Богојавление. По колежот во Преспа (1)

На почетокот ќе ти дадам појаснение, драг читателу, за оваа колумна во неколку продолженија. Нејзината актуелност не е дневнополитичка од која, божем се со закон задолжени, колумнистите не мрдаат ни лево ни десно. Не. Во неа во единство се мешаат метафизичкото и реалното, како што ќе видиш, произлегувајќи едно од друго и мешајќи се едно со друго. Ти си прекрасно интелигентен, па можеш да го констатираш тоа и од насловот: „Богојавление. По колежот во Преспа.“ Тој поим-слика Богојавление речиси неколку месеци ми се вртеше и најаве и насоне во свеста и не ми даваше мир, сè додека не се отвори во мене како потоп од слики и асоцијации и не се истури во една долга поема со чистиот наслов-јатка „Богојавление“ со библиски ритам и стих, која како да го влече хаосот во себе од прапостоењето во ледената eпoхa до денес. До Преспа, во која беа идентитетски заклани од европските и балканските сатрапи Македонците. Сакам со тебе, драг читателу, имено, да споделам еден подолг фрагмент. Верувам дека ќе ти се допадне и малку ќе те одмори од дневниот кошмар на политиката, особено на нашите/ненаши северно идиотизирани политичари. Но, еве, почнуваме. Да не те буни, косите црти ги означуваат крајот и почетокот на стиховите.
Да. Оти насекаде е сега Богојавление од кое се шират / круговите на бескрајот и нема раб ни периферија светот, / оти како што рече Свети Августин сè е центар, /во сè е бог и сè во Бог. / Бог кој сега не е имот на теолозите. / Оти сè е сега негов храм и олтар од најмалото / до најголемото. Храмовно битие е светот и сè во него. / Храм и крчма истовремено, налик на онаа за која / пее Руми, изградена уште пред да се засади / првото лозје во мислата Господова. Лозјето / од кое е скинат и оној огромен грозд што го носат / на ластегарка оние двајца на олтарот / на Бигорскиот манастир, во кого го оставија и своето / убаво духовно лице мијачките копаничари. / Оти и Бог е пијанство, трансцедентално, и таа струја / на Богојавление, откако во неа се отворени докрај / вратите на сетилата посветени, се пробива / со оној небесен глас во облик на венчална ружа / што го носи Архангелот под крило директно во Назарет / пред Марија во домот на дрводелецот Јосиф. / Гласот нагрбен со товарот космички на Радосната Вест / со чие семе е зачнат Спасителот на светот.

/ Со неа подоцна беше натоварен и апостол Павле / кога тргна кон Македонија за да ги причести / Македонците со неа, а потоа тие како штафета / да ја пренесат во безбожна Европа. Ама таа до денес / не го препозна тој знак и остана паганска, со волчја / нарав, па наместо благодарност, посегна по главата / на светиот народ во Преспа. Да, ама Македонците добро / ја изучиле науката на мартирството од книгата на Исус / со смртта да ја победуваат смртта. Скокот salto mortale што се изведува од катапултот / со име Голгота. Од него и македонските комити и војводи / го развеаја знамето „Смрт или слобода“. / Апсолутната Слобода. Големата Афирмација која сега / се објави како Богојавление, струјата што го влече / потопот на божественото низ сè, ама без закана, /со коработ на Ное и Арарат подмишка за секој створ. / И сè е сега големо и моќно, и ситното и крупното, / и сè минува низ сè, планината низ зрното песок / во кое може да застане како на широк плоштад / за да не ѝ биде тесно, и пирамидата на Кеопс. / Укината е земната гравитација која ги стопи / крилјата-илузија на Дедал и на Икар. Гравитацијата / која го свлече во гробот и нејзиниот славен архијереј / Њутн. Сега е на дело обратната, небесната гравитација / што влече кон горе, кон Едем од кој се струполија / во бездната на постоењето Адам и Ева. / Едем од чија градина Колриџ во сонот скина / пурпурна ружа, која потоа како откровение на јавето / ја виде на наткасната до неговото зглавје / и се исплаши од чудото.

