Бал­кан­ска шах-таб­ла

Без лу­те­ње, но се чи­ни бес­пре­кор­но ја играв­ме „Не лу­ти се чо­ве­че“. Мо­же­би ед­наш ќе раз­бе­ре­ме де­ка сме фр­ле­ни со­се коц­ка­та, а за суд­би­на­та на др­жа­ва­та од­лу­чу­ва­ат „среќ­ни­те“ ра­це што си игра­ат со неа. Де­ка се сла­ви „шес­тка­та“ на­ме­сто стра­те­ги­ја­та

Ша­хот е из­мис­лен ка­ко за­ме­на за вој­на­та, по­точ­но, ка­ко неј­зи­на стра­те­ги­ска прет­ход­ни­ца. Единс­тве­на­та без ко­ла­те­рал­ни ште­ти и дос­лед­на на ци­ви­ли­за­ци­ско­то по­тек­ло – уба­ви­на­та на таа „вој­на“ ги сла­ви ин­те­ли­ген­ци­ја­та и ло­ги­ка­та на чо­веч­ки­от ум.

„Вој­на­та“ за­вр­шу­ва ко­га ед­ни­от крал е бес­по­мо­шен (шах-мат), пат (ко­га игра­чот што е на по­тег не мо­же да мрд­не) или со ре­ми (без по­бед­ни­ци, но се­пак де­лат по по­ло­ви­на по­ен).

Нас­про­ти ша­хот, „Не лу­ти се чо­ве­че“ е игра на тр­пе­ние и сре­ќа. По­у­чу­ва да се при­фа­ти мож­но­ста да се би­де „тур­нат“ во ре­дот или (не дај бо­же) пред ку­ќич­ка. Та­ква е игра­та, не­ма лу­те­ње. На прв пог­лед, се чи­ни пра­ктич­на – ги учи де­ца­та на тр­пе­ние, по­точ­но – ги уче­ше. Се­га ги учат ро­ди­те­ли­те. Тоа и да се кр­стат во „шес­тка­та“. Не е страш­но ду­ри се де­ца, на­про­тив е за­бав­но, ба­рем за среќ­на­та ра­ка. Ло­шо е ко­га де­ца­та ќе по­рас­нат со не­у­мор­на вер­ба во обра­зе­цот – да се кр­стат во ве­ро­јат­но­ста на шес­тка­та (и онаа на ло­то­то) и фа­тал­на до­пу­ште­ност да се би­де (от)тур­нат, не ед­наш или два­па­ти, ту­ку се­ед­но кол­ку и ка­де – во ре­дот, на шал­те­рот, пред ма­ти­чен, пред ра­бо­то­да­ве­цот, пред за­ко­нот, во Уста­вот, во сопс­тве­на­та др­жа­ва, а при­тоа за си­те про­пу­ште­ни мож­но­сти и не­до­пу­ште­ни па­до­ви да се об­ви­нат коц­ка­та и ло­ша­та сре­ќа.

Игра­та, ка­ко и во жи­во­тот, се сме­та за ус­пеш­но за­вр­ше­на, ако се при­бе­реш до­ма, без да би­деш тур­нат. Освен ако си из­бран од на­ро­дот. То­гаш мо­же и три­па­ти да те при­зем­јат ру­ски­те ко­ми­ча­ри, ду­ри и во „ку­ќич­ка­та“, а се­пак да си нас­ме­ан ка­ко по­бед­ник, со те­бе и це­ла на­ци­ја. Или да по­диг­неш ди­во­град­би на „по­ли­ња“ ка­де што не сме­еш да гра­диш, а да ти пре­се­чат све­че­на лен­та на­род­ни­те из­бра­ни­ци, за­што та­ква е игра­та: ша­хов­ска таб­ла на по­ли­тич­ки про­фи­те­ри без чув­ство за шах, а по пра­ви­ла­та на „Не лу­ти се чо­ве­че“ – бал­кан­ска шах-таб­ла… Оваа син­таг­ма ме по­тсе­ти на еден за­гро­зен вид.

