацитети на Џорџ Буш Помладиот, па сега ги препознава истите и кај нашава влада.
Пратете му некој од есесовците!

Секој нацизам треба да си има своја СС-дивизија. Свои есесовци. И нашиов „северен“ нацизам полека си ги создаде. СС, скратено за „Северно С….вци“. Баш модерно име. Какво што им доликува. И секако, веќе дејствуваат. „Северните с….вци“ се гласни и нападни. Креваат врева, сеедно дали пишуваат или зборуваат по медиуми и социјални мрежи. Лесно ќе ги препознаете. Се расфрлаат со муабетот колку се горди со новото име. Силуваат со надменост тврдејќи дека треба да се обѕрнеш околу себе за да разбереш што е реалност. Ама тука не запираат. Тоа им е само загревање. Штом влезат во филм следува нивното пропагандно „северно с…е“. Тука се веќе вербално насилни. Ако им кажеш „никогаш Северна“, ти си назадно сељачиште. Неупотребата на новото име за нив е национализам. Бараат казни за таквите. Потоа запаѓаат во своите „историски“ зборовни будалаштини. Па слушате, на пример, дека македонскиот народ е измислен. Не постоел до 1945 година. И слични наци-с..ња.
Русјаков, е сега ти ќе видиш!

Што?
Шириш говор на омраза. Нè нарече се…вци.
Северни се…вци.
Северни е океј. За се…вци ќе си го добиеш. Не е нормално еден суетен колумнист и нека ни прости ЛГБТИ-заедницата што во реченицава не се споменува еден обичен п..ер, да ни вреѓа блескавост што ја посочи и американската амбасадорка.
Не е нормално?
Па нормално дека не е нормално.
Тогаш дај малку од тоа канабисот, па да стане нормално.
Ќе видиш ти убаво кога ќе добиеме датум, па ќе почнеме со расчистување на криминалците како тебе.

Е да, датум. „Меѓународната заедница“ се поти како на „Северџанистан“ да му даде датум за преговори. Не им е лесно. Октроираа власт. Поддржаа избор на собраниски спикер без мнозинство гласови и записник. Учествуваа во поништување на Устав и закон. Аплаудираа на нацистички договор. Беа дел од референдумска кампања што власта не смееше да ја прави. Слушаа како владината пропаганда бесрамно лаже за бесплатно здравство низ Европа, дека ЕУ двои по 250.000 евра дневно за нас и како некои идиоти кимаа со глава. Прогласија пропаднат референдум за успешен. Ја поништија демократијата, укинувајќи го ставот на граѓаните што беше изразен преку бојкот на тој референдум. Нарачаа „балкански методи“ за двотретинско мнозинство.

Тоа значеше терор и уцени на пратеници. Нивното СЈО и лажната мадам Фалконе што ја воспеваа, се претвори во вистинско криминално дувло. Мафија за грабеж на бизнисмени и уцена на пратеници. Сега се прават наудрени пред очигледниот рекет во кој е зацапана власта. Можеби се соучесници во самиот рекет. И да не се, дел се од злосторничкото здружување. Од идентитетскиот геноцид врз Македонија. Затоа мораат да му дадат датум на проектот што тие го менаџираа. Практично сами на себе си доделуваат датум. Најсмешно од сè е што сами на себе ќе си дадат условен датум. И мислат дека така ќе ги заборавиме нивните злодела. Дека сме удрени во главите. Забораваат дека ова е 21 век. А не 1913 или 1948 година кога истата таа „меѓународна заедница“ поддржа физички геноцид врз Македонците. Одат на она „секое чудо за три дена“. Ама не им е лесно.

На кого тоа?
Па на Могерини, Хан, Јункер и преостанатата политичка салиерштина за која никој жив не чул во нивните матични држави. Оти по дома ни како портири на Собрание не би можеле да работат. Во забеганата ЕУ, овие политички анонимуси се битни фаци затоа што никој не треба да ги гласа на избори. Исплукани се од длабокото грло на „дип стејт“, преку разни лоби-групи и „отворени општества“. И сега одработуваат геноциден проект врз нас заборавајќи или не знаејќи дека тоа не им успеало низ вековите на многу помоќни монарси и монархии, а камоли на нив, безлични, исплакнати ЕУ-бирократи преку нивната забегана марионета тука што мисли дека епилепсијата ги прави децата ненормални.
Да не се закануваш ти?

Јас ли? Скраја да е. Тоа е имиџ на ЕУ. Варваризмот е нивна традиција, сеедно што го именуваат како балкански методи.
Ама американската амбасадорка рече дека…
Знам што рече. Доналд Трамп е пример за тоа како треба да функционираат Американците. Се согласувам со неа.
Што??? Е баш рече дека „Северџанистан“ е пример за…
Аман, се побрка жената. Лоши флешови од минатото. Кога „длабоката држава“ касапеше држави преку воени интервенции. Па тргаа потоа во организиран рекет за да ги украдат ресурсите на окупираните територии. Тоа го гледа сега и тука. Окупираш, па рекетираш. И ја потсети на времето пред Трамп. Па и се измешаа лончињата. Инаку, и јас и таа знаеме дека всушност сакаше да каже, Доналд Трамп е пример за тоа како треба да функционираат Американците. И тоа Американците добро го знаат. Ќе го потврдат идната година на избори. Оти народ што ги дал Марк Твен, Хемингвеј, Селинџер и Фокнер, глупо е денес да биде познат по фаци како Кисинџер, Рамсфелд, Бил и Хилари Клинтон. Затоа јас со сето срце се радувам гледајќи кој пат го фаќа американскиот народ.