Ружата која и пред поетот / блескала во бокалот на сонот на македонските / љубовници и младоженци. Блескала на чесната трпеза / во домот свет, сведок на првата погача по свадбата / што ја замесуваат белолактите невести / со толку свето чувство, како да ја наменуваат неа / за Исус и апостолите и за вечерата / на македонските војводи заглавени како / во претпотопско мочуриште во просторот на Апсолутната / Слобода, во простор-времето со име Богојавление, / кое со раните на Исус ја зацелува раната на Човекот / и на сè друго, па и раната на крилото / на малечкото пиле столчено од товарот на небото / и бескрајот со кои, неискусно, се фати во костец. / И раната на Македонците по Беласица и Преспа / се зацелува со тој свет лек, оти Бог и нив, / покрај четите ангелски, ги планира за воини / на Армагедон за да се урне оваа цивилизација / на Сатаната, кој, како што предвиде и Јејтс, / два милениуми по Исус ќе се роди во Витлеем / како ѕвер. А ние видовме дека од таму тој гаден влекач / дојде во Македонија, во Преспа и ја пресече /светата глава на Македонците за танцот крвав / на новата Саломе дојдена од Вашингтон и Брисел. / Ама, глеј, по тој страшен крвнички миг Бог го отвора / и шири хоризонтот и ги влече Белите Мугри на Поетот, / Новата Зора на човештвото и на Македонците вглобени / на рамна нога за културен натпревар меѓу народите. / Богојавление е тоа што ја чисти Каиновата сенка / од лицето на Земјата и ги брише со оган и потоп / валканиците на цивилизацијата. И сè како пупката / на цветот се отвора во сликата со име Откровение. / Сè. И глеј, грмејќи морето минува низ Капката, која / со она моќно Пра го роди него, а тоа дури сега / ја препознава како мајка неа и дури сега гледа / со окото на Создателот како се отвора под него / како матка ружата на длабочината.//
Богојавление, имот што не го фаќа во мерка ни аршин / ни кантар, ни умот дури.

Оти, глеј, вимето на стадото / што го пасе Говинда покрај Ганг и она Длабоко Дете / на пурпурните падини над Негрево до врв е полно / со млеко за сиромаштијата на светот, и нема / ни едно ведро, макар истото тоа било со обем на бескрајот, / кое може да го собере него а да не се прелее / преку работ. Така. Оти е тоа време на големата Синтеза, / на Големиот Празник, свечен и блескав / како мозаиците на Равена, и никој сега не прашува / што е Почеток а што е Крај, или кој се родил прв / Патникот или Патот. Оти еден од друг отсекогаш / се раѓаат и излегуваат тие, и еден во друг влегуваат. / Од прапочетокот, од почетокот пред почетокот, / фатени како близнаци подрака, секаде одат заедно тие, / и од ист кладенец пијат вода кога ќе ожеднат / во летната горештина. / Во иста крчма влегуваат, боеми, / да пијат вино и во ист конак ноќеваат и сонуваат./ И свето, праисконско е нивното пијанство како / пијанството на поетите на суфизмот и како / македонското оро и оној македонски ороводен извик/ „И-и-и-их.“ Крикот средиште, екстаза фрлена / директно во прегратката на Бог, стожер и гумно космичко / на кое се растовараат сноповите на Големата жетва / Господова за која старозаветниот Исаија рече / дека нема доволно жетвари за да го ожнеат, натрупаат / на сончеви крстини во снопје и да го овршат / пребогатиот род, а потоа него да го однесат / во водениците чии камења тракотат везден и саноќ / во постелата на љубовниците во ритамот на седумосмински / такт.

Ритамот на македонското срце што не го уништи ниедна поморија. Ни колежот во Преспа. Оти сега / како јунска ружа, како качунка во март и лотос, / по оној преспански погреб, искокнува од браздата на Јахве / сонцето над Македонија и повторно се фатени на оро / и пеат Македонците на ужас на мајсторите на смртта. / И светка и грми над нив небото отворено со клучот / златен на Алелуја, од што треперат во екстаза просторите.//
Богојавление. И сè во него е благословена рамнотежа, / ама не исихастичка, во глуво монашко смирение и аполониски / срамежлива, туку преполна со страст и оган свет / кој се потсетува на прабакнежот на Адам и Ева. / Бакнежот во кој потоа и Хермес Трисмегист го смести / законот-равенка на единството на постоењето, / иако налегнато од тешката сенка на Каин: „Она што е горе / е и долу“, што значи и „Она што е подземи е и надземи“. / Оти, глеј, прекрасно е усогласен гласот на свадбарските / песни и гласот на металите под земја што се излачува / и патува по златната жица кон прстенот на невестата. / А и чудото на гасеницата е тука, откровението од кое / се креваат кон раствореното лице на Бог во синилото / милијарди пеперудини јата. Како да се отвора во Преспа / од смртта Името заклано во неа, преображенско што е / и што ги застапува Македонците пред Бог. / Македонците што решително скокнаа во вера / како Емпедокле во кратерот на Етна, за да го спотнат / огнот на Љубовта и Вистината во темната ноќ на светот.//