Во ту­ри­стич­ки­от цен­тар на на­ци­о­нал­ни­от парк Ма­вро­во, ме­ѓу екс­по­на­ти­те во из­лож­бе­но­то па­но, се на­о­ѓа пе­пе­ру­тка че­сто сре­ќа­ва­на на ли­ва­ди­те, со ла­тин­ски на­зив Melanargia Larissa. Над неа, со го­ле­ми бу­кви пи­шу­ва: „бал­кан­ска шах-таб­ла“ – име­то под кое е за­ве­де­на во но­менк­ла­ту­ра­та на овие про­сто­ри. Не­ка­ко ја со­жа­лив оваа фор­ма на жи­вот на ко­ја ѝ „пре­су­ди­ле“ да ја но­си врз кре­вки­те крил­ја комп­лекс­но­ста на бал­кан­ско­то име, до­пол­ни­тел­но оп­то­ва­ре­но со те­жи­на­та на ед­на ре­ал­по­ли­тич­ка ко­но­та­ци­ја. Не­о­бич­но за ед­на пе­пе­ру­тка, на­ви­дум сло­бод­на, да се име­ну­ва по стро­га­та игра на ша­хот, зго­ра и да се бал­ка­ни­зи­ра. Ка­ко по гре­шка. Се раз­би­ра, по­стои сли­ко­ви­то и ло­гич­но об­јас­ну­ва­ње за ва­ква­та суд­би­на – неј­зи­ни­те крил­ја се про­ша­ра­ни ка­ко ша­хов­ска таб­ла, во цр­но-бе­ли по­ли­ња, а ге­о­граф­ски­от про­стор на кој жи­вее е Ју­го­и­сточ­на Евро­па, од­нос­но Бал­ка­нот, иа­ко мо­же да се срет­не сè до се­ве­рот на Иран. Па се­пак, за­гре­бу­ва „ри­би­на­та ко­ска“ во име­то и до­пол­ни­тел­но (од) соз­на­ни­е­то кол­ку е са­ми­от Бал­кан не­пра­вед­но име­ну­ван „бал­кан­ски“, ка­ко не­га­тив­на и по­грд­на асо­ци­ја­ци­ја.

Во сво­и­те по­че­то­ци, име­ну­ва­ње­то на оп­фа­тот на Бал­ка­нот се дол­жи на про­сто ка­жа­но ге­о­граф­ска гре­шка: по­ра­ди не­ма­ње увид во про­стра­но­ста на пла­нин­ски­от ма­сив на Бал­ка­нот во ан­ти­ка­та поз­нат ка­ко Хе­мус, за­пад­ни­те па­то­пис­ци (не­ко­гаш­ни „инф­лу­ен­се­ри“) и не са­мо тие, ги пре­у­ве­ли­чу­ва­ат не­го­ви­те гра­ни­ци (ка­ко и сè што по­тек­ну­ва од ан­ти­ка­та), па се ве­ру­ва­ло де­ка Хе­мус се про­те­га од Ја­дран­ско до Цр­но Мо­ре. Со до­а­ѓа­ње­то на Ос­ман­ли­и­те е пре­и­ме­ну­ван во Бал­кан, со зна­че­ње пла­ни­на или пла­нин­ски ве­нец, но ети­мо­ло­ги­и­те на­ве­ду­ва­ат и дру­ги зна­че­ња: спо­ред ед­ни Бал­ка­нот е из­ве­ден­ка од „балк“ (кал) и су­фи­ксот „ан“, спо­ред дру­ги (Фе­рид Му­хиќ) тој е син­таг­ма со­ста­ве­на од збо­ро­ви­те „ба­ал“ (мед) и „кан“ (крв)…

