Гробовите… тоа наше проклетство! (2)

Ние Македонците многу сакаме да говориме за верата во бога, да ги полниме храмовите и да даруваме за празниците. Треба да разбереме дека верата во бога треба да биде во нас, во нашето човекољубие. А не и во смртта да сакаме да ги разделиме мртвите…
Идеолошкото, но пред сѐ националното проклетство вилнее над нашето општество и врз душите и гробовите на оние што паднале за слободата на оваа земја и народ. Никогаш во Македонија не живееле „сам“ Македонци. Никогаш и во ниедна земја на светот не живеат „само“ Американци, Англичани, Германци, Руси и слично

Некаде во средината на март 1996 година Владимир Панков од Охрид организира панихида за Тома Давидов на гробот во селото Оздолени. Главниот организатор покрај Владо, беше во Охрид познатиот Крсте од Завој. Од Софија беа дојдени Рајна Дрангова и Евгени Еков, тогашни високи функционери во бугарското ВМРО. Чествувањето потоа требаше да продолжи во кафеана „Коцаре“ и ќе било „по комитски“… демек, ќе имало печено јагне, винце и некоја песна, „разбира се бугарска“?! Јас останав во кафеаната, а „делегацијата“ предводена од Крсте од Завој, со три автомобили замина кон Оздолени, но се вратија по само петнаесетина минути. На патот имало полиција и им забраниле да одат на гробот, да поднесат цвеќе и да прават панихида. Најинтересното беше што Владимир Панков воопшто не се појави на закажаното место, кај „Коцаре“, а јас затоа и останав да го чекам, ако се појави, да тргнеме двајцата кон Оздолени.

Нејсе, полицијата е власт, па останавме кај „Коцаре“, со јагнето и виното…Владо Панков воопшто не се појави. Тогаш ја разбравме суровата вистина дека иако југословенската армијата си замина од Македонија со целото свое богатство од опрема, Југословените ни ги остави тука. Тие беа нејзиниот „последен бастион“, гаранција за евентуалното враќање. Бевме раководени од „по Тито, пак Тито“, а Киро Глигоров, Тито Петковски, Стојан Андов, Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски цврсто ја држеа власта во свои раце. Тоа го разбравме дури утрината кога ни се јави Панков да ни каже дека бил уапсен истиот ден сабајлето во 5 часот и без објаснување бил задржан во охридската полиција до вечерта до 19 часот.

Фрчковски тогаш беше министер за внатрешни работи, кој не успеа ни да се доближи до атентаторите на претседателот Глигоров, но во цврсти раце ги држеше сите пројави за барање некакви „бугарски права“ во Македонија и секоја акција ја задушуваше во почеток. За тоа беше успешен. Не само тој, во антибугарството тогаш беше успешна и целата ДБК, неспособна да се справи со ниедна друга закана насочена кон опстојувањето на државата. Во тоа време шеф на полицијата во Охрид беше познатиот Стефан Буџаковски, денес професор на еден од приватните факултети во Скопје… демократијата прави чуда! Затоа времето со железна метла ги измете, за денес да бидат аутсајдери во македонската политика и општество.

Во времето што дојде потоа, бугарската и германската држава го „притегнаа“ македонското раководство, па така беа обновени бугарските гробишта во Струмица и германските во Прилеп. Се покажа теоријата дека „созаборавен, необновен и покриен со земја и трње.
На 15 март оваа година, значи 2020 година, одново на сцена стапува Крсте од Завој. Заедно со младиот Томе и група пријатели, решаваат да го обноват надгробниот паметник на Тома Давидов и да го подредат гробот. Со неколку автомобили и соодветна опрема заминуваат за Оздолени и во тој дождлив ден, заедно се неколку месни жители од Оздолени, ја реализираат намерата. Гробот е малку подреден, а поставена е една скромна паметна плоча со натпис за покојникот. Само две недели подоцна плочата е искршена, а сторителот на (не)делото досега останува непознат за јавноста…полицијата не го ни бара!

Идеолошкото, но пред с8 националното проклетство вилнее над нашето општество и врз душите и гробовите на оние што паднале за слободата на оваа земја и народ. Никогаш во Македонија не живееле „само“ Македонци. Никогаш и во ниедна земја на светот не живеат „само“ Американци, Англичани, Германци, Руси и слично. На влезот во САД ве чекаат натписи на шпански, кинески и ред други јазици и писма… тоа е за „граѓаните Американци“, но со друг етникум и за нивните гости и пријатели… елементарна чест и признание… Ако Бугарија е препознатлива во ЕУ по своите споменици на окупаторите и поробителите, ние ќе бидеме познати по запоставените, уништените гробови на патриотите и жртвите за нашата иднина. Сите со нетрпение ја чекаме новата средба на Комисијата за добрососедство… да ни кажат чиј е Тома Давидов, но чиј е и Ќосето, кому му го урнавме паметникот во Скопје.

Па да одговорат чии се Александров и Михајлов, чиј е Сандански и така натаму… лесно е да се даваат изјави за телевизија и по весници, лесно е да се брани имагинарно, воопштено и квазипатриотски. Доаѓа време кога треба да се видат сметките, да ни покажат и кажат кој споменик и гроб каде ќе биде, значи, јасно да се каже, кои сме „ние“, а кои се „тие“ и да се постави линијата на разграничување… да ни објаснат каде се „само“ Македонци. Нека го направат тоа што ни Тито, ни Сталин ни Хитлер не успеале да го направат. Ако и тоа успеат да го направат, тогаш „рушителите на гробови“ ќе го доживеат својот катарзичен момент, а нашата простотија (мислам и на македонската и бугарската) ќе стане нов „поучен“ пример за новите присоединувања кон ЕУ. Тогаш Европа нема да има потреба да нѐ „притегнува“, работата ќе ја завршат простаците и богохулниците од двете страни на границата.

Тогаш квазипатриотите, лажните и лажливи Југословени ќе го покажат својот вистински лик. Тогаш треба одново некои нови блажеминевци и спасмарковци да ни укажуваат на сопствената беда и срамота.
Ние Македонците многу сакаме да говориме за верата во бога, да ги полниме храмовите и да даруваме за празниците. Треба да разбереме дека верата во бога треба да биде во нас, во нашето човекољубие. А не и во смртта да сакаме да ги разделиме мртвите… Па како тогаш ќе ги споиме живите и чија химна ќе ја свириме, како израз на нашата омраза и презир кон мртвите…