Така. И патува златната жица низ мракот на материјата / и смртта, како Евридика кон Орфеј, како конецот свилен / на Лидија Македонката од Тир во Филипи. / Богојавление во кое повторно сè се објавува / како првороден знак и повторно се искачува високо / зенитот на Божјата мисла во првите денови / од создавањето, и на иста ливада пасат / јагнето и лавот, и волкот со пастирски стап / го надгледува златоруното стадо што го полни вимето / со млекото на богомислата што влегла во сè / и сè влегло во неа. Сè блеска со првороден сјај, / како да е штотуку тргнат од рамената на светот чаршафот на Новиот потоп. Сè е бескрајно нежно / ама истовремено и цврсто, материја како дијамантот / создадена од чиста светлина само, од мислата на Бог. / Од тоа се сега и посатките за домаќинство дома: / бокалот, чашата, тарунот, стомната, тепсијата, / аванот, ѓумот, ноќвите, тестото во нив и рацете / чист кристал на невестата што ја замесува погачата / за сведен. Од тоа се и ридовите, шумјаците сафирни / и кладенците со цвеќето пурпурно сведнато над нив. / Скапоцен камен е и целата планета вглобена / во прстенот венчален на Бог. Сè како сонот / што го сонив еднаш и што ми дојде предмалку, / пред столетие-две, на посета, а сега стана домаќин / на сето ова неизмерно архиизобилство. Богатство, / кое како да излезе исфрлено во бескрајот / од центрифугата на зацелената рана на Македонците / од која сега како водоскок се крева, пупи / и цвета кристалното цвеќе на вечноста./ А со раната на Македонците е зацелена и раната / на проколнатото човештво, и веќе не се разбива / неговото чело од ледениот брег на ѕвездите, / по чии падини пурпурни ги пасеа безбедно стадата / сал пастирите на Халдеја, оти беа свети и посветени / во светото.