Се­пак, „же­шки­от“ збор не е Бал­кан ту­ку не­го­ва­та из­ве­ден­ка „бал­ка­ни­за­ци­ја“, тер­мин што ќе оз­на­чи про­цес на фраг­мен­та­ци­ја на по­ра­неш­ни ге­о­граф­ски и по­ли­тич­ки еди­ни­ци во но­ви, проб­ле­ма­тич­ни др­жа­ви. Тер­ми­нот на­ста­ну­ва по Бал­кан­ски­те вој­ни и Пр­ва­та свет­ска вој­на, и тоа до­ми­нант­но со не­га­тив­на и по­грд­на ко­но­та­ци­ја, со на­силс­тво­то ка­ко не­го­ва глав­на од­ли­ка. Бу­гар­ска­та автор­ка Ма­ри­ја То­до­ро­ва во сво­ја­та кни­га „За­мис­лу­вај­ќи го Бал­ка­нот“ го расч­ле­ну­ва фе­но­ме­нот на Бал­ка­нот од ге­о­граф­ска одред­ни­ца во еден од нај­рас­про­стра­не­ти­те пе­јо­ра­ти­ви во по­но­ва­та исто­ри­ја. „Бал­ка­нот“, пи­шу­ва То­до­ро­ва, „пос­лу­жил ка­ко скла­ди­ште за не­га­тив­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки нас­про­ти кои е кон­стру­и­ра­на по­зи­тив­на­та и са­мо­бен­ди­са­на сли­ка на ’Евро­пе­е­цот‘ и на ’За­па­дот‘“. Ме­ѓу­тоа, тер­ми­нот е иско­ван по Пр­ва­та свет­ска вој­на, отка­ко за­вр­шил про­це­сот на фор­ми­ра­ње на го­лем број на­ци­о­нал­ни др­жа­ви на Бал­ка­нот, а пот­тик­нат од рас­па­ѓа­ње­то на Ав­стро­ун­гар­ско­то и Ру­ско­то Царс­тво, кои по­тсе­ту­ва­ле на рас­па­дот на Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја. От­то­гаш, бал­ка­ни­за­ци­ја­та вле­гу­ва во јав­ни­от ди­скурс и сè уште не го на­пу­шти­ла. Пред три го­ди­ни пог­ла­ва­рот на ри­мо­ка­то­лич­ка­та цр­ква, па­па­та Фран­циск пре­ду­пре­ду­ва­ше на мож­на „бал­ка­ни­за­ци­ја“ на Евро­па по од­лу­ка­та на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја да ја на­пу­шти Европ­ска­та Уни­ја, до­де­ка европ­ски­от ко­ме­сар за ми­гра­ци­ја пре­ду­пре­ду­ва­ше за но­ва бал­ка­ни­за­ци­ја на Бал­ка­нот и вра­ќа­ње во „мрач­но­то ми­на­то“. На­кра­тко, Бал­ка­нот, по­точ­но бал­ка­ни­за­ци­ја­та сè уште е жи­во пла­ши­ло за (сè)на­мен­ска упо­тре­ба во европ­ска­та јав­ност.

По­греш­но­то мис­ле­ње за Бал­кан­ски­те пла­ни­ни ка­ко за се­вер­на гра­ни­ца на по­лу­о­стро­вот до­ве­ло до тоа це­ли­от по­лу­о­стров да се име­ну­ва ка­ко бал­кан­ски, до­де­ка ро­ман­тиз­мот и ре­ал­по­ли­ти­ка­та од де­вет­на­е­сет­ти­от век „кај дел од наб­љу­ду­ва­чи­те соз­да­ла по­ла­ри­зи­ран при­стап кон ло­би­ра­ње за, од­нос­но де­мо­ни­зи­ра­ње на бал­кан­ски­те на­ро­ди“ зак­лу­чу­ва То­до­ро­ва. Раз­бра­на на овој на­чин, исто­ри­ја­та на бал­ка­ни­за­ци­ја­та е сво­е­вид­но вра­ќа­ње на ме­сто­то на „зло­сторс­тво­то“ – ме­ша­ње­то на стран­ски­те си­ли во по­дел­ба и за­чу­ву­ва­ње на сфе­ри­те на вли­ја­ние на Бал­ка­нот, ка­ко на ша­хов­ска таб­ла.

Се­пак, не сме со­се­ма не­ви­ни на таа таб­ла. Од ден на ден, се раз­гра­бу­ва­ат остан­ки­те уба­ви­на на оваа др­жа­ва и се гра­би во неј­зи­но­то по­гр­ду­ва­ње. До­пу­штај­ќи го рас­тот на ди­во­то ја хра­ни­ме по­грд­но­ста на бал­кан­ски­от епи­тет, на­ме­сто не­го­ва­та пи­то­ма уба­ви­на, во ко­ја е на­ви­дум сло­бод­на ка­ко онаа за­гро­зе­на пе­пе­ру­тка.

Без лу­те­ње, но се чи­ни бес­пре­кор­но ја играв­ме „Не лу­ти се чо­ве­че“. Мо­же­би ед­наш ќе раз­бе­ре­ме де­ка сме фр­ле­ни со­се коц­ка­та, а за суд­би­на­та на др­жа­ва­та од­лу­чу­ва­ат „среќ­ни­те“ ра­це што си игра­ат со неа. Де­ка се сла­ви „шес­тка­та“ на­ме­сто стра­те­ги­ја­та.

На оваа таб­ла сè уште се­кој пи­он со­ну­ва да би­де кра­ли­ца. На оваа таб­ла, гра­ѓа­ни­нот е во пат-по­зи­ци­ја, а по­ли­тич­ки­те ели­ти до­го­ва­ра­ат ре­ми. Са­мо на „кра­лот“ не­ма кој да му ка­же де­ка е бес­по­мо­шен. Де­ка е шах-мат.