На почетокот ќе ти дадам појаснение, драг читателу, за оваа колумна во неколку продолженија. Нејзината актуелност не е дневнополитичка од која, божем се со закон задолжени, колумнистите не мрдаат ни лево ни десно. Не. Во неа во единство се мешаат метафизичкото и реалното, како што ќе видиш, произлегувајќи едно од друго и мешајќи се едно со друго. Ти си прекрасно интелигентен, па можеш да го констатираш тоа и од насловот: „Богојавление. По колежот во Преспа.“ Тој поим-слика Богојавление речиси неколку месеци ми се вртеше и најаве и насоне во свеста и не ми даваше мир, сè додека не се отвори во мене како потоп од слики и асоцијации и не се истури во една долга поема со чистиот наслов-јатка „Богојавление“ со библиски ритам и стих, која како да го влече хаосот во себе од прапостоењето во ледената eпoхa до денес. До Преспа, во која беа идентитетски заклани од европските и балканските сатрапи Македонците. Сакам со тебе, драг читателу, имено, да споделам еден подолг фрагмент. Верувам дека ќе ти се допадне и малку ќе те одмори од дневниот кошмар на политиката, особено на нашите/ненаши северно идиотизирани политичари. Но, еве, почнуваме. Да не те буни, косите црти ги означуваат крајот и почетокот на стиховите.
Да. Оти насекаде е сега Богојавление од кое се шират / круговите на бескрајот и нема раб ни периферија светот, / оти како што рече Свети Августин сè е центар, /во сè е бог и сè во Бог. / Бог кој сега не е имот на теолозите. / Оти сè е сега негов храм и олтар од најмалото / до најголемото. Храмовно битие е светот и сè во него. / Храм и крчма истовремено, налик на онаа за која / пее Руми, изградена уште пред да се засади / првото лозје во мислата Господова. Лозјето / од кое е скинат и оној огромен грозд што го носат / на ластегарка оние двајца на олтарот / на Бигорскиот манастир, во кого го оставија и своето / убаво духовно лице мијачките копаничари. / Оти и Бог е пијанство, трансцедентално, и таа струја / на Богојавление, откако во неа се отворени докрај / вратите на сетилата посветени, се пробива / со оној небесен глас во облик на венчална ружа / што го носи Архангелот под крило директно во Назарет / пред Марија во домот на дрводелецот Јосиф. / Гласот нагрбен со товарот космички на Радосната Вест / со чие семе е зачнат Спасителот на светот. / Со неа подоцна беше натоварен и апостол Павле / кога тргна кон Македонија за да ги причести / Македонците со неа, а потоа тие како штафета / да ја пренесат во безбожна Европа. Ама таа до денес / не го препозна тој знак и остана паганска, со волчја / нарав, па наместо благодарност, посегна по главата / на светиот народ во Преспа. Да, ама Македонците добро / ја изучиле науката на мартирството од книгата на Исус / со смртта да ја победуваат смртта. Скокот salto mortale што се изведува од катапултот / со име Голгота. Од него и македонските комити и војводи / го развеаја знамето „Смрт или слобода“. / Апсолутната Слобода. Големата Афирмација која сега / се објави како Богојавление, струјата што го влече / потопот на божественото низ сè, ама без закана, /со коработ на Ное и Арарат подмишка за секој створ. / И сè е сега големо и моќно, и ситното и крупното, / и сè минува низ сè, планината низ зрното песок / во кое може да застане како на широк плоштад / за да не ѝ биде тесно, и пирамидата на Кеопс. / Укината е земната гравитација која ги стопи / крилјата-илузија на Дедал и на Икар. Гравитацијата / која го свлече во гробот и нејзиниот славен архијереј / Њутн. Сега е на дело обратната, небесната гравитација / што влече кон горе, кон Едем од кој се струполија / во бездната на постоењето Адам и Ева. / Едем од чија градина Колриџ во сонот скина / пурпурна ружа, која потоа како откровение на јавето / ја виде на наткасната до неговото зглавје / и се исплаши од чудото. Ружата која и пред поетот / блескала во бокалот на сонот на македонските / љубовници и младоженци. Блескала на чесната трпеза / во домот свет, сведок на првата погача по свадбата / што ја замесуваат белолактите невести / со толку свето чувство, како да ја наменуваат неа / за Исус и апостолите и за вечерата / на македонските војводи заглавени како / во претпотопско мочуриште во просторот на Апсолутната / Слобода, во простор-времето со име Богојавление, / кое со раните на Исус ја зацелува раната на Човекот / и на сè друго, па и раната на крилото / на малечкото пиле столчено од товарот на небото / и бескрајот со кои, неискусно, се фати во костец. / И раната на Македонците по Беласица и Преспа / се зацелува со тој свет лек, оти Бог и нив, / покрај четите ангелски, ги планира за воини / на Армагедон за да се урне оваа цивилизација / на Сатаната, кој, како што предвиде и Јејтс, / два милениуми по Исус ќе се роди во Витлеем / како ѕвер. А ние видовме дека од таму тој гаден влекач / дојде во Македонија, во Преспа и ја пресече /светата глава на Македонците за танцот крвав / на новата Саломе дојдена од Вашингтон и Брисел. / Ама, глеј, по тој страшен крвнички миг Бог го отвора / и шири хоризонтот и ги влече Белите Мугри на Поетот, / Новата Зора на човештвото и на Македонците вглобени / на рамна нога за културен натпревар меѓу народите. / Богојавление е тоа што ја чисти Каиновата сенка / од лицето на Земјата и ги брише со оган и потоп / валканиците на цивилизацијата. И сè како пупката / на цветот се отвора во сликата со име Откровение. / Сè. И глеј, грмејќи морето минува низ Капката, која / со она моќно Пра го роди него, а тоа дури сега / ја препознава како мајка неа и дури сега гледа / со окото на Создателот како се отвора под него / како матка ружата на длабочината.//
Богојавление, имот што не го фаќа во мерка ни аршин / ни кантар, ни умот дури. Оти, глеј, вимето на стадото / што го пасе Говинда покрај Ганг и она Длабоко Дете / на пурпурните падини над Негрево до врв е полно / со млеко за сиромаштијата на светот, и нема / ни едно ведро, макар истото тоа било со обем на бескрајот, / кое може да го собере него а да не се прелее / преку работ. Така. Оти е тоа време на големата Синтеза, / на Големиот Празник, свечен и блескав / како мозаиците на Равена, и никој сега не прашува / што е Почеток а што е Крај, или кој се родил прв / Патникот или Патот. Оти еден од друг отсекогаш / се раѓаат и излегуваат тие, и еден во друг влегуваат. / Од прапочетокот, од почетокот пред почетокот, / фатени како близнаци подрака, секаде одат заедно тие, / и од ист кладенец пијат вода кога ќе ожеднат / во летната горештина. / Во иста крчма влегуваат, боеми, / да пијат вино и во ист конак ноќеваат и сонуваат./ И свето, праисконско е нивното пијанство како / пијанството на поетите на суфизмот и како / македонското оро и оној македонски ороводен извик/ „И-и-и-их.“ Крикот средиште, екстаза фрлена / директно во прегратката на Бог, стожер и гумно космичко / на кое се растовараат сноповите на Големата жетва / Господова за која старозаветниот Исаија рече / дека нема доволно жетвари за да го ожнеат, натрупаат / на сончеви крстини во снопје и да го овршат / пребогатиот род, а потоа него да го однесат / во водениците чии камења тракотат везден и саноќ / во постелата на љубовниците во ритамот на седумосмински / такт. Ритамот на македонското срце што не го уништи ниедна поморија. Ни колежот во Преспа. Оти сега / како јунска ружа, како качунка во март и лотос, / по оној преспански погреб, искокнува од браздата на Јахве / сонцето над Македонија и повторно се фатени на оро / и пеат Македонците на ужас на мајсторите на смртта. / И светка и грми над нив небото отворено со клучот / златен на Алелуја, од што треперат во екстаза просторите.//

(продолжува)